Сексуално преносливи болести

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Сексуално преносливи болести, симптоми,последици и лекување:

ХПВ - Хуман папилома вирус
Терминот ХПВ се однесува на група вируси т.н. папилома вируси. Досега се идентификувани околу 100 различни типови на ХПВ вируси, а околу 30 од нив се пренесуваат со сексуален однос. Овие вируси се напрекуваат папилома вируси, бидејќи одреден број од нив предизвикуваат брадавици по телото на човекот или медицински наречени папиломи. Хуман папилома вирусите (ХПВ) предизвикуваат инфекција која ги зафаќа кожата и слузниците по телото.
Оние типови кои се пренесуваат преку гениталиите се нарекуваат генитални ХПВ, а болестите кои ги предизвикуваат спаѓаат во сексуално преносливи болести.
Дури 50 % од сексуално активните лица ќе развијат инфекција со ХПВ во одреден момент од својот живот.
ХПВ се разликува од гениталниот херпес, кој исто така претставува вирус што се пренесува со сексуален однос (сексуално пренослива болест). Сепак, гениталниот херпес предизвикува појава на мали меурчиња или ситни ранички на гениталната слузокожа, додека ХПВ предизвикува појава на израстоци наречени брадавици, медицински познати како condylomata acuminatum.
Одредени типови на ХПВ можат меѓутоа да предизвикаат појава на цервикална дисплазија- променета слузница на вратот на матката со потенцијал да се трансформира во вистински рак на грлото на матката. Во обата случаи, жената може воопшто да не осеќа никакви тегоби. Не постои лек за ниту една од овие болести, но во најголем број од случаите на инфекција со ХПВ, имуниот систем на организмот успешно се бори со вирусот и на крај успева целосно да го отсрани вирусот од себе. За разлика од ХПВ, гениталниот херпес вирус има тенденција да се скрие и долго да мирува во организмот (најчесто во нервните клетки) и чека погоден момент кога повторно ќе се активира.
Инфекцијата со HPV вирусот се смета како главен фактор на ризик за развој на карцином на грлото на матката.
HPV е изолиран во 99.7% од сите цервикални карциноми. Се смета дека овој вирус трансформирајќи ги клеточните протеини кои се енкодирани со вирусните гени Е6 и Е7 можат да ги блокираат продуктите на тумор-супресорните гени p53 i pRb во клетката и на тој начин да доведат до нејзина неконтролирана, абнормална делба.
HPV се класифицира во група на високоризични генотипови (HPV 16, 18, 31 i 45) и група на нискоризични генотипови (HPV 6 i 11).
HPV 16 предизвикува околу 50%, а HPV 16 и 18, околу 70% од сите цервикални карциноми. Помеѓу 18 и 24 годишна возраст, со високоризичните HPV типови се инфицирани 8-12% од жените, а по 35 годишна возрат, 2-5%.
HPV инфекцијата на цервиксот на матката, која се пренесува по сексуален пат, најчесто е во субклиничка форма, и е присутна кај 7-17% од женската популација. Оваа инфекција има улога на промотор во канцерогенезата.
Од инфекцијата со HPV вурсот до развој на карцином на грлото на матката може да поминат 7 до 10 години, што остава доволно време за превенција. Превенцијата се спроведува со:
  • ПАПА тест: секои 3 години, доколку е наодот уреден,
  • Тестови за идентификација на ХПВ, ако ПАПА тестот уреден,
  • Колпоскопија, ако е наодот од ПАПA тестот нејасен.
Неколку испитувања покажаа дека ХПВ инфекциите играат улога и во настанување рак на анусот, вагиналните усни и пенисот, како и на одредени облици рак на устата и голтникот.

