Реката Амазон

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Реката Амазон се наоѓа на Јужно Американскиот континент. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради ширината. Всушност Амазон не е толку широк за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката тече низ прашума каде има многу малку патишта и малку гратчиња па нема реална потреба од премостување.

Реката Амазон сепак е најдолгата река на светот, а не како што досега се веруваше дека тоа е Нил, оцениле бразилските научници, јавуваат светските медиуми. Тие тврдат дека при една експедиција во Перу, на југот пронашле нови реки на Амазон. Според новите податоци, Амазон е долга 6.800 километри, додека Нил е долга „само“ 6.695 метри.

Должината на реката не било лесно да се пресмета зашто претходно е потребно точно да се утврдат нејзиниот извор и утоката. Овие научни експедиции тврдат дека откриле нови извори на Амазон на југот на Перу, а не на северот, како што досега се верувало.

Локацијата на новиот извор мора најпрво да биде потврдена од страна на уште една група научници, со што и официјално би се потврдило тврдењето.

Водачот на научната група од Бразилскиот институт за географија и статистика, Гвидо Гели, изјавил за бразилската телевизија дека отсега Амазон дефинитивно може да се смета за најдолга река на светот.

amazon_river-12267.jpgamazon_river-12264.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Ја пре би сакал да има тема за Амазонките отколку за Амазон. (шега) За самата река нема многу што да се дискутира освен некои информации од типот на нејзината флора и фауна и слично, но може да се развие дискусија за тие племиња што живеат таму. Има многу домородци низ амазонските прашуми за кои малку се знае.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Басенот на Амазон е најголем базен, во светот, за истечни води покрива 40% од Јужна Америка.. област од 6,915,000 километри квадратни. Водите во овој басен се собираат од 5 степени северна геогр. ширина до 20 степени јужна геогр. ширина. Најнедостапните извори се наогаат на внатрешното Андреан плато, чија локација е на многу кратко растојание од Тихиот Океан.
Територијата покриена со вода од Амазон и нејзините притоки се зголемува за три пати во текот на една година. Во сушна сезона во просек 110,000 километри квадратни од земјена површина се покриени. Во дождлива сезона површината која се поплавува од Амазон достигнува до 350,000 километри квадратни.
Количината вода која се излева од Амазон во Атланскиот Океан е огромна и достигнува до 300,000 метри кубни во секунда во дождовна сезона. Од вкупната количина свежа вода која се влева во океаните, Амазон слева една петтина. Океанот во делот каде Амазон се слева има многу помала соленост се` до 500 километри внатре во морето. Во овој дел од океанот вода за пиење може да се испумпа од океанот иако е многу далеку во недоглед.
Колку што знам огромен дел долж реката е непрооден и тешко пристапен...Покрај
Амазон се уште постојат племиња кои не знаат за цивилизација и светот надвор...
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Огромна река тече под Амазон
Можната подземна река е откриена благодарение на проучувањата на температурните промени на 241 неактивен нафтен извор ископани во 70-тите и 80-тите
144137A80329D24E806743BCD7459628.jpg
САО ПАУЛО - Огромна подводна река можеби тече илјадници метри под реката Амазон, соопштија бразилски научници.
Валија Хамза од Националната опсерваторија на Бразил изјави дека истражувачите откриле индикации дека подземната река е долга 6.000 километри, што е скоро иста должина како и Амазон. Хамза изјави дека можната подземна река е откриена благодарение на проучувањата на температурните промени на 241 неактивен нафтен извор ископани во 70-тите и 80-тите од бразилската државна нафтена компанија "Петробрас".
Според него термалните информации обезбедени од "Петробрас" му овозможиле на тимот научници да идентификуваат движење на вода на 4.000 метри под реката Амазон.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
860 дена пешачел покрај реката Амазон ( е ова веќе ми е забегана работа) ама секоја чест за храброста на човекот
Тој ова патување го започна на 2 април 2008 година од врвот на планината Мисми во Перу
Ед Стафорд 34- годишен британец, го завршил пешачењето по должината на реката Амазон, од изворот во Перу до устието во Атланскиот Океан, во должина од околу 6.500 километри за 860 денови.
Стафорд е првиот човек што успеал пешки да го помине патот по целата должина на најдолгата река во светот.
Тој ова патување го започна на 2 април 2008 година од врвот на планината Мисми во Перу. Во текот на пешачењето покрај реката само пет месеци бил придружуван од еден перуански шумар.
Стафорд морал да ги одбегнува опасните стапици и замки за дивите животни, големиот број змии отровници, анакондите и скорпионите.
Во текот на изминатите години живеејќи и пешачејќи по реката Британецот бил апсен, прогонуван од домородците кои таму живеат бегајќи и криејќи се од нивните стрели, а еднаш е обвинет и за убиство во два различни случаи.
Од април 2008 година, па до сега, тој има издржано повеќе од 50 илјади каснувања од комарци по целото негово тело и над стотици каснувања од оси.Ова е организирано за хуманитарни цели за собирање пари за воспитување на деца во училиштата низ целиот свет за оваа најголема река на Планетата.
За време на ова патување тој јадел најчесто риби, пирани, ориз и грав.
Е ај да ве видам, која сака да му прави друштво :wavespin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav