Свети пророк Илија (Илинден)

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
btn_textsize_sm.gif
icon_at_textsize.gif
btn_textsize_lg.gif
sv_ilija.jpg
Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот човек асоцира на славното Илинденско востание и на Крушевската република, сепак во својата основа го има Свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Христа (поточно роден е во 816 година пред Христа) во местото Тесвит. Царот на евреите од тоа време Ахав многу ги кршел законите и покрај предупредувањето од Илија да не го прави тоа зашто може народот да го стигне божја казна. Царот Ахав сакал народот да се откаже од својот единствен Бог и да верува во богот Вал на кого што му подигнал храм во Самарија. А кога меѓу народот завладеал неморал пророкот Илија се помолил на Господа и три години дожд не заврнал и меѓу народот зафатил голем глад. Земјата испукала, секнале изворите, а многу луѓе и стока изумреле. А кога народот видел дека направил голем грев и се покајал, пророкот Илија пак се помолил на Господа по што заврнал обилен дожд.

Кога Исус се преобразил на ридот Тавор ( на Преображение) за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован тука се појавиле и Мојсие и Илија кои одамна биле умрени и зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смрт.

Во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува и заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз свети Илија се пренесени многу елементи од врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, Св. Илија трчал со кочијата по облаци за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај и да удрело ќе расипело и убиело. Ламјата од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“

Ефтим Спространов меѓу другите записи на обичаи од Охрид запишал и верување дека ако грми на свети Илија, оревите ќе бидат шупливи. Тој забележал и дека Св. Илија е празник на кожуварите.

За многу години да ни е празникот :)
 
Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
само го ископира текстот и нека е за многу години. Требаше повеќе да се потрудиш и секогаш да го имаш личносто мислење
Инаку нека ни е честит празникот и да го славиме уште многу години. Посебно е значаен овој ден за сите нас македонците, почнувајќи од илинденското востание за кое не сум сигурен дали има отворено тема?
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
За многу години Македонци каде и да сте
За многу години мој народе на Македонија
Со љубов сега да наздравиме, љубов голема
За вечна да и биде среќата на Македонија
Поубаво ни јас не би кажал. Песната се кажува, затоа ќе кажам само честит празник на сите. :wavespin
 
Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
само го ископира текстот и нека е за многу години. Требаше повеќе да се потрудиш и секогаш да го имаш личносто мислење
Инаку нека ни е честит празникот и да го славиме уште многу години. Посебно е значаен овој ден за сите нас македонците, почнувајќи од илинденското востание за кое не сум сигурен дали има отворено тема?

мора да одиме со офф топици таков народ сме се нешто не ни чини, да сме биле сложни и индија ќе ја освоевме али биле и ќе бидат поделбите.
како што виде темата е повеќе верска се однесува на празникот Св Илија или (громовникот) 3 големи работи се случиле на овој ден 1 битката кај херонеја 338 г.п.н/е, 2 илинден 1903 и 3 Асном.
а зошто се кренале македонецот баш на овојо ден во 1903 година е што верувал дека како гром од ведро небо ќе ги бие турците Што и му успеало.
значи овде може да коментираме и за црковниот и за националниот празник.
повелете со Вашите дискусии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bozle

епа такви сме ние, никогаш не признаваме дека не сме во право. Не реков дека темата треба да посветена за Илинденско востание само го спомнав у контекст, а ти кажав за личното мислење но тоа за тебе е начин на одење оф топик. :x