Серија со најлош крај (Спојлери!)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Lost, како само не зафркнаа со крајот. Не знаеа што да направат па ајде ќе им го расипеме крајот. А каква серија беше, од 3та сезона стануваше интересно. The Constant епизодата беше прејака, ама добро барем уживавме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Lost, како само не зафркнаа со крајот. Не знаеа што да направат па ајде ќе им го расипеме крајот. А каква серија беше, од 3та сезона стануваше интересно. The Constant епизодата беше прејака, ама добро барем уживавме.

Мене пак првите 3 сезони ми беа најдобри, највозбудливи и најмистериозни. И 4та до некаде, а после тоа почна нагло да ми опаќа, толку глупа ми стана, што не се сеќавам ни дали крајот го изгледав. Како и да е, супер серија беше на почетокот и уште ми се допаѓа една работа - секоја епизода беше посветена на еден лик, се раскажуваше нешто за него и неговото минато.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мене пак првите 3 сезони ми беа најдобри, највозбудливи и најмистериозни. И 4та до некаде, а после тоа почна нагло да ми опаќа, толку глупа ми стана, што не се сеќавам ни дали крајот го изгледав. Како и да е, супер серија беше на почетокот и уште ми се допаѓа една работа - секоја епизода беше посветена на еден лик, се раскажуваше нешто за него и неговото минато.
До 3та сезона е повеќе драма и запознавање со островот, добро ова повеќе во првите две сезони. Од 3та до средината на 5та сезона е баш она мистерија. Мене омилени ми се 4та и 5та сезона, посебно финалето на 5 сезона.
Од 4 како што кажав, The Constant е предобра епизода. Through the looking glass од 3та сезона е исто добра. Единствено 6 сезона не ми се допадна толку освен Ab Aeterno епизодата, тоа беше перфекција, другото од таа сезона многу лошо.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тед: И така децо, ја запознав мајка ви.
Децата: Шо мајка ти? :zelen

Ептен ептен лош и крајно дефетистички крај за една таква добра ситком серија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and MissChievous

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Мојата омилена серија LOST има најразочарувачки крај на сите времиња. Но во мојава глава има алтернативни расплети така да не се замарам многу. Првите 3 сезони се топ но целата серија е едно неповторливо искуство. За мене најдобра епизода е Ab Aeterno од шестата сезона. Растури епизодата во поим.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Мене Dexter не ми се допадна како заврши...Последната сезона целосно мислам беше мнооогу лоша :/ Едвај ја изгледав ...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мојата омилена серија LOST има најразочарувачки крај на сите времиња. Но во мојава глава има алтернативни расплети така да не се замарам многу. Првите 3 сезони се топ но целата серија е едно неповторливо искуство. За мене најдобра епизода е Ab Aeterno од шестата сезона. Растури епизодата во поим.
The Constant беше подобра, малку не многу. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Скоро сите да ги прашаш ќе речат Constant и можеби се во право, но мене Ab Aeterno ми направи најмногу мерак затоа што е најкомплетна епизода. Прво, филмски гледано, растури и со глума и со приказна и визуелно изгледаше како филм со добар буџет. Ништо не фалеше на таа епизода. Второ, долго очекувана мистерија разрешена и одговорени прашања - check! Замисли сите епизоди по таа да продолжеа во таа насока, со откривање детали, решавање мистерии и вистински крај.

Ремек дело е епизодата, гледана ми е преку десет пати, ја гледам како посебен филм. Ништо да не знае човек за ЛОСТ и да почне од таа епизода, пак ќе му биде прејака.