Рандом мисли

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
…Не би требало да ми претставува некоја поголема тешкотија.

Наистина, не би требало. Секој сам одлучува како ќе ги перцепира работите. Почетокот и крајот, и така секогаш се совпаѓаат во истата точка. Колку е тоа благослов, а колку проклетство, сеуште не сум дефинирала.

Можеби е благослов, зашто токму во тоа совпаѓање се наоѓа надежта.

Можеби е проклетство, зашто токму тоа совпаѓање ја одзема можноста за здивнување, за починка, за заздравување.

Веројатно само е практичност. Континуитет на живеачката и постоењето. Главата горе и туркај напред. Она што е пред тебе, секогаш е напред. И така туѓото доживување, е токму тоа – туѓо.

Навистина, би требало да ми е лесно. Нов предизвик, ново патување, нови доживувања. Кој знае каде ќе ме однесе патот. Зарем има подобра причина од тоа?
Небаре пред 10 години знаев каде ќе бидам денес.

Па така, би требало да сум задоволна.

Сѐ додека не ми е потребно, времето го имам на претек…