1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Совети

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од escape, 16 декември 2013.

  1. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    Мој совет да не масираш и да не мачкаш на местото ништо...некогаш треба маст за загревање а некогаш за ладење...а пошто ти не знаеш што е работата, најдобро да го послушаш советот на Тру Блод и да се напиеш нешто за болки во комбинација со диазепам пошто ја релаксира мускулатурата и ги опушта нервите...и се разбира консултација со лекар..
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    А можно е кога си активна да ти паѓа шеќерот, а не притисокот?
    А друго да те прашам...дали имаш срцебиење (тахикардија-забрзано чукање на срцето)?
    Дали чувствуваш замор?
    Дали се потиш повеќе од нормално?
    Дали имаш несоница?
    Дали имаш тремор (тресење) на рацете?
    Дали си вознемирена, нервозна?
    Ако имаш барем некои од овие симптоми можда не е проблем притисокот, можеби станува збор за дисфункција на тироидната жлезда...
     
  3. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,183
    Допаѓања:
    2,248
    - Не верувам да е шеќерот но можно е и тој да е. За притисокот имам проверено и тоа одма после вежбање, низок беше
    - Никогаш не сум го испитувала срцето така да не знам но не верувам да имам нешто од тоа, само понекогаш знае грч да ме фати но секунди трае и после поминува.
    - Периодов чувствувам но тоа е пошто и многу работам, а малку спијам т.е се одмарам
    - Ни нормално не се потам, многу ретко се потам (само кога не треба)
    - Толку сум изморена што чим легнам одма заспивам така да немам несоница
    - Ми се тресат но не секогаш, а најчесто кога сум изнервирана.
    - И вознемирана и нервозна сум.
     
  4. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    Значи тогаш останува притисокот...не е тироидната (шуќур :)) ...земи си само некои таблетки (некои најбезбедни, на природна база) за циркулацијата, и со тоа што ќе ја средиш циркулацијата, ќе се среди и притисокот...
     
    На Црвена му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Змејче

    Змејче Незапирлива

    Зачленет на:
    14 јули 2013
    Мислења:
    1,193
    Допаѓања:
    2,423
    а може ли тука да се побараат и некои совети за вежби за решавање со болките на грбот?? :sram
     
  6. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    Мислам дека такви вежби треба да ти каже стриктно физијатар...да утврди каде точно е локализирана болката и какви вежби се потребни за тој дел од грбот...
     
    На Змејче му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Точка

    Точка Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 декември 2013
    Мислења:
    41
    Допаѓања:
    68
    Да не отворам посебна тема... овде ќе си ја кажам маката. :)
    Од кога знам за себе, циркулацијата ми е слаба, рацете и нозете ми се постојано ладни. Особено во зима ми се проблем рацете. Пред неколку години, од студ дури и ми отекоа и ме болеа, претежно околу зглобовите на прстите. Отидов кај матичната, ми кажа да носам ракавици секогаш, да се мачкам со креми... Ништо конкретно. После се затопли времето, па немав проблеми. Од тогаш, еве, неколку години се беше во ред, ама сега почнувам да ја осеќам повторно истата болка во рацете. Без ракавици не излегувам од дома, се мачкам со крем, да се забрза циркулацијата, блабла... Ама некако нема ефект. На некој да му се случило истото? Некој совет за мене?
     
  8. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,620
    Допаѓања:
    5,695
    Јодот како минерал е потребен на организмот за да функционира правилно тироидната жлезда а јас морам да го зголемам внесувањето периодов што повеќе.
    Најмногу го има во морската храна,ама јас освен риба друго не можам да јадам од неа.Во зеленчукот и овошјето има ептен минимално.
    Знае ли некој во кои намирници го има во повисоки концентрации?
     
    На Pica pica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lillian

    Lillian Истакнат Член

    Зачленет на:
    7 април 2013
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    263
    Лосос ти е риба и го имаш во него.
     
  10. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Не знам што ми се случи мене со очите, последните неколку месеци си имам огромни проблеми со црвенило, а сега и со болка и потекување. На лекар сум била, користам капки, избегавам шминка... Тоа ми го рекле, тоа го правам.
    Ама нема помин. Се губи, па по време се појавува пак. Ете денеска повторно... И најлошо. Буквално како да ми испукале сите капилари во очиве...

    Што можете да ми кажете и помогнете повеќе, ама којзнае може и некој имал ист проблем или знае некои народни стари лекови?
     

Сподели: