Сосови

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Бешамел сос
Две-три лажици маргарин или путер се топат на загреано тавче се додава малку брашно.Треба да добиете кашеста смеса во која потоа се додава млеко, вегета , црн бибер и печурки (понекогаш сакам да користам сушени печурки и уште додавам нане, лук во прав, чили и кари)Обидете се смесата да биде хомогена, да нема грутки.На крајот се додава сецкана или рендана шунка и кашкавал.
Сосот се става во шпагети.

Сос за тестенини
Потребно е - мелено месо, печурки, 2-3 моркови, кромид, доматен сос или пире, Хопла за готвење без шеќер што е, магдонос, босилек,Вегета.
На кромидот кој ќе се стави на загреано масло дури не добие убава боичка се додава меленото месо. Кога месото ќе биде веќе добро пропржено, се додаваат печурките кои се динстаат со малку вода дури не се зготват добро, потоа се додава морковот рендан. После извесен период се додава доматен сок или пире а како замена овде би било добро да се употреби „Томатино„ или „Томатело„ . Откако ќе проврие во доматниот сок/пире се додава и Хоплата, па на самиот крај се додаваат магдоносот, босилекот и Вегата или др. сличен зачин.

Прелив за месо и риба
200 мл. кисела павлака
3 лаж. мајонез
1 лаж. лимонов сок
1 чешне лук
сол по вкус

Татар сос (за поховани јадења)
Рендани кисели краставички
оригано или сушен магданос
мелен црн бибер
сол
1 лаж. бело вино
мајонез

Бел сос за тестенини
50 гр путер
1 главица сечкан кромид на ситно
лажица брашно
чаша млеко
вода по потреба
100гр. крем сир
100 гр. рендан кашкавал
100 гр. рендано сирење, овчо
маслиново масло
сол, бибер, кари, рузмарин.
Во длабока тава, со малку масло, пропржете го кромидот, да стане жолтеникав, но да не потемни. Кога ќе биде речиси готов, истурете го во чинија.
Во истата тава додајте го путерот и стопете го, на тивко. Додајте лажица брашно и направете мека запршка. Кога ќе биде златножолта бојата на брашното, додајте ја чашата млеко и варете бешамел сос. Посипете бибер, сол, кари и многу малку рузмарин.
Кога ќе биде веќе зовриено, додајте го кромидот и крчкајте на тивко. Сосема на крај, намалете го шпоретот, додајте го крем сирот, ренданиот кашкавал и сирењето. Мешајте додека да добиете хомогена смеса, и оставете ја на тивко да добие густина. По потреба налејте вода.
Се служи топол со макарони, њоки, а добар е и за прелив врз пире.

Лукав сос
Потребно:
* мајонез
* павлака
* лук (свеж или во прав)
* вегета или сол
* кари
* малку оригано.
Сето тоа се меша, количината на мајонезот и павлаката треба да биде еднаква и во зависност од тоа колку сос сакате да направите(на пр. 5 лажици мајонез + 5 лажици павлака). Овој сос е убав за на пица, месо, тестенини, солени палачинки итн.

Mанго Kари Cос
1 зрело манго, 350 грама.
2 лажици масло од кикиритки
1 1 / 2 лажички кари во прав
2 лажици свеж листови од нане
1 / 2 шолја пилешка супа
2 1 / 2 лажици свеж лимонов сок,

1 Mангото се лупи, се сече , и се става во блендер.
2 Cе затоплува масло на средна топлина.
3 Cе додава кари во прав, мешајте додека не се помеша смесата и отстранете го од топлина.
4.Cе додава кари мешавина нане и манго.
5 Cо мешалка, налевајте во супата.
6 Извадете на сад, додадете лимонов сок и сол по вкус и се промешајте.
Bреме за подготовка 15-20 мин.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Чили сос


D870D9252C8D454889F76D5C8213DE6E.jpg


Потребно:

* 400 г домати исечени на коцкички
* 120 г кромид
* 6 ситно сечкани чили пиперчиња
* 2 лажици ситно сечкан магдонос
* 1 чешне лук
* 3 лажици маслиново масло
* 2 лажици сок од лимон
* сол

Приготвување: измешајте ги доматите со ситно сечканите кромид, чили пиперчиња и магдонос. Додајте ги истолчениот лук, маслиновото масло, сокот од лимон и солта, па добро измешајте го сето тоа. Оставете го сосот да отстои еден час, а потоа послужете го.

