Современата мизогинија | Црнобело Форум

Современата мизогинија

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,265
5,781
1,683
Disco
Поттикнат од скандалот со извидничкиот центар и неодамнешното клање на некаков цајкан-манијак кој вршел тортура врз својата женска со години и години се отвора прашањето зошто имаме ескалација на мразење жени во време кога како никогаш досега има услови за убави врски меѓу двата пола.

На што се должи рапидното растење на мизогинија до степен да имаме и соодветни идеологии (!?) и како загрижувачки процент мажи се наоѓаат себеси во тие идеологии?
Насекаде по свет па и овде насилството, физичко и психичко кон жените расте, разводите рушат рекорди а затворите се полнат со насилници.

Ако се знае дека денес имаме интернет со чија помош запознавањето е сериозно олеснето, во време кога географијата не игра толку пресудна улога како порано, кога на неколку клика имаме све на дофат, кога можноста за да се образуваме во поглед на меѓуполови односи е највисока од било кога, наместо да гледаме намалување на негативностите имаме манијаци, перверзњаци и насилници чиј број расте од година во година. Ovaa se prai za sto evra brad troa skapicka e ali vredi mn jako se ebe ima date iscedi eheheh такви се изјавите кои виреат по социјалните мрежи.

Каде е грешката не е баш јасно. Од една страна по запад, после неколку генерации на луѓе каде има безначајна опасност по егзистенцијата, млади машки особи со тек на време започнаа да се осеќаат некако entitled на секс со жени, и тоа не било какви жени, никако просечен излгед или cute него баш со оние кои на нивнта замислена скала од 1-10 имале оцена над 8 !
Како може човек да дојде до тоа ниво да ги смета жените за сексуален објект и целата функција на жените да ја сведува на секс?
Што стана со старите добри традиции кои произлегувале од деновите на романтизмот кога љубовта и посветеноста кон една жена биле највисок идеал на еден маж?
Елизабет Барет и Роберт Браунинг се земале пред 150+ години и ако генерално односите меѓу половите еволуирале во многу подобар правец него во стари времиња, зошто таа еволуција доживува крах денес, 21 година во новиот милениум?

Која е одговорноста и на жените во хиперсексуализацијата на општеството?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,827
7,334
1,153
Big Sur
Уххх, мнооооогу има за пишување на темава, не знам ни од кај да почнам.
Да видиме... ај од последното прашање.

Жените уживаат права и слободи како никогаш досега (жално што толку време се гледало на нас ко на подолни суштества и машини за расплод, ама ете...) и тоа очигледно пречи на т.н. машки примероци кои единствен начин да се осетат супериорно е да ги сузбиваат оние што ги сметаат послаби од себе.
Кога сме кај жените, факт е дека голотијата и сексапилот кај некои се примарен фокус да се добие внимание преку социјалниве мрежи, но секако, тоа внимание не е секогаш позитивно, ко што е и со било што што се објавува на интернет, па тука настануваат расправии, судири на генерации, судири на мислења, испливува љубомора, се коментира физичкиот изглед, се критикува таа голотија ко „нема што повеќе да понуди од своето тело, а ваму се прави поштена“, итн.
Многу жени и мажи прават огромни пари со помош на своите тела - рекламираат облека и веш, шминка, купаќи, не знам... производи за слабеење, you name it, па дури и продаваат слики од стапала на ОнлиФенс.
Јас не гледам ништо спорно во ова. Не би го правела пошто немам муда и едноставно не функционирам така, но секоја чест ако се снашле.

Кога сме кај коментирањето, ќе посочам еден пример што многу ми пречеше кај дечкото, а тоа беше лајкање слики на Инстаграм инфлуенсерки со по 10+ к следачи и тоа претежно беа во поневкусни пози. Го спомнувам ова пошто, не дека јас се осеќав загрозена дека таа некоја од Шведска - со 38478 лајкови на сликата -„ќе ми го украде“, туку го сфаќав ко непочит спрема мене, посебно кога се гледаше јавно кој што лајкува и ми беше непријатно што секој може да го види тоа, а второ беше моментот што ги нарекуваше курви. Не можев да го сварам тој феномен. Што треба да значи тоа? Дали дека јас треба да се сликам така за да му бидам доволно привлечна да не следи 500 „курви“? Треба да ме теши тоа што тие се „курви“, а јас сум „избраната, поштена девојка“?
Некако премногу се расфрламе со поими без да им го размислиме значењето.

Жената секако испаѓа к***а, без разлика дали спиела со некој маж или не ни знае дека постои (што по неговата приказна пак некако спиела со него, ама ни таа уште не знае).

Има уште многу, мноооооогу за зборење. Ова е само начнување на очигледниот, површински слој. А кај се инцелите, pratete slikice od nekoa od Vinica sto se kleca по Телеграм групите, самата психологија на мизогинијата, ехааа... ќе живее темава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,265
5,781
1,683
Disco
Интернетот игра голема улога при што мизогинистите имаат можност за групирање со што се формира echo chamber каде што имаме вртење во зачаран круг кој понекогаш е прекинат од насилен акт.