Како се пренесува ХПВ инфекцијата?
ХПВ се пренесува со директен контакт од кожа на кожа со инфицирано лице. Преносот обично се врши при вагинален, орален или анален секс. Пренесување на инфекцијата може да се случи дури и кога инфицираното лице нема брадавици или било какви други симптоми.
Мора да се истакне дека употребата на презервативите не значи и сигурна заштита од ХПВ инфекцијата. Можно е таа да се пренесе и од присутниот вирус на кожата околу гениталните органи. Вирусот може да го има на кожата на скротумот и кожата на бедрата кај инфицираното лице.
Спермицидните пени, кремови, желеа кои имаат дејство против сперматозоидите и со тоа спречуваат несакана бременост, не се ефикасни во спречување на ХПВ инфекција. Напротив тие можат да предизвикаат ситни микроскопски ранички на слузницата на гениталиите, со што се олеснува контактот со ХПВ вирусот.
Се уште не е сосема потврдено дали инфекцијата може да се пренесе преку предмети како крпи, долна облека или друг личен прибор.
Фактори на ризик за развој на ХПВ инфекција се:
  • Повеќе сексуални партнери. Утврдено е да лицата кои почесто ги менуваат своите сексуални партнери имаат значително поголем ризик да бидат заразени со ХПВ. Лица кои имаат еден сексуален партнер имаат многу помал ризик од инфекција со ХПВ вирус.
  • Сексуални односи со високо ризичени партнери. Оние лица кои имаат сексуални односи со лица кои често ги менуваат своите сексуални партнери или кои се заразени со ХПВ вирусот, имаат поголем ризик да се заразат со ХПВ вирусот. Во тие случаи обавезно се препорачува користење на презервативи при сексуалниот однос, иако и тие не даваат целосна заштита од инфекцијата.
  • Пушење. Утврдено е дека пушачите имаат поголем ризик да се заразат од ХПВ вирусот. Исто така, пушењето е важен фактор на ризик за развој на преканцерозните лезии на грлото на матката, како и за развој на карциномот на грлото на матката. Инциденцата на цервикалниот карцином е повисока кај жените кои пушат. Тие имаат релативен ризик за заболување од 3.0.
  • Намален имунитет. Лицата со намален имунитет, како оние со СИДА или некои други нарушувања, имаат зголемен ризик да се инфицираат со ХПВ. Исто така кај нив инфекцијата е побурна и може да даде поизразени симптоми и знаци.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Сексуално преносливите болести се заразни болести кои се пренесуваат од заразена на здрава личност и тоа најчесто преку: сексуален однос (вагинален, орален или анален), заедничко користење на игли и шприцови кај лицата кои земаат дрога и од заразена трудница на детето во текот на трудноста и пораѓајот.

Зошто младите се подложни на зарази и преноси на сексуално преносливи инфекции?

Ризикот за заболување од сексуално преносливите инфекции е најголем кај оние малди лица кои рано стапуваат во сексуални односи и кои се склони кон често менување на партнерите. Заправо таа популација не е склона на користење кондоми, кои се најсигурно заштитно средство и против сексуално преносливите инфекции и против несакана бременост. Освен тоа, препознвањето на ризикот во младата популација е изразито ниско, а верувањето “нив ништо лошо не може да им се случи” е изразито високо. Младите кои користат било какви психоактивни дроги (вклучувајки го и алкохолот) повеке се склони, под дејство на дрогата, кон непланирани сексуални односи со непознати партнери, при што воглавно не користат никаква заштита.

Најчести сексуално преносливи инфекции

Сексуално преносливите болести во последните десетина години покажале големи промени во примероците, симптомите, тежината и прогнозата, од “класичните” сексуално преносливи болести како сифилис и гонореја кои се се помалку застапени, а се повеќе се појавуваат болести предизвикани од не толку одавна откриени примероци (кламидија, уреаплазма, хуман папилома вирусот и др.). Денес од сексуално преносливите болести најраспространети се оние кои се во вид на вируси, и тоа: ХИВ вирусот, гениталниот херпес, хуман папилома вирусот и хепатитис Б и Ц. Најраспространета бактериска сексуално пренослива инфекција е кламидијата (Chlamydia trachomatis).