Сос од печурки

08AF78C47321AE49A2EE6A9D87A46F62.jpg


Потребно:

* 30 г сув вргањ
* 1 главица кромид
* 40 г путер
* 20 г нишесте
* 400 мл супа од печурки
* 100 мл павлака за готвење
* сол
* магдонос

Приготвување: сувите печурки потопете ги во 150 мл топла вода. Излупете го и исечкајте го кромидот, па пржете го додека не стане стаклест. Додадете ги исечканите суви печурки и водата во која стоеја. Сето тоа прелијте го со супата во која сте го измешале нишестето и павлаката за готвење, па мешајќи загревајте го сето тоа, додека течноста не испари на 250 мл сос. На крај, сосот посолете го по вкус и посипете го со ситно сечканиот магдонос.

Ладен сос од домати и босилек

Потребно:
* 400 г шпагети
* 600 г домати
* 4 чешниња лук
* 15 ливчиња босилек
* маслиново масло
* сол
* бибер

Приготвување: исечете ги излупените домати на коцкички и ставете ги во длабока чинија. Ситно исечкајте ги исчистениот лук и босилекот, па измешајте ги во доматите. Зачинете ја смесата од доматите со маслиново масло, сол и со бибер. Веднаш измешајте ги сварените шпагети со сосот од домати и послужете ги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Совети


AD8E9756CD1C114097585402FD34DCDC.jpg


* Како да ги подготвите сосовите?
Сосовите се подготвуваат од продукти со најдобар квалитет на тивок оган или над пареа, особено ако додатоците за врзување се чувствителни, на пример, јајца.

* Кои се карактеристиките на бешамел сосот?
Дворскиот каноник на Луј Четиринаесетти го измислил сосот бешамел. Во оригиналната верзија се употребува основа од брашно и путер, која лесно се пропржува, се додава павлака со додавање на ситно сечкани магдонос, лук и кромид, па се вари до саканата густина. Денес павлаката е заменета со млеко, а зачинските билки со малку рендано морско оревче.

* Што се тоа преливи за салати?
Наједноставните сосови се преливите за салати во кои главни состојки се зачинските билки, маслото, оцетот и лимоновиот сок.

* Со што да се послужи мајонезот и сосовите направени на база на мајонез?
Мајонезот и сосовите на база на мајонез одат со пржени јадења, јадења од месо, риба и зеленчук, со салати и како подлога за подготвување сендвичи.

* Со што да ги послужите топлите сосови?
Топлите сосови се послужуваат со варено и печено месо, риба или како прелив за варен зеленчук.

* Пикантни сосови
Пикантните сосови не мора да ги подготвувате само за прослави, туку може да ги употребите и како секојдневна ужина. Исечете на стапчиња или на помали парчиња целер, морков и некој друг крцкав зеленчук и сервирајте го во поголема чинија. Со зеленчукот послужете и некој пикантен сос.
1. Изматете кисело млеко со кисела павлака, во нив додадете малку сол, бибер и мелени ореви, па сето тоа добро измешајте го.
2. Изматете крем сирење и млеко, па во нив додадете ситно сечкано младо кромитче, мелени бадеми, малку сол, бибер и по желба, малку лут буковец.
3. Изрендајте кора од портокал, исцедете го сокот и измешајте го со кисела павлака. Во нив додадете сол, бибер и чили во прав.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
едностафно сфршују кд конзумирам татар соз : ) за тој се погрижиф убаво и пилечки прсти vs амстел
.....цезар сос: мајонез,коњак, балсамико оцат, сол и црн бибер(атанас соколофски) : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Посен сос за макарони или шпагети :

Ставаш свежи шампињони во тавче со маслиново масло и ги пржиш..Додека се пржат на тивок оган,ги зачиннуваш со лук во прав,кари,печено пилешко(така се вика зачинот-посен е)мешани зачини,веѓета,црвена пиперка зачин и чубрица и кога ќе бидат при крај тестенините ги ставаш во тавчето со шампињони и додаваш рендан растителен кашкавал(мене Ана ми е највкусен црвениот)мешаш една минута и го добиваш највкусното посно јадење..
Лут сос

Потребни состојки:
250 мл мајонез
250 мл павлака
50 мл луто доматно пире
½ лажица црвен пипер
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.
БОЛОЊЕЗЕ СОС

Потребни состојки


• 200 гр мелено месо
• 50 гр сушена сланина
• 60 мл маслиново масло
• 1 средноголем кромид
• 1 морков
• целер
• магдонос
• 1/2 филџан црвено вино
• подготвена инстант-супа со говедско
• 250 гр доматно пире
• сол и црн пипер по вкус


Подготовка

Ставете ги зеленчукот и сланината на масло за да се пржат. Кога ќе поцрвенат, додадете го меленото месо. Откако месото ќе се пропржи, сипете го виното и оставете да се динстува некое време. Потоа додадете ги: доматното пире, една црпалка од инстант-супата и зачините. Вака гответе со повремено мешање, дури сосот не стане богат и густ.