Религиозни убавини

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Да се опуштиме од аргументи.

ostrog_monastery.jpg

3909553760_14d40dca45.jpg


Shiva_Bangalore_.jpg
Hong%20Kong%2001%2008%20Tian%20Tan%20Buddha%20On%20Launtau%20Island.JPG

ganpati-wallpaper.jpg
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
На Панини одамна мина модата.
Може да се споменат некои интересни работи во врска со некој објект, не само „да се опуштиме од аргументи“ со трупање слики по серверов.
Ем поинтересно ќе е, ем од повеќе информации глава не боли.
Барем првата слика што ја препознавам, е од Острог манастирот во Црна Гора. Датира од 17ти век, ама бил уништен во пожар, па обновен во 30ите години на минатиот век. Тоа на сликата е само делче кое не настрадало во пожарот. Митрополитот кој го изградил, бил мачен од Турците зошто не ги предавал своите, и сега почива таму, а многу верници одат да се молат на неговите мошти за здравје и среќа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Harmonija

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Базилика Св. Василиј - Москва, Русија

Не знам многу податоци за градбава, знам од информациите од кај што е сликата дека е Руска православна базилика во која е и седиштето на рускиот вселенски Патријарх. Се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва и датира уште од далечна 1555 година.
Во секој случај, ептен ми е убаво!
l.jpg
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
20120811-sv-arhangel.jpg

Ова е пештерска црква која се наоѓа во струшкото село Радожда. Оваа црква го носи името на св. Архангел Михаил.
Не знам многу за тоа како настанала и зошто баш оваа локација ја избрале, само знам дека е една од најстарите пештерски цркви кои што ги има околу Охридското езеро. Исто знам дека фреските датираат дури од XIII век.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija and Saladin

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
ajasofija.jpg


Аја Софија е дело на византиската уметност. Најпрво, ова место е користено како црква и тоа од денот кога е изградена, до денот кога Цариград бил освоен. Од тогаш, до денес Муслиманите ја користат како џамија. После големата реставрација по наредба на Кемал Ататурк, од 1935 година, објектот е отворен и за туристички посети. Името на овој денешен музеј во превод значи „Света мудрост“.

2165-610x461.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Harmonija сум бил во Св. Васил Острошки и да бидам реален, не е нешто посебно. Охридските манастири и цркви се далеку поубави особено оние што се малку помалку познати. Црногорскиов е премногу налицкан, искомерцијализиран, кога ќе дојдеш поблиску самиот си свесен дека мириса на вештачко нешто. Требиње кое е на 20 километри оттаму е 100 пати поавтентично и поубаво место.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija and Arkantos

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Капелата Седлец, Кутна Хора, Чешка, неверојатна лепота, ентериерот на црквата е изграден од човечки коски. Економично и инвентивно.За време на некаква војна, гробиштата станале претесни за свежите лешеви кои секојдневно пристгнувале и досетливите попови се решиле нешто да смислат околу проблемот. А тоа било користење на коските како градежен материјал и инвентар. Симбол на христијанската скромност и снаодливост, денес е туристичка атракција.

DSCF0139.jpg


Kostnice_Sedlec.JPG


IMG_9498.jpg



Црквата на сатаната, Сан Франциско, Калифорнија. Скромно местенце со троа поголем подрум, поради специфичната двојна улога на стамбен објект и црква на ѓаволот веројатно морало да се импровизира, помеѓу прањето на веш, спростирањето на облека и ритуалите... за жал била одземена од следбениците сатанини по судски пат, после разводот на главниот свештеник парт тајм црквата му припаднала на сопругата. (ѓаволот нормално не излегол на крај со жена). Подоцна била урната поради дотраеност откако сатанистите не успеале да соберат пари за да ја откупат и поправат... криза насекаде.
images


Spraguealtar1.jpg


П.С. Ако Бог е сеприсутен, зошто рандом верник треба да посети точно определен објект поради ритуалите? Зарем Бог нема да го види ако се моли и крсти на автобуска станица, да речеме!?
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Македонија изобилува со религиозни објекти кои со својата убавина и уникатна градба и околната природа прават да се чувствуваш дека си едно со духот на целото место. Не би можела да набројувам кои ми се најубави манастири и цркви затоа што тоа не е возможно. Во прилог ќе ставам фотографии од нашето убаво културно наследство.
38092218.jpg


333-06062011061810.jpg

ова е црква св Пантелејмон - Велес
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija