Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун - владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата.
Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста.
Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат.
Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец.
Риби е знак спротивен на девица, знакот на здравјето. Додека девиците се интересираат за конретните аспекти од животот, рибите се сврзуваат со потсвеста, со емоционалниот и менталниот живот. Претставниците и на двата знаци се посветуваат премногу на другите, но рибите понекогаш премногу влегуваат во улогата на жртви.
Елементот на рибите е водата и како воден знак вие сте многу емоционални и одговарате на предизвиците преку чувствата, а не преку физички, практични и интелектуални дејствија. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Кога таинственоста исчезне веднаш се разочарувате и тргнувате во потрага по нов партнер - идеалниот.
Поради фактот што рибите се последниот знак во хороскопот, вие имате можност да учите од првите единаесет знаци. Родени сте за да му помогнете на човештвото да ги достигне највисоките нивоа на духовност. Иако понекогаш се чувствувате беспомошни, вие сте многу посилни отколку што можете да си претставите. Најдобриот начин за да ја почувствувате вашата сила е да им помогнете на луѓето, кои имаат потреба од помош.
Луѓето околу вас имаат многу големо влијание на вас и многу лесно можат да направат да се чувствувате виновни. Поради тоа треба да стоите настрана од „пријатели“, кои ве искористуваат или прават да се сомневате во самите себе. Оставете ги околу вас само оние ваши пријатели, кои имаат добро срце!
Симболизира:Океани, промени, гостопримство, пороци, зависност, болници, затвори, филантропија, добротворни организации, заштита на животните, предавство, тајни науки, шпионажа, бегство од обврски, самоубиства.
Елемент:
Вода
Планета:
Јупитер и Нептун – планетата на фантазијата и соништата.
Ден од седмицата:
Четврток
Боја:
Морско сина
Број:
2
Скапоцени камења:
Сафир
Најдобри професии:
Поети, пророци, лекари, писатели, илузионисти, балерини, актери, фотографи, рибари, хипнотизери, монаси, свештеници, медицински сестри, уметници.
За да се спријателите со нив:
Учествувајте во дејностите кои ги извршуваат и помагајте им кога имаат проблеми.
Дел од телото:
Стапало
Добри карактеристики:
Романтични, интуитивни, мистични, услужливи, мудри, спокојни, креативни, ведри, скромни, љубезни, мечтатели, прекрасни партнери, многу романтични, нежни, чувствителни.
Лоши карактеристики:
Наивни, самосожалувачки и самоуништувачки настроени, надвор од реалноста, расеани, песимисти, неуверени, неорганизирани, нерешителни, порочни, зависни, лицемери, предавници, страшливци.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Слатка насмевка, ненадејни движења.
Омилени работи:
Танцување, романтични средби, смеење и плачење, прошетки на плажа, долги поетски писма.
Работи кои ги мразат:
Реалноста, фрлањето на новогодишната елка, дневна светлина, лош дизајн и гласна музика.
Можете да ги најдете:
Како им помагаат на стари лица, како мечтаат во ноќните клубови, како се држат за раце под масата во романтичен ресторан.
Скриена желба:
Да најдат безусловна љубов!
Какво мислење имате за овој знак ?