Рецепти за природно масло/крема за сончање

*Маја

Истакнат Член
28 октомври 2013
23
7
103
Рецептот со моркови, ореви, маслиново масло и лаванда е веќе одамна познат, но не знам колку е делотворен. Има ли некој што го пробал? Какви биле резултатите?

Кој има искуство со подготвување на природно масло за сончање и потемнување нека сподели повеќе рецепти, а во продолжение е стандардниот:

Два изрендани моркови, ситно сечканите ореви и лавандата ги ставате во тегла и ги преливате со маслиново масло. Затварате, оставате да отстои 3 недели на сонце и секојдневно се мачка на кожата 1 час пред изложување на сонце.

Како вие го правите летното масло?
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
Јас купувам,не сум правела. Можеби во иднина.

-Масло за сончање -истото од погоре но со некои додатоци
  • 7-9 млади ореви се сечат на четвртинки или се кршат со чекан или камен
  • се рендаат 2-3 моркова
  • се додава свежа лаванда или неколку капки етерично масло од лаванда
  • се додава и неколку цветови од невен по желба
  • и сето тоа се става во тегла, се посипува со маслиново масло.
Теглата се остава да стои на сонце од 20 до 30 дена. Потоа се процедува низ газа и се користи.
Маслиновото масло има заштота фактор 2,но само тоа не е доволно за заштота на кожата,морковот и оревот содржат поголем заштитен фактор.
Морковот е богат со бета-каротен и витамин А,се користи во сите препарати за сончање,поради тоа што ја обновува кожата и го успорува нејзиното стареење,спречува фотоосетливост и го забрзува потемнувањто ка кожата.
Невенот исто е прекрасен за кожата,се користи да ја омекнува и регенерира кожата.
 
  • Like
Реакции: I am me

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Заштитно масло за сончање
Потребно:
50мл. Бадемово масло
2-3 капки јодна тинктура
Подготовка:
Во бадемовото масло додаваме 2-3 капки јод и протресуваме.
Употреба:
Бадемовото масло ги спречува изгорениците, а јодовата тинктура влијае против воспаление. Овој лосион има заштитен ефект и не ја надразнува кожата затоа што не содржи алкохол.

Ова е ептен евтино и брзо се подготвува.

Oва го правев за натпревар по Народна техника (така мислам се викаше), потоа го вратив во училиште и никогаш не го пробав.
За брзо потемнување најубаво е масло од кантарион или маслиново масло, бидејќки имам темен тен и не горам го ставам маслото во шишенце со прскалка па и за 3дена имам чоколадна боја :D .
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,329
3,017
1,133
Јас направив пред многу години по рецепт со путер од какао кој се продаваше во апотека, но изгорев како рак. Имам нежна кожа и со фактор плус 50 горам а да не зборам за вакви смеси. Сепак на ова јако сонце препорачувам заштитни креми од аптека со висок фактор,зашто колку и да ставите природни состојки тие не заштитуваа од силното сонце.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133
Сите дерматолози не препорачуваат масла за сончање, зашто кожата потешко ги впива и воопшто не ја заштитуваат...Маслата ги препорачуваат за после сончање на иамиена кожа да се намачкаи да не се изложува на сонце...Така и правев годинава...
Се мачкав со 50 а после 30 фактор, а навечер се мачкав со домашно направено кантарионово масло...
Кожата воопшто не ми изгоре и убаво ми омекуваше од маслото...
 
  • Like
Реакции: diva orhideja