Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
СЕКСУАЛНО ВОСПИТАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ

Ме праша еден помлад маж.
- Чичко, колку години имаш ?
- Седумдесет и пет – му велам.
- А бе, сакам да те прашам нешто.
- Прашај.
- Ама да не се навредиш ?
- Не бе, кој можи мене да ме навреди,
јас сум ненавредлив – одговорив.
- Ова многу ме интригира. Дали и на овие години
уште ги прајте оние работи ? – праша.
- Мислиш на сексот – возвратив директно, и ако знаев
дека на тоа мисли.
- Да – одговори кратко.
- Е па види, и да ти речам дека прајме, треба одма да ти кажам
дека тоа е многу неквалитетно.
- ... ???
Ќутеше, не рече ништо, само љубопитно чекаше што понатаму
ќе му речам, ако нешто разбере од речникот на прилепските
мајтап муабети.
- Си чистел некогаш чкембе - го прашав ?
- М’...не – мумлаше, зачуден што има врска пак сега тоа.
- Е па вака, кога ќе ти падне в’раце некое чкембе, ќе ти се молкни,
ќе се лигави, па ќе ти замириса, ќе го свртиш од едната страна,
па од другата, однапред, одзади, најпосле можеби ќе ти појде од рака
да го направиш како треба, а можеби и не’, но на крајот ќе си речеш –
ексик живот, кај се фатив со оваа работа кога не ме бидува, не вредеше
ни колку за една чкембе чорба да си исркам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
Едно уше ја спаси Америка, речиси и цел свет.
Затоа, добро слушајте го едноушиот Трамп.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
Како деца крадеа од бавчите.
Сега пак се таму, ама крадат плацеви.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
Еден автократ тврди, Европа не ја согледува реалната ситуација
со новиот светски поредок, алудирајќи на моќта на Азија.
Да прости, ама Европа секогаш знаела да преговара.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
СВИНСКИ КОЛЕНИЦИ ПО АВИО-РЕЦЕПТ

Се прашав, зошто ме болат колената,
кога со новата власт би требало да ме боли главата.
Тргнав по доктори.
Прво кај матичната.
-Си се прејал, ти влегол лебот в’колена. Према твојата крвна слика
власта е добра. За болките ќе те пратам кај специјалист.
Отидов кај специјалист.
-Аман докторе, вака и вака со коленава.
-Болеста е наследна. Од колено на колено, генерациски. Ако твоите предци
киленичеле, ќе коленичиш и ти. Кај нас тоа е ендемска болест. Ние сме
нација на коленичари. Но, како забележав тебе колената и како да ти се
тресат. Ќе те пратам кај специјалист за треска.
Специјалистот за треска ми рече дека колената ми се тресет од
сеизмолошките потези на новата власт, и како терапија ми препорача
три пати на ден да ја удрам главата од зид, за да се уверам дека власта на
овој начин нема да ја истресеме.
Ми даде совет да одам кај доктор за коленичење.
Отидов со итен упат.
-Докторе за коленичење, аман помагај, ме изгореа коленава.
-Чекај бе, неможи тоа така. Прво малку коленичи па да ти одредам сума сумарум
за да ти ја кажам дијагнозата.
Клекнав како ми рече, па почна со прашања: колку пати коленичам, каде коленичам,
зошто коленичам, кај кого коленичам...
Се што кажав внесе во мојот здравствен картон и откако со гумено чеканче
ми ги провери рефлексите на подколениците, ме праша:
-Абе ти да не си од партијата на лидерот ?
-Да, да ! Лепев плакати, одев на митинзи, пропагирав, се би дал за мојот лидер.
-Ааа...значи така. Е па види, болеста е заразна. Сите што сте негови следбеници,
заразени сте со коленичење. Тој коленичел, коленичел уште како асистент, па така
заразата се пренела и на вас. Но, има чајре. Кога седиш, колената ќе ги држиш
испружени, никако свиткани. Тоа е од искуството на лидерот, откако летал со авион
во бизнис класа, онака испружен колку што е долг, широк и висок. Кога слетал,
стоел исправен како пушка, што било многу впечатливо за околината. И тебе ќе ти
препишам едно вакво летање, и тоа на товар на здравството, со придружба. А сега
уште малку коленичи, додека не се вратам.
Си дојдов дома.
Колениците повеќе не ме болеа, ама главоболката беше неподнослива.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
По играњето фудбал во канцеларија,
следи одењето на свадба на висок државен службеник со службена кола,
некаде незнам каде.
Таквата постапка би имала смисла само доколку се мажи Македонија.
Вака, работата личи на песната:
„Шоте море, шоте, шоте машала“.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
ШТО ОТЧУКУВА СААТ КУЛАТА ВО ПРИЛЕП

Што отчукува Саат кулата во Прилеп ?
Времето !
Минатото, соsидано во камен на камен со плунка врз дланките.
Сегашното, во вечното ништење на мигот.
Идното, обликувано во здодевноста на пластичниот сувенир.
Бесконачното.
На него потсетуваат чавките со своето гласно гракање,
провиснати на гранките под Саат кулата.


Што отчукува Саат кулата во Прилеп ?
Еден голем научник со својата теорија на релативноста,
рекол дека просторот и времето се накривени.
Заради космичко-временската дупка втемелена од вештите мајстори,
и Саат кулата во Прилеп е накривена.
Можеби овој генијален ум некогаш прошетал низ Прилеп,
и тука му текнало.
Како што сега и мене ми текна оваа кражба на идејата.
Генијалноста и будалетината се блиску.


Што отчукува Саат кулата во Прилеп ?
На натписот на арапски, ставен над малата врата која по скалите води
до врвот, во слободен превод пишува:
„Не радувај се на моето отчукување, ти врви времето“.
Пораката е јасна.
Нашето менливо-минливо време е смртно.
Само часовниците се бесмртни.
Нема да ни кажат што е времето, но со прецизен sвон ќе го означат
крајот на моето/твоето време.


Што отчукува Саат кулата во Прилеп ?
Чекањето време.
Да се чека значи да се стои.
Но времето не стои, врви.
Како кај Хераклит:
„Два пати во иста река не се стои“.
Два пати во исто време не се стои.
Каде стојат Прилепчани ?
Под саатот, го крепат да не падни.
И никогаш не рекоа дека им тежи.

(Песочниот часовник на приказнава истекува).

Што отчукува Саат кулата во Прилеп ?
Со речникот на прилепските мајтап муабети,
и мислите на чаршинските филозофи,
тајната на крепоста е во одsвонот,
како тапо клепало на здодевноста.

А времето !?
Се мери со животот.
Како се’ да беше вчера.
Здраво и весело.

Само отчукувањето не отепа во сеќавањето.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
Не сме задоволни од досегашните членови на историската комисија.
Новите членовите треба да станат повеќе историски од историјата.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
Триесет и три години од независноста на Северна Македонија
личиме на суви пиперки, за кои не се знае дали биле зелени, црвени или жолти,
зрели или незрели.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
192
47
1,038
75
Отсега ќе ја славиме Кинеската нов година како Празник на
кинеските банкомати. Према нивниот хороскопски знак
ќе бидеме претставени како мајмуни.
Во чест на прославата кај нас ќе бидат испукани
петстотини милиони петарди и светлечки ракети.