Скала на безнадежност

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,448
3,794
1,153
25
Битола
Современиот живот исполнет со многу стресови, непредвидени ситуации и големи егзистенцијални проблеми не прави лесно надразливи, анксиозни, но и депресивни. Депресијата сама по себе води до појава на апатија, но многу често и до појава на самоубиствени мисли. Несвесни за својата објективна душевна состојба, во моменти на слабост, посегнуваме по својот живот. Најдобар начин за превенција на оваа состојба, секако е консултација со психотерапевт, но таа навика кај нас е сеуште ретка, поради одредени историски предрасуди.

Во оваа статија Ви предлагам една општоприфатена скала на безнадежност со извесни прилагодувања адаптирана на нашата балканска реалност.

Напоменувам дека добиените резултати не се секогаш 100% валидни, но во голем процент корелираат со степенот на депримираност, а резултатите се статистички верифицирани врз пациентите лечени на Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје поради самоубиствени труења.

Скала на безнадежност
1. Ја гледам иднината со надеж и ентузијазам (да,
НЕ
)

2. Се предавам ако не можам да ги направам работите подобри за себе (
ДА
, не)

3. Кога работите одат лошо, ми помага мислата дека нема вечно да е така (да,
НЕ
)

4. Не можам да си претставам каков би ми бил животот по десет години (
ДА
, не)

5. Имам доволно време да ги постигнам нештата кои што ги посакувам (да,
НЕ
)

6. Во иднина очекувам успех во работите кои најмногу ме засегаат (да,
НЕ
)

7. Мојата иднина ми изгледа мрачна (
ДА
, не)

8. Очекувам да постигнам повеќе убави работи од останатите луѓе (да,
НЕ
)

9. Немам среќа и нема да ја имам (
ДА
, не)

10. Минатото ме подготви за иднината (да,
НЕ
)

11. Се што гледам околу себе е повеќе непријатно отколку пријатно (
ДА
, не)

12. Не очекувам да го постигнам тоа што навистина го сакам (
ДА
, не)

13. Очекувам иднината да биде подарежлива од сегашноста (да,
НЕ
)

14. Работите не се одвиваат пожелно (
ДА
, не)

15. Јас силно верувам во иднината (да,
НЕ
)

16. Никогаш не го добивам тоа што го сакам, така што е глупаво било што да сакам (
ДА
, не)

17. Ми изгледа неверојатно дека некогаш може да доживеам вистинско задоволство (
ДА
, не)

18. Иднината ми изгледа несигурна (
ДА
, не)

19. Во иднина очекувам за себе повеќе добри отколку лоши времиња (да,
НЕ
)

20. Бесмислено е да го барам тоа што го сакам бидејќи тешко ќе успеам (
ДА
, не)

По извршеното тестирање, соберете го бројот на освоени болдирани поени. Секој болдиран одговор е еден поен. Ако при ова тестирање сте освоиле 0-3 поени, тогаш сте ментално здрави, од 4-7 поени сте лесно депресивни, од 8-12 поени и над тоа Вие имате силно чувство на безнадежност и голем ризик за самоубиство, односно за сите оние кои освоиле над десет поени, мојата препорака е јасна: ПОСЕТЕТЕ ГО НАЈБЛИСКИОТ ПСИХИЈАТАР ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА!
 
  • Like
Реакции: Lena and Gemini

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Дај не пишувајте глупости бе. Ми испадна 9 и демек сакам да се самоубијам? :eek А на тие што им се паднало повеќе од 12 - сакаат да убијат некој друг а? (facepalm):rofl
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Ни психијатар нема да ми помогне, ќе се откаже и од дипломата само за да не си има работа со мене..
 
  • Like
Реакции: The Tramp

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,265
9,107
1,683
глупости......
Bullshit
се откажав по десеттиот поен.....
-------------------------------------------
еден школски пред 5 години ми рече: Ти Боби, си сериски самоубиец
 
  • Like
Реакции: The Tramp

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
31
Скопје
јас сум лесно депресивна... true! али морам да си признаам имав 7 поени што значи, прашај ме утре, ќе ги извежбам одговорите и ќе бидам нормална :rofl:frantic