Снежниот човек (Јети)

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Мистеријата за снежниот човек наречен Јети се уште ги преокупира оние љубопитни луѓе кои веруваат дека ова големо чудовиште што личи на мајмун живее во снежните височини на Хималаите. Но тој не е присутен само на највисокиот планински масив на земјата туку го има и во Северна Америка. Таму е наречен сасквоч. Го има и во Австралија. Таму е наречен јави. За него има сковано и други имиња.
Се јавува на височина од 4000 до 7000 метри, значи на многу високи и пусти места. Претпоставуваат дека живее во пештери, а се јавува најчесто ноќе. Најдени се траги од боса нога од ова чудовиште, па многумина мислат дека овој влакнест џин вистина постои. Тој е и предмет на испитување на една новосоздадена дисциплина, наречена, крипто зоологија, која се занимава со проучување на многу ретки животни на земјата.
Според исказите на очевидците снежниот човек е висок околу два и пол метра целиот е прекриен со влакна главата му излегува право од рамената, очите му се пламении полни со пакост и гнев, рацете му достигнуваат до колената. Од него се чувствува мирис на валкана волна која го тера човекот на повраќање. Тој е толку непријатен што ретките луѓе што имале блиски средби со него ја губеле свеста.Покрај трагите што ги виделе во снегот некои од очевидците што ги виделе оддалеку добиле впечаток дека се движи како по воздух.
И најупорните трагачи не успеале да најдат сигурни докази дека јети вистина постои и покрај бројните експедиции изведени од нивна страна. Се испраќаат нови експедиции но и тие не постигнуваат никаков резултат. Не само што не можат да го видат снежниот човек туку никој досега не видол труп или скелет. Досега не успеале да докажат а нема ни да докажат зошто како што претходно спомнавме и јети е производ на нематеријална демонска сила.
За тоа снежниот човек не е никој друг туку ѓаволот кој се јавува во животински лик сличен на човечкиот не треба да има некаков сомнеж. Тој може веднаш да се појави и веднаш да исчезне поседува необична моќ на хипноза и влева во душите на оние што го сретнале неприроден страв.

yeti-01.jpg
 
990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo

Отвори ја прикачената датотека 9437
Пријателе,престани да играш вов. Сериозно е :p
 
The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Висок е скоро два и пол метри, а неговото рикање може да предизвика лавина. И наспроти ова, чудовиштето секогаш успева да помине незабележително. Но, не за долго, научниците тврдат дека навистина постои Јети.
Научниците со микроскоп анализираа влакно најдено на карпите во дивината недалеку од индиско-бангладешката граница. Тестовите покажаа дека влакното не му припаѓа на ниту еден познат животински вид кој живее на тоа подрачје.

„Ова влакно е најцврст доказ дека Јети многу веројатно постои. Можно е неговото живеалиште да е поместено доволно далеку, така што открива се повеќе траги. Многу сме возбудени поради тоа“, изјави истражувачот Јан Редмонд.

Додава дека со истражувањето се отстранила можноста пронајденото влакно да му припаѓа на некое друго животно што живее таму: црна мечка, мајмун, куче или дива свиња.

„Влакното е долго меѓу 3.3 и 4.4 см, цврсто е, жилаво и свиткано“, објасни Редмонд.

Првите описи за Јети датираат од 1898 година, а дело се на британскиот истражувач, мајорот Л.А. Вадел. „Големите траги во снегот најверојатно се траги од влакнест див човек кој живее во подрачјето на вечниот снег“, напишал тогаш Вадел.

Во 1921 година Royal Geographical Society Everest експедицијата пронашла траги од див снежен човек на висина од 6.400 метри. Оттогаш Јети успеваше да ги избегне сите обиди за негово откривање.
01.08jeti.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ♠ Таа Сум ♠

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Ако навистина тврдат дека постои зошто не го најдат ? Нека се соберат од повеќе земји со хелихоптери, коли, џипови нека го тражат. 5000 луѓе неможат едно чудовиште да видат.(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ако навистина тврдат дека постои зошто не го најдат ? Нека се соберат од повеќе земји со хелихоптери, коли, џипови нека го тражат. 5000 луѓе неможат едно чудовиште да видат.(facepalm)

А може и го нашле но кријат од јавност, како и со вонземјанците.