Салмонела

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Салмонелата (освен Salmonella typhi) кај човекот главно се задржува во дигестивниот тракт. Кај животните салмонелата има хематогена фаза па можеме да ја најдеме во разни ткива. Салмонелите може да се најдат кај скоро сите животински видови, но за нас се најбитни животните чие месо и останати производи ги користиме за исхрана, бидејќи претставуваат еден од главните извори на заразата.
Причини за настанување и епидемиологија
Причинителите на салмонелозата се грам негативни бактерии. Познати се околу 2 200 серотипови кои може да ги поделиме во три групи:
  • Салмонели кои се причинители на болест кај луѓето (S. typhi, S. paratyphi A, B, C)
  • Салмонели адаптирани на некој друг специфичен носител (S. choleraesuis, S.dublin, итн.)
  • Салмонели кои немаат специфичен носител (преку 2 000 серотипови) кои кај луѓето може да предизвикаат благи гастроинтестинални симптоми)
Со распаѓањето на салмонелата доаѓа до ослободување на ендотоксини кои се причина за патолошките промени. Природен резервоар и извор на зараза се домашните животни и птици, при што животните имаат клинички манифестен облик или се бацилоносители. Покрај животните значаен облик на зараза се и луѓето заразени со салмонела и бацилоносителите (после прележана салмонелоза може да остане извесно бацилоносителство). Механизмот на ширење на инфекцијата е фекоорален (anus-manus-oris). Заболувањето најчесто се јавува во летните месеци во вид на спорадични (поедини случаи) или во вид на епидемија.
Како што погоре напоменавме, салмонелата е бактерија која живее во интестиналниот тракт на луѓето и некои видови на животни. Постојат повеќе различни серолошки нетифоидни типови на оваа бактерија од кои најчести кај нас се Salmonella typhimurium и Salmonella enteritidis.
Инфекцијата е почеста во дождливите сезони, во подрачјата со тропска клима, како и за време на топлите сезони во областите со умерена клима.
Секоја свежа, непреработена храна од анимално потекло и некои видови на овошје може да ја содржат оваа бактерија, како и некои нехранителни извори.
Која храна е извор на Салмонела?
attachment.php

Секаков вид на сурова, свежа, непреработена храна, од анимално потекло, како месо и месни производи, млеко и млечни производи, јајца и морска храна, некои видови на овошје и зеленчук може да содржат салмонела.

Резервоар се бројните животиснки видови – свињи, живина, говеда, глодари – стаорци.
Луѓето би требало да избегнуваат конзумација на термички непреработено месо, јајца како и непастеризирани млечни производи.

Листата исто така вклучува и домашно приготвена храна која содржи свежи јајца, како мајонез, колачиња, разни шлагови и креми, сладолед итн.

Дали термичката обработка и миењето на свежата храна може да помогне?

80% од случаите на инфекција со салмонела се пренесуваат преку јајца и животински продукти – месо и млеко, млечни продукти, разни видови на салами, колбаси и др.

Готвењето на температура над 60% во траење од неколку минути ја убива салмонелата. Што повисока температура толку поголема опасност за салмонелата. Иако миењето на овошјето и зеленчукот овозможува да се ослободиме од салмонелата, сепак е најдобро да ги одстраниме суспектните продукти.

attachment.php


Лекарите советуваат да не се конзумира потенцијално контаминирана храна за време на паузите, што значи да избегнувате брза храна која содржи мајонез, салами, сирења, кашкавал, и разни видови на салати (иако е термички обработена – бидејќи со самото стоење на храната особено во летниот период се создаваат поволни извори за развој на салмонелата).

Безбедност на храната од растително потекло – Препораки

FDA ги препорачува следниве чекори за однесување кон овошјето и зеленчукот за да се превенира труењето со храната:
·Мијте ги рацете со сапун и топла вода пред и после миењето на овошјето и зеленчукот.
·Правете го тоа под силен млаз на вода.
·Користете чист прибор, ножеви и вилушки како и чисти садови за измиеното овошје и зеленчук.
·Не дозволувајте измиеното овошје и зеленчук да дојдат во контакт со останата свежа неприготвена храна или површини на кои неприготвената храна претходно стоела.
attachment.php


Симптоми на Салмонела и третман
Симптомите на салмонелозата вклучуваат абдоминална болка, во вид на крампи, дијареа, и висока температура и понекогаш повраќање, кои се развиваат 12 – 72 часа после инфекцијата. Најчестата клиничка манифестација на нетифоидните салмонели е гастроентеритисот. Поретко болеста може да даде лажна слика на воспаление на слепото црево (псевдоапендицитис).
Повеќето од луѓето покажуваат подобрување на симптоматологијата за 4 – 7 дена со симптоматска терапија (посебна диета, пиење на течности и лекови за намалување на температурата) и не побаруваат посебен третман (антибиотици).
Индивидуите кои се заразени со салмонела и кои имаат чести столици може да побаруваат рехидратација со интравенски течности заради надоместување на загубената вода и електролити.
Антибиотиците обично не се користат рутински за време на салмонелозната инфекција (бидејќи се зголемува бројот на рецидивите и се продолжува бацилоносителството), освен во случаи кога таа ќе се рашири надвор од интестиналниот тракт, со појава на бактериемија ( салмонелите се присутни во крвта) и зафаќање на кардиоваскуларниот систем - предизвикувачи се поинвазивните типови на салмонела Salmonella cholerae suis, и Salmonella Dublin).
Антибиотици кои најчесто се употребуваат се ampicillin, gentamicin, trimethoprim/sulfamethoxasole и ciprofloxacin.
За жал, некои типови на Салмонела се веќе резистентни на антибиотици, генерално како резултат на некритичната употреба на антибиотиците при одгледувањето на живината.
Случаите на сериозна и потенцијално фатална инфекција со салмонела е почеста кај малите деца, и постарите луѓе со ослабнат имун систем.

Дали постојат долготрајни компликации од салмонелозната инфекција?
Луѓето со дијареа обично се опоравуваат комплетно, иако може да поминат неколку месеци за интестиналниот тракт да се врати во нормала.
Мал број на инивидуи кои се инфицирани со Салмонела, може да развијат болки во зглобовите, иритација на очите и болки при уринирање. Оваа состојба е наречена Reiter-ов синдром. Може да потрае неколку месеци или години, и може да води кон состојба на хроничен артритис, кој е потежок за третман. Антибиотскиот третман на инфекцијата не е одлучен за тоа дали инфицираната индивидуа подоцна ќе развие артритис или не.
Извор: Заздравје.мк
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and Gemini