Самохендикепирање

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Подолго време се наоѓам во една чудна состојба, чудно однесување, делувам против сама себе, не се самопочитувам.....гуглајќи барав да си го најдам некаде проблемот, да си воспоставам дијагноза и ја најдов-самохендикепирање...но не ги најдов објаснувањата за причина на појавување и се разбира најбитното, нејзино излекување.
Вероватно и вие сте имале некогаш ваков проблем, на пр.два дена пред испит вие шетате, се забавувате, мислејќи ако паднете на испитот дека изговор ке ви биде ете немав време да се спремам....или ќе речам дека од другиот месец почнувам со вежбање но пред да дојде тој ден изнаоѓате изговор и не го исполнувате ветувањето или сакам да почнам со некоја диета од утре ама утредента не сум способна нешто психички итд.Незнам како да објаснам, но унапред си го гледам неуспехот и си барам изговор.
Знае ли некој да ми даде совет или ако имал вакво искуство па да најдам од кај да почнам со себепочитување!(worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Самохендикепирање или уште попознато „одење по линија на помал отпор“ со изговор дека „кисело е грозјето“ е одлика на моментална душевна состојба навлезена во некаква си зона на комфор.
Најчесто за да излезеш од зоната на комфор зависи колку си длабоко навлезена (зависно многу и од што личност си). Ако не можеш сама да си помогнеш свесно, тогаш се случуваат едни т.н. reality checks кои се најчесто негативни но крајниот исход е позитивен на долги стази. Имаат голема цена но креваат луѓе од гробови (оние кои се душевно заспани де :zelen). Тоа е вака по природен пат ако се остават работите да се одвиваат.
Како сама да се натераш е едноставно да почнеш да согледуваш трезвено и полека полека да мрдаш од мртвата точка. Најчесто има еден клише муабет но кој доста пали, а тоа е да почнеш од малите фундаментални нешта да ги менуваш, за да лека полека ги потиснеш и намалиш навиките кои ти зимаат многу време а немаш некој позитивен исход. Не дозирај на потрошената енергија на новото - ако денес имаш сработено тро повеќе од вчера, тоа значи работата еволуира кон подобро. Што не значи дека со тоа мораш да престанеш тоа што го правиш да запреш со задоволна насмевка дека е доволно за денес. Push a little bit of your limits ако е за сходно тоа.
Пример ако денес имаш во план да го скиснеш на компјутер едно 8 часа, дади си некоја додатна занимација која би те тргнала од ПСто но од која би имала некоја добивка. Барем така за почеток. Не мора да е некоја тешка работа, но смени го секојдневниот распоред ако си во можност, скршни од рутината. И така секој ден - секако ќе потенцирам АКО си во можност, т.е. ако обврските за лична егзистенција не те сопираат да го направиш тоа. После тоа адаптирај се на новите навики, вади ги позитивните работи од нив. Секако никогаш нема да има 100% позитивен исход од се`. Чак што више некогаш ќе нагазуваш на кршеници од стакло кои можно е да ти ја сјебат психата и да те вратат назад. Препорачувам кога сево ова ќе го тераш да имаш и некоја потпора - личност која би ти помогнала и сослушала ако некаде скршнеш на лошо. И што помалку преокупирање со минатото особено ако имаш некој негативен фидбек од личности кои воопшто не ги ни познаваш и немаш никаква допирна точка со нив.
Тоа е вака на кратко... :zelen
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Подолго време се наоѓам во една чудна состојба, чудно однесување, делувам против сама себе, не се самопочитувам.....гуглајќи барав да си го најдам некаде проблемот, да си воспоставам дијагноза и ја најдов-самохендикепирање...но не ги најдов објаснувањата за причина на појавување и се разбира најбитното, нејзино излекување.
Вероватно и вие сте имале некогаш ваков проблем, на пр.два дена пред испит вие шетате, се забавувате, мислејќи ако паднете на испитот дека изговор ке ви биде ете немав време да се спремам....или ќе речам дека од другиот месец почнувам со вежбање но пред да дојде тој ден изнаоѓате изговор и не го исполнувате ветувањето или сакам да почнам со некоја диета од утре ама утредента не сум способна нешто психички итд.Незнам како да објаснам, но унапред си го гледам неуспехот и си барам изговор.
Знае ли некој да ми даде совет или ако имал вакво искуство па да најдам од кај да почнам со себепочитување!(worried)
Мислам дека е претеризам што за секоја можна состојба денес има дијагноза.
Јас сум иста, секогаш чекам последен момент да ги направам работите, ама предходно цело време размислувам и анализирам, за на крај да искочи како што треба. Или пак понекогаш одложувам затоа што не сакам кога се присилувам и форсирам, па оставам нештата да ,,легнат''.
Одложувам и затоа што понекогаш некои нешта не сакам да ги правам, а ми се наметнуваат или пак самата си ги наметнувам поради нечии туги очекувања. Во тој случај јас знам дека нема никогаш да го направам тоа, но за да немам грижа на совест си давам време, за на крај да се откажам.
Не сум сигурна дали ова има врска со самопочитта.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Имам дијагноза за ваква состојба и се лекува сосема лесно и без последици , знаеме дека секој човек е растргнат на некој начин со брзиот ритам на живеење и функционирање без грешки .
Таа состојба е знак на мала вознемиреност и растроеност во исто време ,создава немир во одреден период од денот итн.
Може да се помогне многу лесно без никакви проблеми,ќе се лоцира жариштето и ќе се преиде на методот психичка и физичка регенерација на организмот!
Прегледот односно целиот процес на лекување е без упат од матичен лекар ,а задолжително е плав картон или ел.картичка !! ;) :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Мислам дека е претеризам што за секоја можна состојба денес има дијагноза.
Јас сум иста, секогаш чекам последен момент да ги направам работите, ама предходно цело време размислувам и анализирам, за на крај да искочи како што треба. Или пак понекогаш одложувам затоа што не сакам кога се присилувам и форсирам, па оставам нештата да ,,легнат''.
Одложувам и затоа што понекогаш некои нешта не сакам да ги правам, а ми се наметнуваат или пак самата си ги наметнувам поради нечии туги очекувања. Во тој случај јас знам дека нема никогаш да го направам тоа, но за да немам грижа на совест си давам време, за на крај да се откажам.
Не сум сигурна дали ова има врска со самопочитта.
Некој друг да се жалел на ваков проблем или да ми опишувал ваква психичка состојба би му се насмеала и рекла, абе ајде бутур ти е...но неќе да е така...Кажувам нешто дека ке го направам а после сама себе се убедувам дека нема да успеам , дека ке кикснам и предвреме си спремам причина за неуспехот..некаква глупа состојба, изгубив верба во своите способности..:(
Само јака ВОЉА можеби ќе ми помогне ама во моментот никаде ја нема а се плашам дали воопшто ќе ми дојде:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable° and malo

