Слобода

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Слобода на човековите права, слобода на говор. Можности многу, опции многу..
А каде е слободата? А каде се можностите, опциите?

Слободата за мене е као да бидеш пуштен од кафезот како птичка што едвај чека, да летнеш на најблиската ливада прекриена со цвеќиња, каде што ќе имаш можност да размислиш на сенешто, каде што нема влијание и ОГРАНИЧУВАЊЕ. Нема заробеност, едноставно - всушност, можеби и тоа се бара?
Ваљда сум многу и хипички настроена овие денови, па и мислам повеќе на слобода, љубов меѓу народот, мир и хармонија and shit and stuff..

Па да ве прашам и вас, драги луѓе.. што за вас значи слобода ( во било која смисла ) ..
Колку ви е потребна и во кои моменти се чувствувате така?
Дали би дале се за неа? Па и можете да се довршувате со прашања..
За краj:

PEACE! :sreken
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
За мене слобода најмногу значи да ги пребродиш стравовите. Доколку секој се ослободи од својот страв, може се да направи. Кога ќе го направиш потребниот чекор што ќе те поттурне, откако ќе успееш во тоа кон кое целиш, ќе сфатиш дека немало потреба за плашење, односно, ќе се ослободиш од својот страв.
Понекогаш си мислам дека парите се можат да овозможат. Но факт е дека тоа не е така. Се додека си здрвен од страв и си закопан во едно место, ништо не може да те поттикне, освен желбата за слобода.
Тоа може да е банџиџампинг или скок од авион. Може да е борење за напредок во работата и кариерата. Може да е борење против оние кои те угнетуваат и ти ја ограничуваат слободата.
А мислам дека и секоја индивидуа, во одреден момент се чувствува како најслободен човек на земјата. Дали е тоа кога си со некоја личност која најмногу ти значи, или пак, кога ја слушаш својата омилена музика, едноставно се чувствуваш најисполнет, најслободен, како да не постојат проблеми.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Абе ќе летнеш до најблиската градина, но со себе ќе понесеш и мал милион грижи. Покрај тоа сенешто ќе размислиш и за проблемите околу тебе, неизвесната иднина, поготово во нашево општество. Слободата е само привид. Слободата не е само кога ние или земјата не сме под ропство од тиранин и сл. Телото ни е можеби слободно, но умот не ни е. А мислам дека тоа е многу потрагично. Мислам дека слободен човек е оној кој се ослободил од материјалните работи околу себе, кој не е зависен од никого и од ништо, оној кој безмилосно ги користи материјалните добра наместо да биде нивен роб, оној кој се прилагодува на природата, наместо неа да ја прилагодува према своите извитоперени желби ... тоа за мене е Слобода.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Слобода на мисла но не и на делување. Тоа за мене е слобода.
Место каде ќе имаш свои методи на размислување за доаѓање до финалнот продукт.
Гледано од страна, човекот е предодреден да живее во некакво општество. Но слободен е оној кој не подлегнува кон колективното мислење на истото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Lena and kones

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Слобода на мисла но не и на делување. Тоа за мене е слобода.
Место каде ќе имаш свои методи на размислување за доаѓање до финалнот продукт.
Гледано од страна, човекот е предодреден да живее во некакво општество. Но слободен е оној кој не подлегнува кон колективното мислење на истото.
Ова нешто у смисол како влегува атеист во црква или џамија, има различни размислувања од другите верници, но и тој се крсти, односно клања како другите во толпата? Или пак рецимо човек живее во средина каде што тој се разликува од другите во своите размислувања (еве пр. 20 годишен американец заминува да живее во некое рандом шарпланинско село), но не може да делува, да се понаша како тој што сака. Дали тој е слободен?

Во ред. Но какво фајде ако истиот тој американец од примерот погоре, се разликува од останатите селани во мислењата, гледа дискавери наместо сител, но како и сите други и тој се јадуфка што не му стига платата да си ги плати сметките, во неизвесност е да не го отпуштат од работа итн. Дали тој е слободен?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Мортидо Првиот пасус, нема врска. Атеистот може но и не мора да се крсти. Не му е ставено нож под грло дека мора да го стори тоа.
За вториот, некои работи диктираат прилагодување. Но начинот на размислување не е задолжителен, така да тој може да гледа Сител но може и да ги пцуе и навредува во себе постапките на владата.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Мортидо Првиот пасус, нема врска. Атеистот може но и не мора да се крсти. Не му е ставено нож под грло дека мора да го стори тоа.
За вториот, некои работи диктираат прилагодување. Но начинот на размислување не е задолжителен, така да тој може да гледа Сител но може и да ги пцуе и навредува во себе постапките на владата.
Тоа со атеистот е само обичен пример кој ми прелета у моментот. Муабетот ми е што дека ако имаме слобода на мисла и говор, ако ни е спречено да дејствуваме, ни е спречено да живееме по тие наши идеи? Што и вредат либералните сваќања на некоја жена у Египет или Иран. Таа не има послободен живот од останатите жени без такви сваќања? Баш напротив, само си ја јадосува душата во такво општество, уште повеќе трули, таа е роб на тоа општество, додека на другите пак им е полесно оти не се ни свесни за тоа. Или пак некој атеист у држава каде владее шеријатот.

И пак за вториот болд: Според мене не може човек да се рече дека е слободен доколку е врзан и зависен од општеството, доколку е полн со грижи за иднината, сеништа од минатото, безразлика колку и да отстапува од сваќањата на толпата. Јас може и да не подлегнувам на колективното мислење на мојата околина, да немам таков менталитет, но тоа не е толку важно ако и јас како и сите други сум роб на предметите, доколку зависам од други. Во тој случај не можам да кажам дека сум слободен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Мортидо ако збориме во теорија, имаш право. Но човекот во пракса не е возможно да преживее како единка, изолиран од општеството.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не сум за аспсолутна слобода во било кое "подрачје".
Немам против ограничувањата во системот во кој живееме.
Некои ни се чинат неприфатливи,но што ли би се случило доколку нема ограничувања?
Не велам дека се што е поставено со одредени граници дека е исправно до апсолутизам но подобро е вака како што е.
Јас се чувствувам апсолутно слободна.
Не би дала ништо посебно за поголема слобода.
Слободата сами си ја креираме.
Затвореникот во идризово можеби би дал се за слободата,но дали при тоа ја сватил и "платил"за злочинот што го извршил.
Темава добро ако ја разбрав,е да напишеме што за нас значи слободата,дали теоретски или практично,сите имаме свој видик за она што за нас претставува слободата.
. Мислам дека слободен човек е оној кој се ослободил од материјалните работи околу себе, кој не е зависен од никого и од ништо, оној кој безмилосно ги користи материјалните добра наместо да биде нивен роб, оној кој се прилагодува на природата, наместо неа да ја прилагодува према своите извитоперени желби ... тоа за мене е Слобода.
Да не го повторувам истото,јес да не реално но ова и за мене претставува вистинска слобода.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Затвореникот во идризово ...
Еден затвореник во Идризово може да има иста слобода или пак да биде многу по слободен од рецимо некоја шивачка во приватна конфекција која секојдневно е угнетувана и третирана к’о стока, која р’мба 8 и кусур часа за бедни 8.000 денари, на која децата двете и се на факс, а сопругот невработен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Saladin