Серија со најлош крај (Спојлери!)

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Името кажува се. Не зборуваме за лоши серии, туку серии кои сте ги обожавале, но ве разочарале како завршиле.

Неретко се случува некоја серија да ја обожаваме, да ја следиме редовно, да развиваме теории што би можело да се случи следно, за на крај сценаристите комплетно да ја утнат работата.

Мене ова ми се случи со Lost.
Бев опседната со серијата, ја следев редовно, читав на интернет статии од верни фанови за тоа што значат одредени сцени и симболи во серијата, сум останувала до доцна за да ја фатам во моментот на емитување, за на крај сето тоа да се изврти и да заврши најглупаво што можеше. Не ги разраснија многу од работите, пола од заплетите што ги ставија не ги ги отплеткаа, крајот беше тотално несмислен и глупав, сцените неповрзани... Едноставно не се стави убава целина на една таква култна серија.

Истото и со Dexter. Серијата можеше да заврши на толку многу начини, а финалето беше толку бледо, млако и глупаво што се каам што продолжив да ја гледам серијава.

Не знам дали да ја направиме темата spoiler free, за да се каже конкретно што ни сметало, или да ги ставаме краевите во спојлер, но за да не биде секое мислење така, нека каже модераторот како е подобро:)
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Нека биде слободна, да не се разговара на секој пост и насекаде низ темата со спојлери и да може на мира да си каже секој што го разочарало конкретно во крајот. Ќе пишам сега дека има спојлери.

Ете нека бидат имињата на сериите за кои се расправа болдирани, за да не се зезне некој што не стигнал до крајот на серијата, лесно да се види за која серија станува збор без да се чита цел пост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Моментално сум тотално разочарана од крајот на The Mentalist т.е. доколку ова навистина е крајот, Хелер тешко не има зафркнато да пратиме шест сезони за таков смешно-млитав крај без некаква посебна логика.
Да не се лажеме, цели 5 сезони, Ред Џон е претставен како генијалец кој може да направи што сака, кога сака и да побегне како сака, оставајќи го Џејн исфрустриран и со прашалници над глава, а сега одеднаш решава да се покаже и надмудрува, дури и да се двоуми дали да убие некој со кој се ловат со години, за на крај да падне на толку глупава финта и...да не зборам понатака како се одвива сценариото, кој гледал - знае.
Кога заврши епизодата, не ми се ни веруваше дека дозволија туку-така да заврши.
Искрено, ни листата осомничени не ми се допаѓаше нешто посебно. Освен 2 лика, другиве ми беа ко на ждрепка да ги влечеле безвезе.
Очекував многу, многу, премногу повеќе, со оглед на сите тие брканици кои настануваа низ останативе сезони. Изгледа ко самиве сценаристи да се имаат изгубено во сценариото, па сега набрзинка склопиле безвезен крај колку да не ја влечат серијава.
Се надевам последниве неколку епизоди ќе дадат некоја позадина и ќе го оправдаат ова фијаско, или ќе донесат некој јак, неочекуван пресврт.
Во спротивно, ќе биде тоа апла разочарувачки крај на една од моите поомилени серии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Името кажува се. Не зборуваме за лоши серии, туку серии кои сте ги обожавале, но ве разочарале како завршиле.

Неретко се случува некоја серија да ја обожаваме, да ја следиме редовно, да развиваме теории што би можело да се случи следно, за на крај сценаристите комплетно да ја утнат работата.

Мене ова ми се случи со Lost.
Бев опседната со серијата, ја следев редовно, читав на интернет статии од верни фанови за тоа што значат одредени сцени и симболи во серијата, сум останувала до доцна за да ја фатам во моментот на емитување, за на крај сето тоа да се изврти и да заврши најглупаво што можеше. Не ги разраснија многу од работите, пола од заплетите што ги ставија не ги ги отплеткаа, крајот беше тотално несмислен и глупав, сцените неповрзани... Едноставно не се стави убава целина на една таква култна серија.

