Сказните од еден поинаков агол

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ова што следи е дел од кабалистичката анализа на Снежана и Седумте џуџиња :)

На многумина нема и денес да им се познати дел од „техничките“ изрази што ги користат и рабини и магичари и оние кои сериозно се заморуваат со херметика...
Но сказните се вистинската алатка за пренесување тајни низ времето и просторот - пред очите на сите :)

"Интересен детал во оваа приказна е тоа што, Јаболкото, поточно парчето јаболко, не стигнува да го загади целото тело(крвта) на Снежана. Тоа е застанато во грлото. Грлото е местото на Даат, лажната сефира наречена Знаење. Тоа е местото на Вишуда-Чакра веднаш над срцевата чакра. Наместо да се затруе астралниот свет на Снежана, самото Срце, кое е центар на Руах, таа го задржува во грлото, задушувајќи се. Спречена да земе Воздух (Вав од Четириделното име, Интелект, Руах), умира, и така подготвена, тргнува на неизвесен пат преку Бездната, местото на лажната сефира Даат, и демонот Хоронзон.

Карактеристично во приказната исто така е тоа што, Снежана, е оставена сама на себе при овој свет чин на Умирање. Го нема Убавиот Принц, го нема ниту милостивиот Страшен Ловец, ги нема ни Седумте Џуџиња кога Снежана е искушувана од Маќеата-Кралица со Јаболко. Таа е заборавена од сите, навидум."

- Извадок од „Liber Nix Candida ad Via Serpentis"