Карактеристични знакови на сексуално преносливите инфекции

Сите наведени сексуално преносливи болести не предизвикуваат лесно воочливи и карактеристчни потешкотии, а кај инфекцијата кламидија предзнаците може да бидат и изоставени. Симптомите се уште помалку воочливи кај машките. Така се случува да заразената личност, не знаејќи дека е заразена и не барајќи лекарска помош, ја пренесуваат инфекцијата на сите нивни сексуални партнери. Иако менувањето на сексуалните партнери е еден од најголемите ризици за сексуално преносливите инфекции, заправо “невидливата” присутност на микроорганизмите во младата популација, може да доведе до зараза и на оние девојки или момци кои не се склони кон често менување на сексуалните партнери. Веке првиот или вториот партнер може да префати и пренесе кламидија или хуман папилома вирусот, што може да доведе до долготрајни потешкотии, а и до трајни последици. Ако девојката/дечкото осеќа болка, чешање или има други промени на кожата во деловите кај гениталиите, појачан или променет секрет од вагината или пенисот, тешкотии при мокрењето, болки или крварење при сексуални односи, треба задолжително да се обрати кај лекар за побрзо откривање на заразата или инфекцијата и нејзино навремено лечење.

Последици

Ако навремено и рано не се препознаат и не се лечат, сексуално преносливите инфекции може да доведат до стерилитет кај мажите или жените, вонматерична бременост и спонтани абортуси. Против вирусните сексуално преносливи болести нема лекови, освен за хепатитис Б. Бактериските сексуално преносливи болести успешно се лечат со антибиотици.

Спречување на преносот и ширењето на сексуално преносливите инфекции

Потполна сигурност нуди единствено воздржувањето од сексуални односи со непознати личности и (или) взаемно верен однос помеќу две незаразени личности ( ако имате сексуални однсои со здрав партнер кој има сексуални односи само со вас). Ако постои сомнеж за можна зараза во претходната сексуална врска или врски, потребно е да се обратите кај лекар заради што порано откривање на заразата и нејзино лечење. Сигурна заштита против сексуално преносливи инфекции, а и против несакана бременост, нуди само редовна употреба на кондоми. Сигурноста на заштитата со кондоми зависи и од неговата правилна употреба. Најсигурна заштита нудат кондомите од латекс кои се премачкани со спермицидно контрацептивно средство.

А, еве нешто малку и за поедини видови сексуално преносливи болести

Калимидиска инфекција

Најраспространета и по човековата плодност најпогубна сексуална пренослива болест е кламидијата која ја предизвикува бактеријата Chlamydia trachomatis. Инфекциите предизвикани од бактеријата Chlamydia trachomatis предизвикуваат се поголемо внимание.
Инфекцијата најчесто не предизвикува никакви здравствени тегоби поради кои би се побарала помош од лекар. Тоа е причина често да остане непрепознаена и нелечена. Знаците на инфекцијата не се специфични т.е. само со посебни испитувања може да се разликуваат од инфеција на разни други микроорганизми. Кај машките се појавува црвенило, пецкање и појачан секрет. Кај жените знаците обично се појачан секрет и чувство на иритираност на родницата.
Доколку не се лекува кламидијата може да се прошири и на другите делови на гениталиите и да дојде до сериозни последици. Кај жените инфекцијата може да се шири преку материцата до јајцеводите. Често непрепозната и нелечена или недоволно рано лечена инфекција, може да предизвика делимична или потполна непроодност на јајцеводите. Последиците може да бидат вонматерична бременост или неплодност. Можна е и зараза на детето во текот на пораѓајот, кое може кај детето да предизвика запаление на плуќата и очите. Може да доведе до влез на други микроорганизми кои ја зголемуваат опасноста од гнојни запаленија. Кај мажите може да дојде до намалена плодност или неплодност.
За да се спречат можните последици, инфекцијата кламидија мора да се лечи и тоа многу важно е да се лечат и мажот и жената. За време на лечењето, па се до целосното излекување кога лабораториските наоди ке се негативни, треба да се придржувате до упатствата за сексуално однесување. Најсигурно е да се воздржувате од сексуални односи во тој период. Паровите кои имаат сексуални односи за време на лечењето мора да користат кондоми.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
  1. СИФИЛИС
    1. Што е сифилис и што го предизвикува? Сифилис е полово пренослива болест предизвикана од бактерија - Treponema pallidum . Се јавува кај сексуално активни лица, најчесто мегу 20-29 год. возраст.
    2. Како се пренесува?- Најчесто преку незаштитен сексуален контакт со инфицирано лице.

    - Директен контакт со секрети од болниот или со инфицирана крв. - Вертикален пренос - од бремена жена на плодот во кој било период на бременоста.
    3. Како се манифестира?
    Сифилис е болест која се одвива во три стадиуми означени како примарен, секундарен и терцијален сифилис.

