Пошто не верувам во овие работи, можам само да кажам дека обично такви звуци и сенки се јавуваат ко последица на стара инсталација и/или вентилација. Кај вујко ми во една соба се слушаше слабо пукање ко од ѕидот да иде, а кога ќе пуштеше светло - го снемуваше, па на крај испадна дека не биле жичките во штекерот убаво наместени.
Да се навратам на горното. Има испитувања дека при одредено струење на воздух се ствара инфра звук (нормално, ко таков е нечуен за човечкото уво) кој предизвикува непријатност т.е. тоа е она језиво чувство ко да има уште некој во собата. Мислам дека стануваше збор за фреквенција од 18 херци некаде, а таа јачина е позната како опсег на паника. Дури тестирано е и врз луѓе во театар и речиси сите изјавиле дека во одреден момент се осетиле непријатно. Имаше и еден што тестирал дека кога вентилаторот ќе го поставел на одредено место, кај што „владеела“ таа фреквенција, на ѕидот ко да гледал сенки, а кога ќе го поместел, немало ништо.
Исто каде што има и лим поставено, може да дојде до непријатни вибрации т.е. тоа се оние „дух“ звуци. Затоа таквите сенки најчесто се појавувале по подруми, на праг, на ѕид т.е. онаму кај што има блокада која го спречува нормалното струење.