Извесен број жени и тоа како имаат одговорност со своето поведение кое оди до такви екстреми да објавуваат фотки на кои уште што не се гледа џигерот внагре низ вагиналниот отвор. Од какви семејни средини потекнуваат таквите женски особи не знам. Но за жал, баш таквите се оние кои наметнуваат мода. А таа мода е како извор на потврда дека жените се дрољи во очите на мизогиниститите.
Мизогинистите контрадикторно би ја продале својата баба само да им дадат пола саат со оние кои ги нарекуваат со погрдни имиња, би се откажале од све, би смениле вера за еден коитус.

Но сепак, главната одговорност е кај мажите. Ако мажите не се лигавеа пред секоја фотка на типка со големо деколте, жените немаше да се разголуваат за внимание. Што бидна со базична самоконтрола, од кога тестисите го премостија мозокот и се наметнаа како главен инструмент во сфаќањето на меѓуполовите односи од страна на мажите?
Како би постоел онлифанс ако мажите беа посветени на моногамна врска или брак во кој двете страни работат на тоа да бидат привлечни еден за друг низ годините? Да не се запуштаат, да не остаруваат предвреме, да не се баталуваат, да имаат личност која ќе ги бодри да постигнат самоконтрола?
Барем денес е лесно да се изгубат килограми, да се одржува тело во форма, настрана куп козметични и медицински методи ако веќе проблемот захтева такви интервенции.

Жените ќе престанат со такво однесување оној ден кога никој нема да ги есапи дали ставиле цицка или гз на екран. Значи потегот е на ред кај мажите.
И онака таквите жени реално се минорен процент од женската популација.

Кога сме кај коментирањето, ќе посочам еден пример што многу ми пречеше кај дечкото, а тоа беше лајкање слики на Инстаграм инфлуенсерки со по 10+ к следачи и тоа претежно беа во поневкусни пози. Го спомнувам ова пошто, не дека јас се осеќав загрозена дека таа некоја од Шведска - со 38478 лајкови на сликата -„ќе ми го украде“, туку го сфаќав ко непочит спрема мене, посебно кога се гледаше јавно кој што лајкува и ми беше непријатно што секој може да го види тоа, а второ беше моментот што ги нарекуваше курви. Не можев да го сварам тој феномен. Што треба да значи тоа? Дали дека јас треба да се сликам така за да му бидам доволно привлечна да не следи 500 „курви“? Треба да ме теши тоа што тие се „курви“, а јас сум „избраната, поштена девојка“?
Некако премногу се расфрламе со поими без да им го размислиме значењето.

И тоа како е непочитување кое се граничи со понижување.
Ликот имал живо човечко битие ееј до себе на располагање, мислам што повеќе??? Луѓево не разбираат дека еден е животот и што значи да делиш постела со некого, да имаш со кого да споделиш најинтимни моменти, надежи, стравувања, радости, проблеми...како тоа се зема здраво за готово не ми е јасно. Не и не.
Наместо тоа ќе блее пред монитор и ќе мечтае за секс со некакви разголени типки кои живеат којзнае каде, ќе фантазира дека такви и баш такви му фалат во кревет. Јадно и бедно. Ајде да е 17 годишен напален лик ама 25+ нема никакви оправдувања.

Можеби е субјективно пошто низ годиниве морав да развијам страшна дисциплина и самоконтрола, но и пред тоа никогаш не сум гледал на жени како на сексуални предмети.
Кога бев во врската, понекогаш ако се разбудев порано, ќе станев од кревет, ќе седнев на столче и знаев едно десетина минути да се ѕверам во неа чисто восхитувајќи се на фактот што такво човечко битие е на пар метри од мене во моментот, што ми припаѓа мене, што доброволно одлучила да биде моја среќа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,265
5,781
1,683
Disco

Некаков манијак силувал две жени во средни школи, обете во тоалет. Првата жртва, 15 годишна девојка била анално содомизирана при што задобила сериозни повреди. Кои трауми се тоа ццц... си оди некоја нормално во веце за најбанални физиолошки потреби или чисто онака за шминка, а таму демнее манијак кој си го дрви во исчекување на жртвата...
Но она што е тука посебно е што сторителот е најнов во напливот на силувачи во САД кои тврдат дека се осјечале како жени! Поради тоа влегуваат во женски вецеа каде што стоечки мочаат и вребаат жртва.

the board was discussing the transgender and gender fluid student rights policy, which allows students to use the restroom of their gender identity
Се што сексуалниот предатор треба да направи за да му биде дозволена употреба на женска соблекувална е да каже дека се осјеча како жена!

 
Последна промена:
  • Angry
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,827
7,334
1,153
Big Sur
Ова со туку-така лупањето и измислувањето на што род припаѓаш у стил „ја ко стол се идентификувам“, носи многу, многу збунети генерации (а кој не би бил, и јас на 12-13 би се чудела и јас стол да не сум, ако прочитам негде) и отвара врати за многу педофили и сексуални манијаци.
Те фаќаат кајшто вознемируваш некоја сексуално (или било како)? - „Ама јас цел живот се осеќам ко жена“ - А, епа океј, тогаш не е никаков проблем, се здавиле жените нешто... жени де.
Мора мнооогу внимателно да се пристапува кон ова, а како е појдено, ќе мора и промени во законот за вакви ствари. Ама пусти амерички трендови и политичка коректност...