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
@malo и ти ми стоиш растрооено некако?
Ајде дигнете главите и почнете да мислите со полн капацитет што е ова :) ај да не ве карам тука сеа мислам , само да се жалело ,толку убави работи има што треба да ги правиш во животот ,а тие мисли да ги тргнете !?

Воњата како што кажа ако ја немаш ,ќе си се жалиш само и пак ништо ,никаков ефект ! ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Некој друг да се жалел на ваков проблем или да ми опишувал ваква психичка состојба би му се насмеала и рекла, абе ајде бутур ти е...но неќе да е така...Кажувам нешто дека ке го направам а после сама себе се убедувам дека нема да успеам , дека ке кикснам и предвреме си спремам причина за неуспехот..некаква глупа состојба, изгубив верба во своите способности..:(
Само јака ВОЉА можеби ќе ми помогне ама во моментот никаде ја нема а се плашам дали воопшто ќе ми дојде:(
Не сакам да те плашам ама јас сум анскиозна веќе со години. Првите симптоми би беа тие, губење волја, одложување, немање верба во себе... Повеке размислував за тоа како другите ке реагираат на моите постапки, одколку да мислам што ми е мене потребно. Потоа надојдоа и другите симптоми...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Незнам искрено дали е анксиозност
Не сакам да те плашам ама јас сум анскиозна веќе со години. Првите симптоми би беа тие, губење волја, одложување, немање верба во себе... Повеке размислував за тоа како другите ке реагираат на моите постапки, одколку да мислам што ми е мене потребно. Потоа надојдоа и другите симптоми...
Мислам дека не е анксиозност туку навистина се друго освен мене ставив на преден план, некако ми се наметнаа туши приоритети од моиве и гледам како себе се запустувам а нема сила да се сменам....Какви други симптоми??
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Подолго време се наоѓам во една чудна состојба, чудно однесување, делувам против сама себе, не се самопочитувам.....гуглајќи барав да си го најдам некаде проблемот, да си воспоставам дијагноза и ја најдов-самохендикепирање...но не ги најдов објаснувањата за причина на појавување и се разбира најбитното, нејзино излекување.
Вероватно и вие сте имале некогаш ваков проблем, на пр.два дена пред испит вие шетате, се забавувате, мислејќи ако паднете на испитот дека изговор ке ви биде ете немав време да се спремам....или ќе речам дека од другиот месец почнувам со вежбање но пред да дојде тој ден изнаоѓате изговор и не го исполнувате ветувањето или сакам да почнам со некоја диета од утре ама утредента не сум способна нешто психички итд.Незнам како да објаснам, но унапред си го гледам неуспехот и си барам изговор.
Знае ли некој да ми даде совет или ако имал вакво искуство па да најдам од кај да почнам со себепочитување!(worried)

Ми се случуваше ова и сеуште ми се случува.. Еве и денес најдов оправдание зошто да не одам на факултет, бев ноќна се вратив во 5 и као не можев во 11 да станам.. Одбив добра прошетка зошто, главата ме болеше .. Одбивам да излегувам во мн гужва зошто, со изминато време на тоа место ме фаќа паника и нервоза... Сега кога сето ова го читам се плашам искрено.. Оставам се за последен момент...
Се затворив во себе ама јас не сум депресивна .. Тоа добро знам да го прикријам и да си ја закопам депресијата длабоко некаде во мене за касните часови кога останувам сама ... Сакам секој да знае дека се ми е убаво, дека се прошло.. Се смеам, се зезам, никогаш за пробл не раскажувам (освен на нај најблиска пријателка) нема да се уништам викам.. А веќе сум хендикепирана во последен стадиум...
@diva orhideja Да не пишеше вакво нешто немаше да знам.. А дека се случија промени со мене знам.. Тоа го знам мн добро...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
@malo и ти ми стоиш растрооено некако?
Ајде дигнете главите и почнете да мислите со полн капацитет што е ова :) ај да не ве карам тука сеа мислам , само да се жалело ,толку убави работи има што треба да ги правиш во животот ,а тие мисли да ги тргнете !?

Воњата како што кажа ако ја немаш ,ќе си се жалиш само и пак ништо ,никаков ефект ! ;)
Друже, глобална психичка криза е :) .. не е само до мало или до цвекето Орхидеја ..