Совети за нега на нокти

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Убави нокти преставуваат украс на женските раце.Само лакирани нокти не се знак на потполна нега ,пред да се нанесе лакот тие треба да се добро средени,прво треба да се маникираат па на крај да се лакираат.
Еве неколку чекори и совети за правилна нега на нокти:
1. Нега на заноктиците
Додека ги средувате заноктиците внимавајте да не ги засечете премногу од страна. Најдобар начин е наместо сечење да ги потиснете со помош на посебни средства кои ја омекнуваат кожата и така го овозможуваат поместувањето на кожичката.
Прво отстранете го лакот со специјален раствор за таа намена (ацетонот е прејак), па нанесете средство за омекнување на кожичката или накиснете ги во раствор од сапун. Откаке ќе омекне кожичката, потиснете ја со стапче.
2. Обликувајте ги ноктите со турпија
За да спречите пукање или кршење на ноктите, а и за што поубаво да изгледаат, редовно турпијајте ги и потсекувајте ги. При тоа внимавајте сите нокти да ви бидат со иста должина.
3. Полирање на ноктите
Еднаш неделно полирајте ги ноктите како би ја подобриле циркулацијата. Барем две минути полирање посветете и на едната рака, внимавајќи да не притискате премногу, како не би ги оштетиле ноктите. За ова може да користите четка за нокти. После полирање нанесете масло за нокти, како би биле поздрави и појаки.
4. Влажнење
Секогаш имајте при рака крема за раце, па штом осетите дека рацете ви се суви или им треба заштита, намчкајте ги со крем.
5. Бело моливче за нокти
Ова е трик кој одлично ќе ви користи за подобар изглед на ноктите. Нанесете од моливчето под рабовите на никтите – тоа ќе ја истакне бојата на нокти и ќе изгледаат уредно и чисто.
6. Храна за нокти
Доколку имате некој од следните симптоми, би било препорачливо да ја смените исхраната:
-недостаток од витамин А и калциум моѓе да се манифестира преку суви и кршливи нокти.
-нокти свиткани на внатре знак се на недостаток од протеини, фолна киселина и витамин Ц.
-вертикални линии на ноктите знак се на слабо варење на храната и недостаток на витамин Б12 и железо.
-недостатокот од витамин Б12 моѓе да доведе до суви, кршливи нокти.
-темноцрвената боја индицира слаб метаболизам поради конзумирање на тешка, солена и мрсна храна.
-жолтеникави нокти се последица на неправилна работа на џигерот.
-плави нокти се последица на неправилна работа на белите дробови и срцето.
-бели точки по никтите укажуваат на недостаток на калциум и цинк.
За да ви бидат здрави ноктите зголемете го внесување на калциум, протеини и минерали во организмот, како и сумпор, железо, силициум, цинк, есенцијални масни киселини и витамините Д, А и Е.
7. Лакирање на ноктите
Како подлога ставете безбоен лак кој ги штити ноктите од листење и пукање. Лакот во боја може да се стави во два слоја, со што се зголемува трајноста на лакот како и неговата боја и сјај. Секој слој мора да биде сосема исушен пред нанесување на следниот.
8. Чување на лакот за нокти
Избегнувајте лакот за нокти да го чувате на топло место, затоа што ќе ја промени конзистентноста, а со тоа ќе стане грудчест и тешко ќе го нанесувате. Затоа – чувајте го на ладно место.
9. Помалку е повеќе
Немојте да го вадите и повторно нанесувате лакот за нокти повеќе од еднаш или два пати неделно. Пожелно е за отстранување да користите средство кое воедно и ги влажни ноктите.
10. Масажа на рацете
Со масажа ја подобрувате циркулацијата и влијаете на здрав раст на ноктите. Ова е совршен начин да ги опуштите мускулите и да се чувствувате пријатно.
nega-ruku2.jpg
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
    • За брзо сушење на ноктите потребно е лакираните нокти да ги ставите во студена вода и да ги држите две минути,ноктите ќе бидат суви а лакот нема да се излупи.
    • за оштетени нокти потребно е во малка вода да ставите исцеден лимон и да ги натопите ноктите неколку минути.
    • како добар третман за раце -во литро вода стварете билна мешавина од камилица невен и жалфија,сварете ја мешавината,оставете да се олади и после потопете ги рацете во чајот.Држете ги 15 минути потоа со пешкир избришете ги рацете со тапкање.На крај втријте ги рацете со кантарионово масло или крема од невен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ми ја погоди темата (happy)
Ама утре повеќе ќе напишам сеа само едно видео од мене каде имам прилично сѐ објаснето.


Видеото ми е ода лани и не ми е многу по ќеиф, може и ново да направам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Ми ја погоди темата (happy)
Ама утре повеќе ќе напишам сеа само едно видео од мене каде имам прилично сѐ објаснето.


Видеото ми е ода лани и не ми е многу по ќеиф, може и ново да направам.
Саричка одлично е видеово (bravo) сакаме да ги споделиш сите твои совети со нас :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Selma

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
За лакот да ви трае подолго ќе би требаат 3 лака.
  1. base coat- лак кој ги заштитува ноктите, прават подолго да трае лакот и да не пожолтуваат од темните и јаки бои на лаковите, има разни лакови (против кршливост, против лупење...) и од овој лак налакирајте се со еден слој.
  2. лак во боја- изберете која боја ја сакате и налакирате се со еден тенок слој, почекјате да се исуши и повторно налакирајте се со истиот лак.
  3. top coat- лак кој го нанесувате на крај( може озичен безбоен лак или п анекој со заштита или лак кој е наменет за брзо сушење на лакот)
Тоа е на кратко, ако имам време за викендот ќе се снимам и така немам одамна нешто објавено или пак останува за распустот.
Се надевам ова ќе ви помогне. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Да не знае некоја од членките на форумов како можам да го забрзам растот на ноктите(природните:D) ?
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Да не знае некоја од членките на форумов како можам да го забрзам растот на ноктите(природните:D) ?

Пивски квасец во шампон ке ти растат ко луди ама ...ке имаш и голем апетит
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini