Раздавање на храна за душа

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Денес е државен верски празник, еден од 12те најголеми верски празници а тоа Духовден или дуовден некои што го викаат.
Мислата ми отиде на нашиот нараод и нашата традиција, адетите кои што се прават а ниту во библија ѓи пишува, ниту пак црквата ги кажала...пагански обичаи кои никако да се искоренат дури мислам дека земаат поголем замав во натпреварот меѓу луѓето кој ќе донесе поубава храна, кој подобро ќе ја спакува идр.
Незнам од каде тоа бдеење до рани зори, распослана храна на гробовите, толку многу храна и раздавање на истата по соседните гробишта, па обичајот да биде храната во керамика ставена...повели за душа во своја гуша.
Воопшто не ми се допаѓа овој обичај.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
И мене не ми е јасно зашто се носи храна и се раздава...сите чекаат на гробишта да им се подаде храна,а ,,причина е тоа што умрените чекале да им се донесе храна и дека така требало..
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
И мене не ми е јасно зашто се носи храна и се раздава...сите чекаат на гробишта да им се подаде храна,а ,,причина е тоа што умрените чекале да им се донесе храна и дека така требало..
Не го разбирам тој адет навистина, наводно на овој ден душата шд мртвите излегувала од гробовите и да се најале додека повторно не се врателе..свашта..па нели кога ке умре човекот треба за три дена да оди во пеколот или рајот, нели треба да го "распределат"...хахххаха..ама морбидно..и сега покојникот умрел пред неколку години на пр. и сега пак ке доаѓа на земјата да јаде.(facepalm)
Во Битола има адет да се меси меко лепче и треба да се јаде рано наутро на гладен стомак за подобро да отишло кај душата на покојникот:frantic
Најглупаво верување е дека на овој ден не смееш да се бањаш оти ке ти излезат мртви коски:unsure
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
„Така требало“ - старите го викале затоа што тоа е табуизирање на нешто што е свето, света тајна на племето која не треба да излезе од кругот, орбитата на оние кои се носители на култот.
Денес под така требало се става сѐ она што луѓето не го знаат, не го разбираат, сакаат да го практикуваат, а не сакаат да знаат зошто го практикуваат.
Ако сте се запнале толку за овие обичаи, зошто не се запнете за тоа што до ден денес мора гробот да е со плоча? Оти не ги закопуваме луѓето едноставно во земја, и толку, „од земја си створен, во земја ќе влезеш“... што има потреба да се ставаат и надгробни споменици?
Да, сето ова е паганско и „така требало“ е паганско, ама во основа цела христијанска традиција е само паганизам премачкан во друга боја :)
Бидејќи ме мрзи многу да објаснувам, само ќе наведам дека јадењето на гробот е замена за крвна жртва.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
„Така требало“ - старите го викале затоа што тоа е табуизирање на нешто што е свето, света тајна на племето која не
треба да излезе од кругот, орбитата на оние кои се носители на култот.
Денес под така требало се става сѐ она што луѓето не го знаат, не го разбираат, сакаат да го практикуваат, а не сакаат да знаат зошто го практикуваат.
Ако сте се запнале толку за овие обичаи, зошто не се запнете за тоа што до ден денес мора гробот да е со плоча? Оти не ги закопуваме луѓето едноставно во земја, и толку, „од земја си створен, во земја ќе влезеш“... што има потреба да се ставаат и надгробни споменици?
Да, сето ова е паганско и „така требало“ е паганско, ама во основа цела христијанска традиција е само паганизам премачкан во друга боја :)
Бидејќи ме мрзи многу да објаснувам, само ќе наведам дека јадењето на гробот е замена за крвна жртва.
Јадењето на гроб нели е за покојните, на каква крвна жртва мислиш, не разбирам воопшто!?
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јадењето на гроб нели е за покојните, на каква крвна жртва мислиш, не разбирам воопшто!?
Порано во чест на покојните, до душа повеќе од страв да не се вратат и да не земат некој од домашните се принесувале крвни жртви на гробот, најчесто јагне(се верува, иако не е докажано, дека некогаш, ако покојниот бил поглавар или слично, дури и човечки жртви се принесувале). Со тек на време, таквата крвна жртва се заменила со носење храна и обредно јадење на храната на гробот... (ја жртвопринесуваш во чест на покојниот за да се смири неговата душа и да не прави зулуми).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and misterija

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Читам вака касно навечер и страф ме фаќа.
А ако не верувате се колнам во најмилите, браќава..
Од ко се случи тоа со брачед ми дома уста не можам да отворсм сочувство да дадам или па да спомнам умрел .. Искрено, ко да ми се грчи вилицата и ме фаќа нерва некоја..
А пошто кај нас тој круг последниве год две одиме само со вино и варена пченица кога ќе ми даде кесе некој и ко ке ми ги спомне сестра ми и брачед ми... Не знам се губам во тој момент и се прам ко да не слишам..
Ако даваш За душа дај го и спомни си во себе за кој даваш...
Не знам што е ама ја ако не појдам ми се чини душава ќе ме изеде....
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
јадење на храната на гробот... (ја жртвопринесуваш во чест на покојниот за да се смири неговата душа и да не прави зулуми).
Незнам за какво правење на зулуми мислиш, но работава излезе дека ние луѓето не само што се плашиме од смртта туку се плашиме и од умрените, да не се вратат, па сега правиме религиозни обреди кои богами чинаат доста пари и ако го израчунаме кеширањето на попот што ќе ти отпее на гроб!?
Некои велат дека раздавањето на храна и конзумирањето на истата за душа на покојникот е да се поврзе мртвиот преку живиот, тој фамозен паралелен свет, живот и смрт...И не ми е јасно зошто треба уште раздавање на храна за душа откако ќе поминат 40 дена, нели велат до 40 дена душата шетала а после тоа се успокојувала?
Како и да е, дефинитивно најморбидно објаснување ми е дека, кога се оди од гробишта не треба да се вртиш наназад за да не те повлекла душата, не се поздравуваш со никого...(facepalm)
Дали знаеш зошто мора садовите да бидат од керамика, не смее да биде стакло?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Затоа што порано стаклото било скапо, а керамика и дрвени садови имале во изобилие и така останало тоа оти порано не им се давало пари за стакло.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Затоа што порано стаклото било скапо, а керамика и дрвени садови имале во изобилие и така останало тоа оти порано не им се давало пари за стакло.
Мислиш дека е поради тоа, хмммм..мора да има и неке друго објаснување!