Слободното време кај младите | Црнобело Форум

Слободното време кај младите

Дали слободното време треба да му се даде на детето да го користи по свој избор

  • Не,родителот знае што е најдобро за него.

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    17

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,311
1,941
1,133
Како да се залепи гума од точак е бескрајно покорисно отколку часови по социологија.

Да знаат да пуштат машина за перење без погубни последици по истата, да знаат да испржат јајце и слично. Секако овие работи се учат и дома но без разлика, понешто може и по училиштата.
Ова му доаѓа како час по домаќинство :) ...го имавме порано како предмет...јас сум од последната генерација која го учеше...
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,235
2,326
1,153
Skopje
www.facebook.com
Да би имале малку поорганизиран образовен систем т.е да наликува на американскиот т.е да се учи само тоа за што е способно, талентирано и го интересира детето, слободното време би им го оставила да си играат, да си го искористат така како што тие си сакаат. Убаво е уште од мали нозе да знаат се или да им се развива талентот но што фајда има ако не си го проживеат детството така како што им доликува и така како што си сакаат тие?
А ова со деветолетката е чиста глупост, што и фалеше на осмолетката па мораа да ја сменат? Зар ние што имаме завршено осмолетка по глупи да не сме? Зар не го учат истиот материјал што сме го учеле и ние? Само повеќе ги збунуваат и малтретираат децата и им го скратуваат детството.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,770
7,293
1,153
Big Sur
Шест години после последниот одговор на темава, ја отварам пак да видиме до каде сме во ерата на Максиметромилијантин, Ава, Ристенофон, Каја-Катина, итн. и нивните мамички кои се со преголеми очекувања од 5-6 годишни деца.
Сега веќе не се работи за слободно време кај деца од школска возраст (едвај го имаат), туку и кај деца од претшколска возраст кои се напнати да одат на балет, фудбалче, англиски + уште некој јазик, цртање, рецитатори, манекенство, боречки вештини, мешање малтер, итн.
Мислам, секогаш ги имало тие родители, но претежно ако детето се реши дека не сака или не му оди нештото, тука застанува. Сега модерна мамичка мора и да го документира успехот на измрцвареното дете пошто утре со Маца треба да си ги мерат лајковите на Инстаграм.
Звучи толку дебилно и ко откривање топла вода, но жално е што е вистина...