Руинирани сништа

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Ако ме прашате за реципрочен сон, меѓу два континента онаму долу на југот, меѓу две индивидуи, взаемен и наизменичен, ќе сфатите дека желбата го надминува очекувањата, дека очекувањата ги надминуваат можностите, а тие се сведени на позитивна нула.
Знам дека кукам! Морам, во спротивно ќе бидам агресивен балон, кој на полоовина пат од небото ќе распрсне на ситни делови и од неговите остатоци децата ќе пикаат прст, бидејќи е интересно како гумата се растегнува и обликува.

Заминав да си го проветрам дупето. Место тоа ми го напумпаа со работа, ми наметнаа барања и ме експлоатираа за пет души. Не верувате? За момент замислете дека една личност истовремено врши работа од 12 часа за пет луѓе.
А таму рај - естетика на површноста.
Гледаш море, но не се бањаш. Точиш многу алкохол, но не пиеш. Во изобилство готвиш храна без да ја пробаш. Над тебе се ткае исполнет облак - дим од цигари, но не смееш да пушиш. Многу дупење, а не се ебеш. Немаш време. Времето е пари, нужна егзестенционална нишка која те остава свесен и смирен наспроти хаосот околу тебе.

Внатре во барот, фантазираш за машина за перење. Знаеш дека дома имаш тон облека во када и потребна ти е исто како дрога. Ти треба доста време да сфатиш што сакаш во животот: тишина, пиење, читање, пишување и одвреме навреме да водиш љубов со саканиот. Сега тоа го немаш. Сега си ситен микроб меѓу илјадници бубашваби кои бегаат од уклучено светло во бања, исто кога изгрева сонце. Овие луѓе со лебарско понашање заминуваат при први мугри во кревет, затоа што се несреќни во модерно време. Потребни се литри алкохол да ја затупаат веќе затупената нација и да побараат "аутан" за својата несреќа.

После успешно експлоатираниот ден, палам цигара и се чуствувам како крт кој ја шпиунира затруеноста во механимите на размислувањето кај оваа нација. Оваа нација е различна од мојата, далеку подобро пласирана на светско ниво, а составена од грди девојки, озрачени, деформирани, гнојни. Да, алудирам на девојката од Нотингем со одвратни пликови на лицето и подуен изглед од вчерашното е***е чија споредба е излишна ако ја споредиш со најголемата македонска к***а. Нашите курви се светици за нив. Во буквална смисла. А нашите мажи со ограничен вид и слух, за секоја добиена ерекција поради претесни припиени панталони на гз е излишна ако ги споредиш со тамошните мажи. Човече што би се случило ако наш замине на тоа место и гледа секојдневно толку разголени полови органи? Ќе има ли доволно сперма и сила да се пали како што се однесува тука?

Или ќе биде современ македонски алфа мажјак?
А тоа е токму она маже кое учело на приватен факултет за татини синчиња, во поново време завршил во приватно средно училиште, а во иднина неговата копија која ќе биде размазена во исти поставени услови веројатно е дека ќе посетува приватна градинка и приватно основно.

Ваквиот примерок е баран од понежниот пол на примитивното ниво кое не е еволуирало со векови и останало како најстара професија која преживува како амеба, наспроти диносаурусните времиња кои останале на заб од времето.

Нивната единствена забава? Преслушување на soundtrack од Кеба, некогашно од Цеца, а поново од Аца Лукас. Без разлика колку земји посетиле и колку пари потрошиле во истите, тие не знаат за поинаков живот. Ништо не препуштиле на случајноста. Парите се нивниот чувар кој ги заштитува од случајни животни ситуации.
Па затоа неретко ќе чуете дека цурата која ја сретнал на Саша Матич, во момент кога зуел со микрофонот и разнесувал на озвучење песна - Маскара е токму таа Господова случајност која ги споила и го оженила со светска досада.

Англичани не слушаат турбо фолк. Тие се бавни и разгранети, а нашево маже е со руинирани сништа, бидејќи е скратен за еден стих со кој успешно шармира девојки од внатрешноста на Македонија.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Неможам да кликнам на копчето ми се допага оти ке има дури две значења.
Едното ке биде дека ми се допага она што го прочитав,(а не е вистина)
а другото дека ми се допага тоа како си го напишала, и пак нема да биде вистина.
Затоа се решив да ти напишам за да доловам што мислам.
Ахх колку само ми е јасно,сликовито јасно за се она што си сакала да доловиш во текстов.
Како резултат на ова јаснотија никогаш нема да го сакам англискиот хумор.
Им го обожавам тлото кај што живеат.
и да не должам
Од се она што имам прочитано од тебе,за мене ова е твојот Врв!
Па и редно беше да не удостоиш,ако не друго,од целава оваа приказна само ние извлековме потполно уживање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Неможам да кликнам на копчето ми се допага оти ке има дури две значења.
Едното ке биде дека ми се допага она што го прочитав,(а не е вистина)
а другото дека ми се допага тоа како си го напишала, и пак нема да биде вистина.
Затоа се решив да ти напишам за да доловам што мислам.
Ахх колку само ми е јасно,сликовито јасно за се она што си сакала да доловиш во текстов.
Како резултат на ова јаснотија никогаш нема да го сакам англискиот хумор.
Им го обожавам тлото кај што живеат.
и да не должам
Од се она што имам прочитано од тебе,за мене ова е твојот Врв!
Па и редно беше да не удостоиш,ако не друго,од целава оваа приказна само ние уживавме.

Конфузно, но искрено. Големи случки препотепни во мал текст. Оксиморон. Но!
Иако не ја потенцирав нивната култура кон странци, нивната благодарност при услужни дејности, кој е само резултат на нивниот развратен живот во кој уживаат и го практикуваат до степен да занемеш и да се запрашаш дали си нормален во ненормален свет, или ненормален во нивен нормален свет?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Кога ке се вратиш ке го знаеш одговорот.:)
А може па и нема.
Се зависи од самите нас,колку апсорбираме,како доживуваме,до каде се сме спремни да одиме кога е во прашање нашата реалност без да ги прашаме нашите соништа.
Несомнено е дека тој нивен свет полека се шири со брзина на светлината кон нас.
Да се ширеа и другите работи така,сега би била таму само како турист.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Кога ке се вратиш ке го знаеш одговорот.:)
А може па и нема.
Се зависи од самите нас,колку апсорбираме,како доживуваме,до каде се сме спремни да одиме кога е во прашање нашата реалност без да ги прашаме нашите соништа.
Несомнено е дека тој нивен свет полека се шири со брзина на светлината кон нас.
Да се ширеа и другите работи така,сега би била таму само како турист.

Шират гонореа, понекогаш и сифилис, но најчесто херпес. Сепак би останала на учтиво место како воркер. Секогаш добивам чиaрс на нарачка за пиење, а шанкот ми е совршен заштниник од понатамошна дружба. :)