Секој има своја вистина? | Црнобело Форум

Секој има своја вистина?

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Можеш ли тогаш да дефинираш вистина?
Ја дефинирав претходно, вистина означува квалитет на исказ. Еден исказ може да биде вистинит, невистинит, полувистинит итн... зависно од неговата обемност, односно колку премиси и заклучоци опфаќа.

Правите грешка што го одделувате тој збор од концептот каде што припаѓа и го применувате врз некоја апстрактна идеја и формирате празни реченици како - збирот на моите сфаќања, ставови, доживувања е моја вистина, со што доаѓа до заблуди и непотребни дискусии.
добро. во право си и за ова.
имам уште само едно прашање :
дали збирот на твоите сфаќања, ставови, доживувања е вистинит или лажен?
Пак ја правиш истата грешка, не можеш логички да ја оцениш вистинитосната вредност на ваква празна апстракција. Одредени ставови се вистинити зошто се докажани преку научни методи, други ставови се производ на здрав разум и елементарна логика, моите доживувања се чисто субјективни и не можат да бидат оценети на истиот начин етц етц. Не се собира се на купче, тоа е поентата. Нема нешто како 'моја вистина' - тоа е празен збор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,441
9,151
1,683
Кушкундалево
Ја дефинирав претходно, вистина означува квалитет на исказ. Еден исказ може да биде вистинит, невистинит, полувистинит итн... зависно од неговата обемност, односно колку премиси и заклучоци опфаќа.

Правите грешка што го одделувате тој збор од концептот каде што припаѓа и го применувате врз некоја апстрактна идеја и формирате празни реченици како - збирот на моите сфаќања, ставови, доживувања е моја вистина, со што доаѓа до заблуди и непотребни дискусии.
Квалитет на исказ? Не знам, но ова ме потсеќа на дискретна математика т.е. на вистинитосни табели. Проблемот е што надвор од математика баш и не е се` така црно на бело. Не сме ние луѓето логички кола па да правиме бинарна логика на 1 или 0 (во овој случај би дошло Точно и Неточно) и ништо поразлично од тоа. Еве баш сега ти кажувам една од моите вистини, а ти нема да ја прифатиш и ќе пробаш да ја покажеш твојата вистина.

П.С. Во твојата дефиниција, според кој референт се оценува квалитет?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Пак ја правиш истата грешка, не можеш логички да ја оцениш вистинитосната вредност на ваква празна апстракција. Одредени ставови се вистинити зошто се докажани преку научни методи, други ставови се производ на здрав разум и елементарна логика, моите доживувања се чисто субјективни и не можат да бидат оценети на истиот начин етц етц. Не се собира се на купче, тоа е поентата. Нема нешто како 'моја вистина' - тоа е празен збор.
океј
раздели ги, нека не се на купче
за секој поединечно, оценувај го секој на соодветниот начин
колку од нив се вистинити, а колку се лажни?
има ли во тоа купче некој став, доживување, мислење кое е лажно?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Квалитет на исказ? Не знам, но ова ме потсеќа на дискретна математика т.е. на вистинитосни табели. Проблемот е што надвор од математика баш и не е се` така црно на бело. Не сме ние луѓето логички кола па да правиме бинарна логика на 1 или 0 (во овој случај би дошло Точно и Неточно) и ништо поразлично од тоа. Еве баш сега ти кажувам една од моите вистини, а ти нема да ја прифатиш и ќе пробаш да ја покажеш твојата вистина.

П.С. Во твојата дефиниција, според кој референт се оценува квалитет?
Секако дека е покомплицирано од 1/0 но дефиницијата е таа. Зборот вистина не се одделува од исказот кој го опишува. Постојат повеќе логички методи на кој може да се докаже дали едно тврдење е точно или не, во зависност од природата на самото тврдење, за некои е доволен здравиот разум и логичкото размислување, за тврдењата кои постулираат постоење на нешто се бараат докази преку строго утврден научен метод, а и постојат тврдења кои се unfalsifiable и таквите се отфрлаат како бесмислица.

океј
раздели ги, нека не се на купче
за секој поединечно, оценувај го секој на соодветниот начин
колку од нив се вистинити, а колку се лажни?
има ли во тоа купче некој став, доживување, мислење кое е лажно?
Никако да се разбереме. Имам ставови кои немаат никаква вистиниосна вредност (со ова не викам дека се лажни) поради тоа што се производ на чисто субјективен вкус. На пример, Pink Floyd е најдобриот бенд на сите времиња, шпагетите се поубави од макароните, Винстон се подобри од Малборо. Но имам и афирмативни ставови кои се производ на логика и здрав разум и со себе носат вистинитосна вредност.

