Сестра ми е сега во пубертет и многу ми е интересна. Со баба ми зборувавме нешто за нејзиниот наставник по македонски, дека многу ги малтретира и се смеевме со неа за тоа како нема петка, како може да има четворка. Девојчето почна да плаче како не знам што да сме и кажале... после тоа и се извинувавме и и рековме дека е амбициозна и дека сите други оценки и се петки и дека и македонски ќе има петка.
Јас кога бев во пубертет се ме нервираше, сега пубертет е секој ПМС