    - Примарен стадиум: безболна раничка ( улкус дурум ) се јавува 2-3 недели по иницијалниот контакт и често останува незабележана посебно ако е лоцирана на грлото на матката или во ректумот. За 4-6 недели спонтано се повлекува.

    - Секундарен стадиум: ова е најзаразниот стадиум на луес. Се јавува кај една третина од нелекуваните пациенти и тоа 2-8 недели по појавата на примарната раничка. Тој е резултат на навлегување на бактеријата во крвта и се манифестира со кожен исип ( најчесто на труп, дланки и табани, лице ), промени ( исип или ранички ) во уста, грло или гениталии, зголемени лимфни жлезди, опаѓање коса и општи знаци на инфекција (покачена температура, болки во коски, зглобови и сл.). Поминува за неколку недели до година, преминувајќи во латентна фаза т.е фаза без симптоми.

    - Терцијален стадиум: крајна фаза на сифилис кај нелекувани болни, со оштетување на мозок ( ЦНС ), циркулаторен систем (аорта) или појава на деструктивни промени ( гуми ) на кожа, црн дроб, коски и зглобови.
    4. Како се докажува сифилис?

    Постојат специфични тестови за дијагноза, во зависност од стадиумот на болеста. Лекарски преглед и откривање на примарната раничка од која ќе се земе примерок ( брис ) кој се гледа под микроскоп ( во темно поле ) за да се види бактеријата како и крвни серолошки тестови ( крв најдобро е да се земе по 6 недели од појава на примарната раничка ) се доволни за потврда на сифилис.

    5. Кои се компликации на сифилис?

    - Трајни оштетувања на мозок, очи, слух, ( неуролуес ), оштетувања на аорта, кожа и коски и сите промени од терцијалниот стадиум.

    - Вроден сифилис ( заради пренос во тек на бременост ).

    6. Лекување!

    Соодветна терапија со антибиотици ( Пеницилин ) навреме започната, е успешен третман за сифилис, со редовно следење на состојбата и доволно долго за да се спречи развивање на компикации.

    7. Која е заштита од сифилис?

    Избегнување на ризично сексуално однесување со користење кондом при секој сексуален контакт како и рана дијагноза и лекување на заболеното лице, спречува појава и ширење на сифилис.
    Сифилисот порано била многу распространета, тешка и смртоносна сексуално пренослива болест која зафаќала различни органски состави. До откривањето на антибиотиците била и неизлечива болест. Се пренесува преку крвта за време на сексуален однос преку едвај видливо оштетена кожа или слузница кај машкиот или женскиот полов орган. Освен што предизвикува телесна омалаксаност, сифилисот предизвикува и тешки душевни последици, со бавно но целосно распаѓање на личност
  2. Што е генитален херпес?

    Херпесот е полово пренослива болест ( ППБ ) предизвикана од herpes simplex virus ( тип 1 и 2 ). Се појавува речиси подеднакво и кај машката и кај женската популација, со најголема застапеност меѓу адолесценти и млади од 20-29год. Честотата е директно поврзана со бројот на секс.партнери, сексуалните навики ( орален или анален секс ), и социоекономските услови за живот.

    2. Како се пренесува гениталниот херпес?

    Тип 1 и 2 ХСВ може да се излачи од кожните промени додека болеста е манифестна, но и од плунка, секрет од око и гениталии. Затоа личноста скоро секогаш се заразува со ХСВ-2 преку незаштитен сексуален однос со личност која има генитален херпес. ХСВ-1 предизвикува херпес на устата, а во генитална регија може да се пренесе преку орално-генитален сексаулен контакт со инфицирано лице.

    3. Како се манифестира?

    Најчесто инфекцијата поминува асимптоматски или со минимални знаци.

    Инкубацијата е од 7-14 дена, а типична промена која се забележува е во вид на едно или повеќе меурчиња, на црвена основа во предел на гениталиите или анусот, пратени со јадеж, локална болка или пецкање на зафатената регија.Може да се јават и општи знаци на инфекција ( малаксаност, покачена температура и сл.) Во својата еволуција, меурчињата прскаат, оставајќи ситни ранички кои зараснуваат за 2-4 недели. Во анална регија пратени се со болна и отежната дефекација.

    И покрај повлекување на симптомите, Херпес симплекс е вирус кој се задржува во клетките на организмот и има склоност да се повторува спонтано или при пад на имунитетот, стрес, други болести но секоја следна епизода е пократка и полесна од примарната ( во просек од 2-10 епизоди годишно ).

    4. Како се дијагностицира?

    Најчесто лицата не се свесни за својата инфекција, заради што е отежната навремената дијагноза. Таа може да се постави преку инспекциски преглед и утврдување на типичната промена; преку земање примерок од раната и од него да се изолира вирусот или во него да се докаже вирусниот антиген ( со ЕЛИСА, имунофлуоресценција и др.). Крвните тестови кои ги докажуваат антителата против ХСВ 1,2 го олеснуваат поставувањето на дијагнозата.

    5.Дали гениталниот херпес е сериозна болест?


    Кај возрасни лица ХСВ тип2 може да предизвика долготрајни и болни генитални ранички, може да доведе до воспаление на мозокот и неговите обвивки, или пак лицата кои имаат ген.херпес може да бидат суспектни за ХИВ инфекција. Кај жени се поврзува со појава на рак на грло на матка.

    Кај трудници, кои во текот на бременоста имаат активен ген. херпес, постои ризик за пренесување на инфекцијата на новороденото во тек на породувањето, заради што се препорачува породување со царски рез.

    6.Постои ли терапија за генитален херпес?

    Не постои лек кој може да ја излекува херпетичната инфекција, иако постојат лекови како Ацикловир, со кои може да се скрати траењето на епизодата и да се спречи повторно манифестирање.

    7. Како може да се заштити од генитален херпес?

    Правилна и постојана употреба на латекс кондоми при сексуален однос е најсоодветна заштита од ХСВ, иако понекогаш кондомот не ја покрива херпетичната раничка и сепак може да дојде до инфекција. Затоа ако еден од сексуалните партнери има генитален херпес, најдобро е секуално да се апстинира до губењето на симптомите.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
ГОНОРЕА ( ТРИПЕР )



1. Што е гонореа и што ја предизвикува?

Тоа е честа полово пренослива болест, предизвикана од Neisseria gonorrhoeae, бактерија што лесно се размножува во слузницата на влажни, топли места во гениталните органи, како што е грлото на матката, матката и јајцеводите кај жени т.е мочниот канал кај мажи и жени. Исто така може да опстане во уста, грло или анус.



2. Како може да се добие гонореа?

Ризик постои кај секоја сексуално активна личност, но најчесто се јавува кај 15-19 год. девојки и кај 20-24 год. мажи.

Гонореата се пренесува преку сексуален незаштитен контакт ( не мора да има ејакулација за да се пренесе инфекцијата ).

Друг начин на пренос е автоинфекција т.е откако се допираат инфицирани гениталии и потоа се протријат очите, може да се пренесе инфекција на око.

Гонореа исто така се пренесува и од мајка на дете во тек на породувањето ( задолжителна е заштита со капки на очите на секое новородено! ).

3. Кои се знаци и симптоми на гонореа?

Првите знаци најчесто се појавуваат 2-5 дена по инфекцијата, иако може да поминат и 30 дена, во кој период инфицираната личност може да ја пренесува болеста.

Манифестација кај жени: знаците може да се неспецифични и да се помисли на вагинална или инфекција на мочен меур. Првите знаци најчесто се печење или болка при мокрење и вагинален жолт, густ исцедок.

Манифестација кај мажи: често мокрење со печење, болка и јадеж со темножолто исцедок од пенисот.

Аноректална инфекција: чешање, болка или крваво-гнојни столици.

4. Како се дијагностицира гонореа?

Обавезен лекарски преглед ( кај уролог т.е гинеколог ) и одредени микробиолошки анализи со кои може да се утврди дијагнозата, а се зема примерок од секретот од инфицираните органи ( цервикс, мочен канал, ректум ). Брза дијагноза може да се постави преку земање секрет на предметно стакло кој се гледа под микроскоп ( претходно обоен со специјална боја - по Грам ) каде ќе се видат бактериите. Преку анализа на крвта се докажуваат антителата против гонореа.

5. Кои се компликации на гонореа?

Кај мажи, нелекуваната гонореа може да даде воспаление на тестисите и нивните канали што би довело и до стерилитет. Не се поштедени ни простатата нити мочниот канал, што води до пречки со мокрењето.

Кај жени, нелекувана гонореа предизвикува Карлична воспалителна болест ( Пелвиц инфламматорѕ дисеасе ) која не секогаш дава симптоми или може да биде многу тешка со треска, висока температура, стомачна болка, а ги зафаќа внатрешните генитални органи и води до стерилитет или вонматерична бременост.

6. Како се лекува гонореа?

Антибиотици ( од група на Пеницилини ) се основа во третманот на гонореа и треба да се пијат додека се препишани, а не само додека да се повлечат симптомите. Личност која еднаш имала гонореа, може повторно да заболи ако има сексуален контакт со инфицирано лице.

7. Како да се спречи гонореа?

-Користи кондом секогаш кога имаш секс!

-Ограничи го бројот на сексуални партнери!

-Ако се сомневаш дека си инфициран, избегнувај сексуален однос и веднаш јави се на лекар!

-Ако знаеш дека имаш гонореа, информирај го моменталниот сексуален партнер за да се провери и евентуално лекува!

ХЕПАТИТИС "Б"
Општи информации - хепатитис значи воспаление на црниот дроб кое најчесто е предизвикано од еден од 5-те вируси (А, Б, Ц, Д и Е). Секој од овие вируси може да предизвика акутно заболување со симптоми кои во просек траат неколку недели. Различните видови на хепатитис имаат заеднички и специфични карактеристики .

Начини на пренесување - хепатитис "Б" може да се пренесе:
  • од мајка на најзиното дете,
  • од дете на дете,
  • преку трансфузија и заедничко користење на игли и шприцеви
  • преку сексуален контакт и контакт со телесните течности како што е крв, плунка и урина.

Последица од прележан Хепатитис "Б" може да биде долготрајно оштетување на црниот дроб.

Причинител - вирус присутен во крвта и другите телесни течности на инфицираното лице.

Симптоми - секој од 3-те стадиуми на болеста има свои симптоми.Постојат случаи кога лицето заразено со Хепатитис "Б" нема никакви симптоми а сепак може да ја пренесува заразата на други.

Iстадиум - симптомите се јавуваат 1-6 месеци по заразувањето и се карактеризираат со:
општи симптоми (кашлица и болки во грло)
чувство на малаксалост и грубење на апетит
болки во зглобови

IIстадиум - наречен стадиум на жолтица трае 2-8 недели. Во текот на овој стадиум се јавуваат нај јасните симптом на болеста .
кожата и белките на очите се жолти
урината станува темно кафеава, а столицата бела светла
болки во абдоменот

IIIстадиум - наречен стадиум на оздравување. Во овој стадиум исчезнува жолтилото на кожата и белките. Урината и столицата стануваат нормални. Губитокот на тежина до 4,5 кг. за време на болеста е често.

Лекување - единствен третман е одмор и здрава храна. Докторот ќе каже колку долго е потребно да се мирува. Некогаш се потребни и неколку месеци за нормализирање на состојбата.

Превенција - постои вакцина против хепатитис "Б". Таа е скапа и поради тоа достапна само за одредени земји и луѓе. Една од индикациите за давање на оваа вакцина е на сексуални партнери на луѓе кои биле заразени со вирусот. Ако е потребно да се вакцинираш обрати се на својот доктор и објасни му зошто мислиш дека има потреба од тоа.

КАНДИДИЈАЗА

Причинител - габа која многу луѓе нормално ја имаат на кожата. Во некој случаи таа се разликува и предизвикува болест. Кај жените ги зафаќа вулвата и вагината а кај мажите може да го зафати пенисот. Кандидијазата може но не мора секогаш да биде пренесена преку сексуален контакт.

Симптоми

Кај жени:

- густ, бел исцедок од вагина
- оток на вулва (кожата околу вагината)
- болки при мокрење
- свраб околу гениталии и анална регија

Кај мажи:
- воспаление на пенис

Лекување - за жените терапијата ја сочинуваат вагинатории (меки таблети кои се ставаат длабоко во вагината) и крема против чешање. Кај мажите терапијата е само крема.