Во ред е на крај краева, стави ги на купче и обележи се со терминот 'своја вистина' ако ти е мерак, јас го напишав првиот пост само за да расчистам неколку заблуди пошто приметив дека дискусијата се вртеше во круг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Никако да се разбереме. Имам ставови кои немаат никаква вистиниосна вредност (со ова не викам дека се лажни) поради тоа што се производ на чисто субјективен вкус. На пример, Pink Floyd е најдобриот бенд на сите времиња, шпагетите се поубави од макароните, Винстон се подобри од Малборо. Но имам и афирмативни ставови кои се производ на логика и здрав разум и со себе носат вистинитосна вредност.

Во ред е на крај краева, стави ги на купче и обележи се со терминот 'своја вистина' ако ти е мерак, јас го напишав првиот пост само за да расчистам неколку заблуди пошто приметив дека дискусијата се вртеше во круг.

Ете, сега се разбравме :)
Тоа што го објаснуваш ми има смисла.
Сепак да, мерак ми е да ги обележам со терминот „своја вистина“ , зашто тоа ми дава простор за да се движам послободно и да размислувам пошироко. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Toa се нарекува став,гледиште,перцепција,не се нарекува вистина нешто што не се основа на цврст факт.
А вистината на што се поткрепува ако не на факти, ставови, гледишта и перепција?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
42
www.oto-mk.net
-Не се работи за научно докажана вистина.
Овде сакам да подискутираме околу личната вистина.
Се работи за ситуации кога една личност се обидува да и докаже на другата дека нејзиното размислување е исправно,дека некогово гледиште на работите е правилно.
Немора да значи дека едниот лаже а другиот ја зборува вистината,туку двете страни се толку убедени дека ја зборуваат вистината.

Што мислите,дали секој има своја вистина?
Дали доколку некој ја прифати тугата вистина со тоа ке и наштети на својата?
Зошто ние лугето неможеме едноставно да ја прифатиме тугата вистина како точна туку имаме потреба да ја докажуваме својата?
Универзумот е раководен од релативноста, бидејќи се зависи (е релативно) во однос на нешто друго.
Вистината сама по себе е недоволно јасно дефиниран поим, за да знаеш што е вистинито во апсолутна смисла, потребно е да ја познаваш неговата суштина во потполност. Поради тоа, за вистина обично се зема констатација за која може да се донесе взаемна согласност.
Еве едно размислување на еден од великаните на модерната наука - Макс Планк:
"Science cannot solve the ultimate mystery of nature. And that is because, in the last analysis, we ourselves are a part of the mystery that we are trying to solve."
И како насополнување на цитатов, една телемитска мисла:
Таа иста Вистина, која е Светлина, која се подразбира во секоја искра на Разбирливото, што е таа ако не Себството на Секој Човек? Таа е она кое го одредува секоe негово движење, она кое лежи најблиску до неговото срце и душа, и навистина претставува нивна главна пружина и бројчаник, принцип на одделување и на мерење.
Иницијацијата, етимолошки, е патување навнатре, Патешествие на Откривање (О Прекрасен Свет!) на сопствената Душа. И тоа е Вистината која стои на клунот од бродот, секогаш на готовс, тоа е Вистината која бдее и со силната рака ја крепи крмата!
Вистината е нашиот Пат и Вистината е нашата Цел, Да! Ќе дојде за сите момент на голема Светлина кога ќе се покаже дека Патот е самата Цел, и во тој час секој од нас ќе извика:
“ЈАС СУМ ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ!”​
Да, и Животот исто така, Вечен Живот во безграничен Простор, оти што е животот ако не продолжено разрешување на различните спротивности преку грчот на Љубовта под Волја, т.е преку постојана, експлозивна, оргијастична перцепција на Вистината, растворање на подвоеноста во една блескава ѕвезда на Вистината која вечно се врти и се движи, исполнувајќи го Небото со Светлина?

Извадок од книгата: “Мали есеи за Вистината” – Алистер Кроули.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Idiot and malo

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
33
Неготино
вистина е дека сите ние си имаме своја вистина:giggle
многу е лошо што сме толку искомплексирани и јас се вбројувам во тие луѓе и не веруваме кога некој ни ја зборува вистината
а вистината многу лесно може да не повреди
ја игнорираме или не ја искажуваме но секој верува во тоа што го зборува
ако слободно не интересира дали некој ја зборува вистината не ни мора да ја дознаеме
секогаш се немора се да знаеме за некого
а почитувам луѓе кои веруваат и ја кажуваат секогаш вистината,или добро ја прикриваат лагата на свој начин
затоа сакајте се,нема да бидете ништо посебно издигнати доколку сакате да дознаете вистински работи секогаш
јас ја кажувам вистината-многу пати и сум се повредила заради тоа
но не се каам,почитувам вистина а штом ја почитувам и јас ја кажувам секогаш вистината-па шта буде нека буде:)
 

Alexander_Vienna

Нов член
21 април 2013
10
1
1
44
Па нормално,немаше да биде така ако работите беа апсолутни.И лагата и вистината се релативни поими,субјективното гледиште на работите ги оправдува и потврдува.