Реклама

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
" Ако навистина дознаете колку чини за да се изгледа вака ефтино, ќе се изненадите ".
Мисла што ми се врти во глава веќе извесно време. Мисла за која имам многу спротивставени идеи во умот, а сепак се обидувам да ја задржам способоста за функционирање и носење заклучок.
Ќе излажам кога би рекла дека дојдов до некаков, но затоа имам повод да седнам и напишам, место умствено да тракирам.

Се изгубив во ходници негде меѓу реалноста и она што стои зад неа, зад етикета што гордо ја носи рандом личност. Се што видов беше празна насмевка, чија сервираност ме потсети на често пиење "социјалка" кај мене пред зграда. Знаете, кога малолетниве сервираат вино во пластични чаши, внатре пепелот помага побрзо да се здрват и да ја продолжат ноќта со потрага по сортно вино. Така и навлечената "ангелска насмевка" која у суштина е талкање по подобро утро, носи фрустрираност и тензија.
За првите има лек. За утрински мамурлак постои апче, но за фрустрираноста кај многу жени, јас не најдов решение и немам поим зошто не мрда бркот од нечии надусници (мислам на восок и лента), ниту имам поим зошто на сите автобуси нема реклама Го сакам Скопје!
А го сакам.

Туку да се навратам на муабетот...
Каде жениве, девојкиве, станаа толку тмурни и невообичаени, но доволно добри за ниеден маж да немаат покрај себе? Како истите стигнаа до депримирачки резултати со реализација на самите нив? Дали сфатија дека за ведрина на една личност не се потребни етикети, реклами и напумпано животно CV, мислејќи дека успешна врска е исто што и успешно интервју?

Коренот на проблемот го пронајдов во фразата дека "Младоста е славење без повод и крај" или како што милувам јас да кажам "Дупка без дно!". Во пубертет или најдоцна во рани 20-ти години, можеби ќе заебеш софтвер во фаза на надоградба, па затоа будење со ладна кофа вода, ќе биде лесно во споредба кога ќе треснеш долу.
Ќе сфатиш дека животот не носи сигурносен душек, ниту појас, па затоа во наредна ситуација место да скокнеш со помисла дека без ризик нема успех, ќе се воздржиш. Освестувањето носи претпазливост. Па така поимот забавно се конкретизираше во страшно и пред да трепне човек, веќе е во армија на самци чие што трагање по партнер завршува во истиот момент кога почнало.

Како да се уверите во тоа?
Земете апарат и направете фотка во дискотека. После извесен период сторете го истото. Што ќе добиете? Копија. Ништо не се сменило. Од една страна се убави девојки, а од друга страна се момци чија невидлива граница ја руши Саманта на која и пукнало филм од општествени пранги па глуми куртизана во ноќта. Во тие моменти кога ги согледувам нештата, дефинитивно посакувам да се вратам во минатото и да ја платам цената на носење ѕвонарки и тапирана коса, за да можам опуштено да играм. Знаете партнер за плес, игранки итн. На тој начин ќе бидам сигурна дека дискотеките ќе служат за тоа што се наменети, односно нивната сегашна дефункционалност тогаш правилно функционирала.
Сега што е до мене, би затворила и би забранира "паркирање" по шанкови на лажни брендирани чанти и златни ланци, "етикета" што гордо ја носат самите сопственици, а нивната "реклама" свети исто кога ЕВН во 2012 реши да штеди струја и да исклучи билборди.