Рецепт за развој на демократијата

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Ова е универзалниот рецепт за развој, односно придвижување на нашето заостанато, сиромашно и корумпирано општество кон идеално демократско општество — онакво какво што е опишано во уставот.

Прва состојка
Критична маса од критичка јавност (т.е. формирачи на јавно мислење: новинари, медиуми, интелектуалци) со висока демократска свест и ласерска прецизност за формирање и фокусирање на јавното мислење кон најголемите општествени проблеми. За да бидат кредибилни и авторитетни, треба да бидат широки и длабоки познавачи на највисоките демократски стандарди, општествените аномалии и да се луѓе со силен интегритет. Свеста и совеста на граѓанството.

Втора состојка
Критична маса од незадоволен народ кој е подготвен масовно да протестира за сите нерешени големи проблеми во заедницата. Јавното мислење формирано од критичката јавност треба да биде водич за критичната маса од незадоволен народ. Праксата покажува дека на протести за важни проблеми како аерозагадувањето излегувале околу 1–2 промила, а и на најмасовните протести не излегувале повеќе од 2–3% од граѓаните.

Трета состојка
Критична маса од професионалци со високи компетенции и челичен карактер кои би биле избрани од политичката власт под притисок на незадоволната јавност за да ги водат институциите на системот (обвинителство, судство, јавна администрација). Овие професионалци се всушност суперхерои и нивната мисија е само да ја извршуваат својата работа според законските процедури. Ништо повеќе или помалку. Ќе бидат соочени со закани, притисоци, опасности по сопствениот живот и животите на нивните најблиски. Но, без такви суперхерои нема прогрес кон владеење на правото и здрав систем на вредности.

Четврта состојка
И једна жлица вегете.