Работа во Велика Британија

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
325
395
1,063
Сакам да прашам дали од форумов некој има искуство со работење во Англија, не како студент, туку како обичен работник. Која била процедурата која сте ја поминале за да дојдете до работа и да добиете работна дозвола?
 
LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
28
Во неговото срце.
Praetorian да добиеш работна виза за Англија е многу тешко. Работна виза даваат само на некого што веќе има понуда за работа во земјата и тоа само за исклучителни занимања (доктори, инжинери, медицински сестри... што ти знам, ама имаат критериум). Oсвен ако немаш некои роднини во Англија, па во амбасада ќе им кажеш дека доаѓаш за да си ги посетиш нив, дека доаѓаш на шетање, да видиш друг народ/култура, ама за работа не смееш да им речеш ништо. Но ако прозбориш за тоа толку од визата. Ако имаш некој таму тие можат да ти средат нешто, на црно, може да е чистење/пеглање или деца чување кај пријатели или комшии и од тоа ќе си заработиш за себе некој денар. Tоа е тоа од мене, искрено многу е тешко за работа, освен како што напоменав ако имаш некоја понуда тогаш тоа е друго..

Поздрав и се најдобро:)
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Извини вака што се умешувам, иако не можам да ти дадам некои информации бидејќи не сум имал такво искуство, а и не познавам некој таков, ме интересира зошто сакаш да заминеш во Англија? Имаш нешто завршено по струката сакаш да одиш мислејќи дека таму повеќе ќе просперираш повеќе или онака ти прави кејф?
 
Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Знам за сезонска работа за студенти што имаше во Англија (пред 4-5 години), идеа колеги од факултет, работеа на некои големи плантажи за јагоди, добиваа по 8 фунти на саат, значи минимум 64 фунти во денот. Сместувањето на фармата и јадењето им беа безплатни, малце оддалечени се од цивилизацијата, така да ако намерата била да се заработи има добар ќар на крај.
 
  • Like
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Знам за сезонска работа за студенти што имаше во Англија (пред 4-5 години), идеа колеги од факултет, работеа на некои големи плантажи за јагоди, добиваа по 8 фунти на саат, значи минимум 64 фунти во денот. Сместувањето на фармата и јадењето им беа безплатни, малце оддалечени се од цивилизацијата, така да ако намерата била да се заработи има добар ќар на крај.
Јас бев на овој нацин и сум презадоволна:)...едно одличчно искуство и супер заработка
 
Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
325
395
1,063
Друго е како студентска работа, јас прашувам за понуден и прифатен долгорочен договор за работа со испратено Invitation Letter. Ако некој има искуство со ова нека пише.
 
Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Доколку работодваецот од таму ти прати такво писмо, имаш шанси, ама мислам дека за да успее и работодавецот да те повлече натака, прво треба да провери во нивната агенција за вработување, значи прво треба да обезбеди доказ дека во моментот нема пријавено невработени лица од тој профил во земјата, па тогаш има некоја процедура на поднесување на тој доказ, со некое барање до нивното министерство за надворешни па они откако ќе дадат одобрение, тука треба по амбасади да се бафташ. Сума сумарум заебано е за Англија, затворени се ради кризава и огромен наплив на емигранти. Како што имам разгледувано, најлесно ти е за САД или Нов Зеланд, па и Австралија до негде. Додуша има и земји од Јужна Америка што се примамливи...
 
  • Like
Реакции: Trajche

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Друго е како студентска работа, јас прашувам за понуден и прифатен долгорочен договор за работа со испратено Invitation Letter. Ако некој има искуство со ова нека пише.
Не знам што си по професија (ако си програмер, инжинер, нешто со машински факултет, стоматолог, хирург тоа после заградава не го читај не се однесува на тебе). Гледав на BBC имаше долга репортажа околу тие договори и invitation letters вика дека во пресрет на олимпијадата се појавиле многу квази посредници кои работат он лајн, најчесто од грција (у криза се јбг), италија и унгарија. Те убедуваат дека ќе работиш за некои ненормални суми, на пример да отвараш врата во хотел за 5000 фунти месечно, да бидеш конобар за 6000, да лупиш компири за 5000... и што е најтрагично нашава безпарица (и малуоумност) ги мами луѓето, ќе ги опашаат по 300-400 евра “за посредништвото“ и брада парите... Ако ја најдам таа репортажа на сајтот на ББС ќе ти ја пратам. Значи тоа беше известување од министерството за надворешни работи, од министерството за економија рекоа дека нема да има зголемување на платите (кои не се 5000 фунти за лушење компири). Здрава логика зар во британија нема невработени, да увезуваат луѓе од надвор да им лупат компири за 5000 фунти или да бидат конобари за тие пари?
 
  • Like
Реакции: Praetorian and melpomena

Конобар за 6.500 :)
 
Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
конобар за 6500? c'mon dude, seriosly??????????? ја те разбирам може со твои 18 до 20 години мислиш дека е така лесно, ама ај вака реално кој ти дава за конобар 6500? Во Англија нема невработени што не би работеле за тие пари? Тоа е како тука конобар да зима 1500 евра. Епа ете и ти си дел од тие “жртви“ што на BBC ги споменаа, уште ако посредниците што те мафтаат со ова тие се од Италија, Унгарија или гејлада... што да ти кажам освен ако сакаш да ти дадам моја сметка па тие 300 до 500 евра да ми ги уплатиш мене, од мене бар ќе имаш благодарност, од тие лопови ни тоа...
ПС не го земај при срце сарказмот
ППС најдругарско-форумски совет, не паѓај на такви наивни финти ;)