Само дојди

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не е важно чија си сега,
само дојди во свилената ноќ
која исчезнува со новото сонце,
подари ми уште еден дел од рамката
која е лажна и рефлектира лажна насмевка
некаде во следниот ден
како спомен закован врз моето срце претворено во дух,
во кој играат коски
исполнети со празнина во заборавен простор,
засекогаш вечен
како светлината на нецелата месечина.
 
Последна промена од модератор:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Само дојди
Дојди , во насмеката
како трепет на усните,
дојди во жагорот на зборовите
како лапсус,
Дојди во погледот
како илузија на сенката,
само дојди.
Дојди во вдишувањето
како свежина од боровина,
дојди во чекорењето
како патоказ.
Дојди во сонот
како искушение,
дојди во јавето
како ветер,
Само дојди.
Дојди во дождот
како солза.
дојди во рајот
како грев.

Дојди на самртта
како просветление,
само дојди.
 
Последна промена:

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Само дојди
кога најмалку ти требам.
Кога ќе помислиш на мене
дојди и гушни ме.
Само дојди
кога најмногу ти требам.
Кога ќе помислиш на мене
крени слушалка и јави ми се.
Само дојди
не ми треба ништо друго.
Пристуен си повеќе од твоето отсуство.
Колку повеќе ми требаш,
толку повеќе се заљубувам во тебе.
Колку што мразам што те сакам
дупло повеќе сакам што ме сакаш.
Не може секој како тебе да ме сака.
Само дојди
и отвори си ја душата.
Само дојди
и двајцата да уживаме во тишината.
Не, не се потребни зборови.
Преку допирот ќе зборуваме.
Ќе ја пееме љубовната музика,
а завесите ќе бидат диригентот.
Само дојди
во мигот на потполна осаменост
да се почувствувам исполнето.
Само дојди
и биди тука.
Биди тука и само дојди.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Дојди во ноќта да ме предадеш на сонот.
дојди во сонот да ме бакнуваш,
дојди во утрото да ме втурнеш во јавето
појди во денот фатен за рака со мене,
за да можам небото да го допрам,
да се искачам на височините каде
само ангелите можат,
и тогаш можам се,
заедно со тебе
и животот е убав.
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Во раскошот на пламенот
од запалената свеќа,
треперат нашите очи,
силно се чувствува отуѓеноста,
сфаќаме,
полесно е да се умре
отколку да се сака,
а ние веќе долго
воопшто и не се трудиме,
се навикнав да молчам,
со часови,со денови,
се навикнав будна да го чекам утрото,
а денот да го минувам во својот свет,
од песочни тврдини и дворци,
кои те чекаат да дојдеш
и да ги срушиш,
само дојди,
спаси ме од тврдините
кои сама ги издигнав,
само дојди,
сруши го дворецот на монотонијата
во кој го заробив моето срце,
зад неговите врати
те чека се што паметиш,
црвени ружи,
наросени од првите капки,
на утрото што се буди,
ѕвездени соништа,
кои не завршуваат заедно со ноќта,
те чека старата јас,
родена од пепелот
подготвена повторно да пламне,
да љуби,
да сонува,
само дојди,
да го оживееме нашиот свет,
да ја оживееме нашата љубов.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
И да си бол,
и да си непребол,
само дојди,
непоканета,
дојди во секој облик,
душава поклонета,
портите ти ги отвора,
не те најдов фрлена на патот,
во себе те пронајдов,
со тебе љубовта ја препознав,
а не те ни запознав,
и не ми е важно,
дали ќе го видам твоето лице,
ќе ги допрам твоите раце,
ја милувам твојата коса,
и се што една жена може да понуди,
навистина,
без зборови,
од почетокот,
таму каде сонот го допира јавето,
каде мртвиот воскреснува,
и скаменетиот оживува,
едноставно знаев дека си ти.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Само дојди,
ништо не е вредно на овој свет,
и прегратка ќе биде повеќе од доволна,
во овој живот се е премалку за се,
наполни ми ја душава,
пред да зајде се,
да се предаде,
рајот е во тебе,
во мене,
најди ме,
најди се,
само тоа го смирува срцето,
заборави на се.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Дојди како сон,како привидение,
дојди како странец,како искушение,
дојди како љубовник и одведи ме,
некаде кај што можеме да мечтаеме,
каде има игри без граници,
кај што ангели и демони се бакнуваат,
а месечината и сонцето танцуваат,
во ритамот на страст и лудило,
кај што ќе постоиме само ти и јас,
илузија или реалност ма битно ли е.

Дојди ти го ставам срцево мое на дланка,
срце оштетено,срце крваво,
полно со лузни,со рани,налик зацелени
а одвнатре како пред ерупција вулкани,
земи го и стави твој жиг врз него,
нека биде трофеј во твојот храм
каде што и отсекогаш припаѓаше.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Дојди само ако сум ти потребна,
не од сожалување,
дојди ако има барем жарче од оганчето
кое радост ќе ти дари,
дојди ако ме чувствуваш
што носам за тебе,
дојди ако малку ти значам,
и ако знаеш како со мене,
дојди.
Или не доаѓај,
одбери,
јас ќе те чекам ,
згаснувајќи како пламен од свеќа
во исчекувањето.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Иако се е премалку,
дојди,
само дојди,
во оваа ноќ,
во овој ден,
и понатака,
во која срцето лута,
во која една солза е премалку,
во која една среќа е премалку,
во која погледот е нем,
и нешто од себе губи,
а тебе те опишува,
помалку од бог,
повеќе од љубов,
те запознав,
не презирај ме,
што сум наивен,
и те посакувам,
еден живот е премалку,
да ти ја подарам душава,
да те љубам,
кому и да кажам,
не може да ме разбере,
една си,
таква си родена,
и да не те допрам,
разбери ме,
далеку си,
само дојди,
и види ме,
ништо не е важно од сето тоа,
а тоа е премалку,
кога ќе се преточиш во мене,
и во една есен и зима,
ќе заодиш,
како мало дете,
ќе се препородиш,
и повторно да се родиш,
овој живот е премногу суров,
крајот е,
ѕвезда која во себе ја носиш,
некогаш мора да згасне,
а таму зад некој агол од некој ќош,
некој желба ќе замисли,
желба во која,
нема да бидеме,
ниту јас,
ниту ти,
ќе остане само ништо,
само посакување,
без нас.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape, Prashina and Lena