Истото и со Dexter. Серијата можеше да заврши на толку многу начини, а финалето беше толку бледо, млако и глупаво што се каам што продолжив да ја гледам серијава.

Не знам дали да ја направиме темата spoiler free, за да се каже конкретно што ни сметало, или да ги ставаме краевите во спојлер, но за да не биде секое мислење така, нека каже модераторот како е подобро:)
Еве сум иста во однос на Lost...:) Lost фанатик :)
Единствена серија која успеала да ми го задржи вниманието до толку, се концентрирав на секој детал и случка (да не пропуштам нешто) зашто се беше поврзано со предходните или идните дејствија....уникатна приказна, прекрасна актерска екипа, за локацијата не мора ни да зборуваме - рај на Земјата, мистериозна, полна со изненадувања и на крајот...?!
Опседната бев и јас со серијата, ја гледав на ТВ со душа ја чекав секоја наредна епизода, полна исчекување...едноставно ја обожавав...
Ја изгледав и на крајот едно големо разочарување...ама после си седнав и си ја гледав пак на нет...од почеток до крај...и иако и беше таков крајот сепак мене лично ми е број еден серија...

Друга серија која ме разочара со крајот е Desperate housewives...
Не дека ми е којзнае колку омилена, ама ми беше релаксирачка за гледање...
Во секој случај не очекував таков крај...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Одлична тема.

Јас како огромен обожавател на Dexter, се разочарав од крајот... зошто мора да има крај, зошто не снимаат бесконечно? :D Не, сериозно, мене добар ми беше крајот. Без разлика дали сметаме дека Декстер е негативец или не, на крајот си плати за сите свои гревови. Сестра му, жената која можеби најмногу ја сакаше и го помина цел живот заедно - почина (поради него). Жената која ја сакаше на романтичен начин мораше да излезе надвор од државата и во овој случај, заедно со неговиот син. Последните неколку сцени ни кажуваат дека живее бог знае каде, работи обична работа и најважно од се - тој е целосно сам. Живее живот без сестра му, без син му и без саканата жена. Уште поважно, со можеби наголемата казна - не може да убива.

Меѓу моите поомилени серии е Entourage, која заврши во 2008 со 8 сезони. Целата последна сезона не ми се допадна бидејќи самата сезона и крај го направија клише and they lived happily ever after. Главниот лик Винсент кој во сите други сезони е претставен како најголем женкар одеднаш запознава девојка која толку многу ја засакува што ја зема за жена - а сезоните имаат по само 8 епизоди за развивање на приказната. Кариерата на Џони трга во позитивна насока, Тртл одеднаш прави толку добар бизнис што заработува не знам таму колку беа милиони, Кевин дознава дека женска му (заборавив како се викаше) е трудна - конечно оформува семејство и Ари го поправа односот со жена му и решава да не се замара со работата и целосно да се посвети на фамилијата - со исклучок последниот телефонски повик кој не тера да мислиме дека можеби ќе продолжи со кариерата. Значи, ја обожавам серијава, ама по исфорсиран happy end немам видено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Незнам дали се сеќавате и дали сте ја гледале Плажата на Залезот ,,Sunset Beach,, ...епа јас ја гледав на прва и не ја откупија понатаму серијата и не оставија подзинати...мене тогаш тоа ми беше најлош крај фигуративно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Змејче

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Lost - тоа во ЧИСТИЛИШТЕ сите да ти биле |-(
Sunset beach - најглуп крај што сум видела (facepalm)
Dexter - no comment....
 
Ucitelka

Нов член
2 ноември 2013
9
1
3
37
Незнам дали се сеќавате и дали сте ја гледале Плажата на Залезот ,,Sunset Beach,, ...епа јас ја гледав на прва и не ја откупија понатаму серијата и не оставија подзинати...мене тогаш тоа ми беше најлош крај фигуративно.

Ја гледав последната епизода на интернет и испадна дека сета серија е всушност еден сон на Мег, во кој се вклучени нејзините пријатели.
Едит од модератор: Забрането рекламирање.