Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

КОРОНА РЕЛАКСАЦИЈА

По одлуката на Владата да ги олабави мерките за домашна изолација за постарите

лица заради Корона вирусот, Јас (70) и мојата сопруга (нешто помлада), решивме да

излеземе некаде во природа, физички и психички да се релаксираме и ги ослободиме

нашите мисли од повеќедневната принудна изолација и губењето на врската со

надворешниот свет и цивилизација.

Беше тоа прекрасен излет. Неуморно ги искачувавме сртовите на ридовите се до

хоризонтот, додека во долините ги следевме брзаците до нивното извориште. Длабоко

пониравме во свежината на шумите, шетајќи заедно со сенките кои ни ги откриваа скриените

патеки. Цутовите не пресретнуваа и не милуваа по образите, а птиците во хор не повикуваа

на заедничко музицирање. Ја чувствувавме свежината на креативната природа која

вдахновено влиаеше врз нашите четири сетила. Љубовта меѓу нас беше дополнителниот,

петти елемент.

Но, и покрај овој на јаве доживеан сон на летната ноќ, микроскопскиот ѓавол кој го заобиколи

светот не’ не оставаше равнодушни ни во овие мигови. Не следеше некоја траорна мисла

дека тука нешто сме погрешиле, нешто сме имале, ама сега го немаме. Вирусот Корона ги

затемни зраците од сончевата Корона, ја препушти планетата во рацете на ангелот-лилјак

пред чија икона во иднина ќе поднесуваме човечки жртви за спас на светот. Во агонија, и Бог

е приклучен на респиратор.

Шетајќи наокулу, психозата на загубеност во просторот и времето не заслепи и во овие

моменти. Сосема заборавивме на забраната за движење за постарите лица која веќе беше

започната. Можноста за казна од 2000 евра ми висеше над главата. Бргу се спакувавме,

седнавме во колата и тргнавме дома. Заради некоја чудна идеја на сопругата која во

моментот не ја разбирав, добро го покрив лицето со заштитна маска, ставив темни наочари

и спортска капа со широка сенка. Возев како на тркачка писта. Но, залудно.

Веќе на првата раскрсница не запре полициска контрола и ни побара патни исправи. Млад

полицаец ги провери документите на сопругата и констатира дека се во ред. Потоа се сврти

со погледот кон мене и со строг глас праша:

-А овај !?

-Тој ми е дечкото – со весела насмевка и манири на женствена грациозност му возврати

сопругата.

Изненаден од ваквиот одговор, младиот полицаец за час го промени изразот на лицето,

но брзо се снајде и возврати со соодветна реплика.

-О, вие мора да сте среќна жена, Госпоѓо, така млад партнер ...

-Него како, во животот ништо не треба да се пропушти, зарем не’ – со ароганција и шарм

се обидуваше да глуми заводничка. – Туку..., ќе мора да побрзаме, се ближи полициски час,

вие тоа најдобро го знаете, нели.

-Секако, секако. Ви посакувам пријатна вечер и внимателно возење - не отпоздрави службено

полицаецот, и понатаму гледајќи во нас со нескриена љубопитност и интерес.

-Благодариме на советот млад Господине, вие навистина сте љубезни, чаооо... – му мавна со рака

сопругата, и го испрати со поглед на искрена симпатија.

А мене ми олесна. Спасив две илјади евра.

Во меѓувреме, додека возев релаксирано и по малку резигнирано, веќе на широко во умот ми се

вртеше мислата: како дома, покрај борбата со вирусот, да го оправдам епитетот - млад партнер.

[QUOTE="grupa serigii, post: 372411, member: 8574"] [B]КОРОНА РЕЛАКСАЦИЈА[/B] По одлуката на Владата да ги олабави мерките за домашна изолација за постарите лица заради Корона вирусот, Јас (70) и мојата сопруга (нешто помлада), решивме да излеземе некаде во природа, физички и психички да се релаксираме и ги ослободиме нашите мисли од повеќедневната принудна изолација и губењето на врската со надворешниот свет и цивилизација. Беше тоа прекрасен излет. Неуморно ги искачувавме сртовите на ридовите се до хоризонтот, додека во долините ги следевме брзаците до нивното извориште. Длабоко пониравме во свежината на шумите, шетајќи заедно со сенките кои ни ги откриваа скриените патеки. Цутовите не пресретнуваа и не милуваа по образите, а птиците во хор не повикуваа на заедничко музицирање. Ја чувствувавме свежината на креативната природа која вдахновено влиаеше врз нашите четири сетила. Љубовта меѓу нас беше дополнителниот, петти елемент. Но, и покрај овој на јаве доживеан сон на летната ноќ, микроскопскиот ѓавол кој го заобиколи светот не’ не оставаше равнодушни ни во овие мигови. Не следеше некоја траорна мисла дека тука нешто сме погрешиле, нешто сме имале, ама сега го немаме. Вирусот Корона ги затемни зраците од сончевата Корона, ја препушти планетата во рацете на ангелот-лилјак пред чија икона во иднина ќе поднесуваме човечки жртви за спас на светот. Во агонија, и Бог е приклучен на респиратор. Шетајќи наокулу, психозата на загубеност во просторот и времето не заслепи и во овие моменти. Сосема заборавивме на забраната за движење за постарите лица која веќе беше започната. Можноста за казна од 2000 евра ми висеше над главата. Бргу се спакувавме, седнавме во колата и тргнавме дома. Заради некоја чудна идеја на сопругата која во моментот не ја разбирав, добро го покрив лицето со заштитна маска, ставив темни наочари и спортска капа со широка сенка. Возев како на тркачка писта. Но, залудно. Веќе на првата раскрсница не запре полициска контрола и ни побара патни исправи. Млад полицаец ги провери документите на сопругата и констатира дека се во ред. Потоа се сврти со погледот кон мене и со строг глас праша: -А овај !? -Тој ми е дечкото – со весела насмевка и манири на женствена грациозност му возврати сопругата. Изненаден од ваквиот одговор, младиот полицаец за час го промени изразот на лицето, но брзо се снајде и возврати со соодветна реплика. -О, вие мора да сте среќна жена, Госпоѓо, така млад партнер ... -Него како, во животот ништо не треба да се пропушти, зарем не’ – со ароганција и шарм се обидуваше да глуми заводничка. – Туку..., ќе мора да побрзаме, се ближи полициски час, вие тоа најдобро го знаете, нели. -Секако, секако. Ви посакувам пријатна вечер и внимателно возење - не отпоздрави службено полицаецот, и понатаму гледајќи во нас со нескриена љубопитност и интерес. -Благодариме на советот млад Господине, вие навистина сте љубезни, чаооо... – му мавна со рака сопругата, и го испрати со поглед на искрена симпатија. А мене ми олесна. Спасив две илјади евра. Во меѓувреме, додека возев релаксирано и по малку резигнирано, веќе на широко во умот ми се вртеше мислата: како дома, покрај борбата со вирусот, да го оправдам епитетот - млад партнер. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom