Смртоносна игра со цимет меѓу тинејџерите

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Дали сте слушнале за најновата игра „предизвик со цимет“? Правилата вклучуваат земање една мала лажичка цимет која треба да се прогoлта за 60 секунди. Иако звучи едноставно, видео снимките кои редовно се поставуваат на интернет прикажуваат луѓе (најголем број тинејџери), кои искашлуваат облаци црвенкасто-кафена прашина на воодушевување на гледачите.

Меѓутоа, лекарите предупредуваат дека таквата „забава“ може да биде смртносна!
- Главниот проблем е можност од гушење. Ако вдишете прашок во горните дишни патишта може да дојде до воспалителни инфекции – објаснуваат лекарите од ургентните центри во Њујорк.

Уште полошо е дека од овој необичен предизвик луѓето прават сензација, па многумина се обидуваат навистина да го проголтат циметот. Според статистиката на американската Асоцијација за контрола на труење, околу 90 отсто телефонски јавувања во првите три месеци во 2012 година биле поврзани со опасната забава „предизвик со цимет“. Бројот на лица кои се пожалиле на здравствени проблеми како последица на вдишување на цимет пораснал за 240 отсто во однос на 2011 година.

Една од причините поради која луѓето не можат да проголтат толкава количина цимет е тоа што зачинот ги блокира жлездите за лачење на плунка. Во нормални околности, храната која ја јадете е лубрикувана со плунка и така може да помине низ хранопроводникот во системот на органите за варење. Исушувачкиот ефект на циметот е многу опасен, така што луѓето чувствуваат дека се гушат.

Но, и покрај предупредувањето дека таквиот предизвик треба да се одбие, тинејџерите не обрнуваат внимание на опасноста од оваа смротносна игра.

Внимавајте!!! Не го пробувајте ова, опасно е!!!




П.С. Превземено од Факултети.мк
 

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Мојата омилена личност на youtube. :rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl
Од ова треба да се извлече поука дека не треба да си играме со циметот во големи количини. Не гледам ништо смешно, само знам дека тие што си играат вака можат да се угушат.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Американски глупости, да не беа толку трагични ќе беа смешни
 
  • Like
Реакции: True_Blood