Собир за донација за децата од Интернатот „Гоце Делчев" од с.Љубанци

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Луѓето од цел свет се кренаа на нозе и помагаат на децата од Уганда.. можеме и ние да направиме нешто за децата што живеат на неколку километри од кафулето каде што го пиеме утринското кафе, од дискотеките и клубовите каде се забавуваме.
Погодени од текстот објавен на бл
огот http://dictatorofdreams.blogspot.com/2012/03/blog-post_12.html група млади луѓе спонтано се решија да помогнат на децата од интернатот “Гоце Делчев” во селото Љубанци во близина на Скопје, со своите скромни донации од стара облека, храна, школски прибор и парични средства со кои би се купиле потребни работи за ова место
. Станува збор за деца кои се на возраст од 6 до 16 години. Поточно има две девојчиња на возраст од 14 години и едно на возраст од 9 години, момчиња на возраст од 6, 9 , 10, 13 и 16 години.
-Нашата идеја е да помогнеме со неколку вреќи компири, грав, ориз, брашно и слично, производи што ќе можат да се чуваат и да се користат на подолг период. Јадат конзервирана храна како паштети за појадок, јадат макарони и слично, значи храна која може да се чува. Имаат и фрижидери за месо и велат дека имаат услови да го чуваат истото.
-Да донесеме облека за горенаведените возрасти, да донесеме училишен прибор за децата, да собереме пари да купиме топки, играчки, средства за лична хигиена.
Собирот ќе биде во недела на ул "Дане Крапчев", во близина на Кино Карпош.
Бидете хумани!
Дојдете, донирајте нешто и помогнете на оние што им е најпотребно!

контакт: Арманд 075 478 134
Еве го и фејсбук евентот за повеќе инфо http://www.facebook.com/events/185904311522017/

И немој некој да прашал зошто ја отворив темата тука.Нема кај да ја ставам, немате за Хуманитарни акции тема или како се вика веќе....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Elence, 4FUN and Hexasto