Синдром на повеќекратна личност | Црнобело Форум

Синдром на повеќекратна личност

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Пред некое време ја читав ''Раскажи ми ги соништата" - Сидни Шелдон која ме поттикна да размислувам и истражувам на оваа тема.Воедно синдромот на повеќекратна личност е ретко ментално нарушување кое се карактеризира со тоа што личноста поседува најмалку два различни идентитети кои наизменично го контролираат нејзиното однесување, но не се поврзани еден со друг.Се смета дека причината за ова растројство најчесто е заради тешки трауми од раното детство,како повторувано сексуално,емоционално или физичко насилство.Личноста може да поседува и над 50 идентитети и повеќе, а лечењето на оваа болест најчесто е хипноза.Накратко е тоа,инаку има многу да се пишува на оваа тема.Ме интересираат ваши мислења и податоци.
Дали имате слушнато за овој синдром?Дали познавате некоја личност со овој синдром?Дали верувате дека постои?
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,017
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Имам слушнато за ова во серијата United States of Tara, така да штом те интересира, ти ја препорачувам да ја гледаш.

Штом постои шизофренија, веројатно постои и ова. Сигурно е претешко да се живее со некој со ваков синдром.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,217
753
И јас имам да предложам филм со оваа тематика.
Identity.

На филм или во книга изгледа интересно, ама не верувам дека е толку интересно кога до тебе имаш личност во која живеат повеќе луѓе. Не познавам никој со ваков синдром (освен еден член тука кој ми рече дека пати од тоа и дека има 4 личности во него, ама не е за верување) и освен на филм не сум запознаена некој да имал.
Не знам дали верувам дека постои, а и да има можеби тоа се личности што своја грешка или злостор ја прикриваат со изговор дека патат од овој синдром, па секоја грешка ја препишуваат на другиот/другата/другите во нив.

А ако постојат, сакам да знам повеќе за нив и нивниот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Roxelana and Aleksis

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,905
7,388
1,153
Big Sur
Постојат, верувајте. Настануваат ко одбрамбен механизам, и варираат од личност која глуми ко наивно дете на кое сѐ му е розово и убаво, до екстремно насилна личност која е желна за одмазда.
Има интересна епизода кај Др. Фил со жена со неколку личности во себе, и нормално, свесна е за нив само кога е при себе, а дознава какви се „другите“ преку видео ленти.

Еве, ако е некој заинтересиран.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,311
5,813
1,683
Disco
Која е разликата меѓу шизофренија и синдром на повеќекратна личност?!
Тешко е за верување дека постојат лица со десетици личности во себе, неверојатно е и делува како да е измислено од адвокатската комора на рандом америчка сојузна држава. И онака бизнисот со измислување `дисордери` доживува бум.`Не бев јас, тоа беше другата во мене`.

:D

И јас имам да предложам филм со оваа тематика.
Identity.

На филм или во книга изгледа интересно, ама не верувам дека е толку интересно кога до тебе имаш личност во која живеат повеќе луѓе. Не познавам никој со ваков синдром (освен еден член тука кој ми рече дека пати од тоа и дека има 4 личности во него, ама не е за верување) и освен на филм не сум запознаена некој да имал.
Не знам дали верувам дека постои, а и да има можеби тоа се личности што своја грешка или злостор ја прикриваат со изговор дека патат од овој синдром, па секоја грешка ја препишуваат на другиот/другата/другите во нив.

А ако постојат, сакам да знам повеќе за нив и нивниот живот.

Нели Џон Кјузак во филмот беше good old schizo, две во едно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Која е разликата меѓу шизофренија и синдром на повеќекратна личност?!
Тешко е за верување дека постојат лица со десетици личности во себе, неверојатно е и делува како да е измислено од адвокатската комора на рандом америчка сојузна држава. И онака бизнисот со измислување `дисордери` доживува бум.`Не бев јас, тоа беше другата во мене`.

:D

Нели Џон Кјузак во филмот беше good old schizo, две во едно...

И јас мислев дека шизофренијата и повеќекратната личност е исто но не било.Кога едно лице има шизофренија најчесто доживува халуцинации и илузии, кај повеќекратната тоа не постои.Исто шизофренијата може да се наследи а повеќекратната не.Шизофреничарите најчесто слушаат гласови кои можат да му наштетат,да седат со часови и да гледаат во една точка и не мора да ти објаснувам знаеш и сам кои се симптомите кај шизофреничарите.Сите овие работи ги нема кај повеќекратната личност.Едноставно објаснето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Тој

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,311
5,813
1,683
Disco
И јас мислев дека шизофренијата и повеќекратната личност е исто но не било.Кога едно лице има шизофренија најчесто доживува халуцинации и илузии, кај повеќекратната тоа не постои.Исто шизофренијата може да се наследи а повеќекратната не.Шизофреничарите најчесто слушаат гласови кои можат да му наштетат,да седат со часови и да гледаат во една точка и немора да ти објаснувам знаеш и сам кои се симптомите кај шизофреничарите.Сите овие работи ги нема кај повеќекратната личност.Едноставно објаснето.

Тоа се само поделените личности на поделената личност. Личноста Икс која се јавува кај шизофреникот си прави своја поделена личност која пак прави своја и така се множат :D.
Џекил, Хајд и веселото друштво.

My point exactly. Tоа се симптомите но ако од една личност може да произлезе по пат на делење `особа икс` таа особа икс е сепак продукт на заболениот ум на самата личност и има многу карактеристики на `основната` особа. И секако тука се и другите симптоми кои упатуваат на тоа дека се работи за скизо.
Но некој без никакви други симптоми да тврди дека има 25 лица....не знам, некако ми е too convenient. И као не се сеќаваат дека биле друго лице или делумно само?
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,217
753
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Зависно од личноста, повеќекратноста во карактерот може да биде од блага верзија - Искажување само одредени особини пред другите,зависно од нивниот карактер, па се до тотално менување на личноста и несвесно имање повеќе карактери. Тоа му доаѓа како што се сијамските близнаци -физички врзани, така ова е како две сврзани егоа да има човекот.

Оваа,првата поблагата верзија,ја гледаме секаде и секојден. Сите имате по некој пријател кој ви е пријател а утре најлут непријател.
Сите гледаме како од сиромашни девојки стануваат мажени за богати дебелковци.Тоа не е повеќекратна личност? Глумење работи што не ти се допаѓаат,манири,желби,искуства изглумени? Скоро секој носи по некоја маска на себе.
 
Па и не баш...Ова е нарушување на психата а тоа ти што го зборуваш е лицемерие.

Тоа се само поделените личности на поделената личност. Личноста Икс која се јавува кај шизофреникот си прави своја поделена личност која пак прави своја и така се множат :D.
Џекил, Хајд и веселото друштво.

My point exactly. Tоа се симптомите но ако од една личност може да произлезе по пат на делење `особа икс` таа особа икс е сепак продукт на заболениот ум на самата личност и има многу карактеристики на `основната` особа. И секако тука се и другите симптоми кои упатуваат на тоа дека се работи за скизо.
Но некој без никакви други симптоми да тврди дека има 25 лица....не знам, некако ми е too convenient. И као не се сеќаваат дека биле друго лице или делумно само?

Не се сеќаваат.Тоа се нарекува дисоцијативна амнезија (како што имам прочитано). Спаѓа во групата на дисоцијативни нарушувања односно ментални болести кои вклучуваат амнезија,дефекти на меморија,свест,идентитет итн...