Гледам нема тема за град Ресен што е скандалозно и недопустливо за еден сериозен форум.
Ресен е град од некои 9.000 жители и се наоѓа во областа Преспа, на патот Бт-Ох, таман каде што завршува калдрмата од стариот коловоз и почнува асфалтот. Не се знае многу за ова населено место освен што се шпекулира дека во околијата растат јаболка и има езеро.
Основачите на Ресен по се изгледа не биле баш најбистри луѓе бидејќи не го основале градот на брегот туку на сред пустелија.
Патувањто Ох-Бт (и обратно) носи своја неизбежност а тоа е поминување низ Ресен. Освен ако не се оди преку Галичица, само што тој пат зимно време е повеќе погоден за Камикази отколку за нормална раја.
Во Ресен освен луѓе и домашни миленичиња има и инсекти. По улиците се движат автомобили, камиони и автобуси, најчесто на четири тркала. Можно е да се забележи и по некој мопед и скутер. Навечер се палат градските ламби по улиците и се забележува чад од оџаците на куќите. Куќите имаат врати, прозорци и дрва за огрев по дворовите.
Најпознат објект е палатата на бегот која делува бизарно во самиот град, како некој да ја кат-пејстирал од некаде во некоја нова, неприродна средина.
Имам слушнато дека порано правеле убави чоколади во Ресен, а најпознат продукт кој излегол од таму е култната Ресана (Ресен=Ресана, i got it), сендвич-кекс од тесто и желе со микроскопски слој на чоколадо.
Не знам каков ноќен живот има во Ресен, кои се места во кои се забавува младината и што нуди овој град за своите жители, работа, кариери, здравство, гламур... па ако има тука жители на овој град ги замолувам да споделат некоја информација при што би можела да се развие дискусија.
Ода за ресен
ресен е град бесен
посебно во касна есен
ресен е град тесен
и животот таму не е лесен

Последна промена од модератор: