Скоро сите да ги прашаш ќе речат Constant и можеби се во право, но мене Ab Aeterno ми направи најмногу мерак затоа што е најкомплетна епизода. Прво, филмски гледано, растури и со глума и со приказна и визуелно изгледаше како филм со добар буџет. Ништо не фалеше на таа епизода. Второ, долго очекувана мистерија разрешена и одговорени прашања - check! Замисли сите епизоди по таа да продолжеа во таа насока, со откривање детали, решавање мистерии и вистински крај.
Ремек дело е епизодата, гледана ми е преку десет пати, ја гледам како посебен филм. Ништо да не знае човек за ЛОСТ и да почне од таа епизода, пак ќе му биде прејака.