Психолошка маска

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Зарем несме сите глумци?О,о и тоа одлични! Колку маски дневно менуваме?За родителите,пријателите,за партнерот,за на форумов?Маските всушност не се ни добри не се ни лоши,тие постојат и без нив мислам дека не би ни постоеле.Изјава за рамислување!!Различни маски за различни луѓе,за разни прилики.Некои се толку добри глумци,достојни за доделување на Оскар.Лично и јас ги користам,и тоа во разни нијанси,зависи со кои луѓе сум,и каде сум,во какви моменти сум.Користите ли и Вие вакви маски и што претставуваат тие за вас?Туку јас си мислам нешто,ако имаме маски за сите пригоди,тогаш кога СМЕ ТОА НИЕ,кога сум јас?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bonboonka

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
јас сум ист со сите
незнам да глумам друга личност
биди она што си и верувај дека луѓето секогаш ќе сакаат да бидат со тебе и ќе те почитуваат

ако приметат дека твојата маска паднала те бришат од нивниот круг познаници
иако во денешницава секој втор е со таква маска
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Можеби не сум носела како мало и невино дете. Ама растејќи во овој извртен свет, каде е секој ден буквална борба за преживување сигурно дека носам маска, и штит и мач и копје и цела опрема со себе и на себе. Да се разбереме под маска не мислам на тоа дека сум злобна особа која е десетолична, сплеткарош и слично. Туку едноставно има разни видови на маски и навистина би било лицемерно кога некој би кажал дека никогаш во животот не се послужил со одредена маска за приспособување во одредена околина, дури и одбивањето да се приспособи и да се претопи значи носење на таква маска. Сите глумиме само што за разлика од холивудскине актери не ни пишува занимање Актер во нашето CV. А сигурно дека во различни ситуации избираме улога која ќе ја одиграме.
Верувам дека родителите најблиску се до тоа што сум јас, пред нив сум како новородено бебенце, ете така се чувствувам. Нека се бројат на една рака луѓето коишто им дозволувам да ми ги знаат маските и на кои им ги знаам маските, тоа се луѓето пред кои сум ранлива и кои се ранливи пред мене. Останатите го добиваат однесувањето од моја страна кое тие самите го предизвикуваат.
Не знам кој го кажал и каде го прочитав но секогаш ми се врти низ глава. „Колку слоеви кожа треба да истргнеме од себе за да дојдеме до она што сме навистина?“ Можеби и нема да можеме да дојдеме до тој момент затоа што со самото раѓање почнуваат да не филуваат, а резултатите се појавуваат малку подоцна.

Финтата е да одбереме улога која ќе биде општествено позитивна, да бидеме хумани, дарежливи, да даваме љубов , да имам морал кој ќе го браниме. Па така овие улоги можат да бидат и подобри од „Јас“ затоа што ќе помогне да има подобри „Ние“
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Mystique
Сем последното со финтата делумно се сложувам.

Дека маски сите носат, носат. Ама тоа не е лоша особина. Тоа е особина која јас ја сметам како заштитник на личноста исто како што се себичноста и лажењето (до некаде и маските спаѓаат овде, ама не баш целосно). Е сеа зошто е особина за self-preservation? Едноставно затоа што на тој начин се заштитуваме од тоа да бидеме „исфрлени“ од заедницата во која што живееме. Заедниците наметнуваат норми и правила кои што се фундаментални за да опстои како заедница. Со маскирањето го прикриваш индивидуалното затоа што поголемиот дел од времето не си сигурен како ќе биде тоа прифатено од заедницата и не знаеш дали си спремен да се соочиш со мислењето на заедницата кое што понекогаш може да значи и лишување од истата (не во смисол дека ќе те набркаат од некаде, ама ќе станеш на некој начин маргинализиран).
Луѓето се себични, љубоморни и алчни суштества па кога би се прикажале сите во вистинско светло без никакви маски најверојатно ќе настане хаос. Тоа е исто како во некоја шума да ги обележиш сите предатори и пленови и сите да станат воочливи.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Не верувам во трајни маски... никој не може да биде она што не е!
Правење лице и лигавење постои... Постои пречутување и претрпување, али дека некој „за везден“ пред сите околу е поинаков од тоа што е - не верувам...
 

bonboonka

Полноправен Член
21 февруари 2015
38
12
8
@Mystique
Сем последното со финтата делумно се сложувам.

Дека маски сите носат, носат. Ама тоа не е лоша особина. Тоа е особина која јас ја сметам како заштитник на личноста исто како што се себичноста и лажењето (до некаде и маските спаѓаат овде, ама не баш целосно). Е сеа зошто е особина за self-preservation? Едноставно затоа што на тој начин се заштитуваме од тоа да бидеме „исфрлени“ од заедницата во која што живееме. Заедниците наметнуваат норми и правила кои што се фундаментални за да опстои како заедница. Со маскирањето го прикриваш индивидуалното затоа што поголемиот дел од времето не си сигурен како ќе биде тоа прифатено од заедницата и не знаеш дали си спремен да се соочиш со мислењето на заедницата кое што понекогаш може да значи и лишување од истата (не во смисол дека ќе те набркаат од некаде, ама ќе станеш на некој начин маргинализиран).
Луѓето се себични, љубоморни и алчни суштества па кога би се прикажале сите во вистинско светло без никакви маски најверојатно ќе настане хаос. Тоа е исто како во некоја шума да ги обележиш сите предатори и пленови и сите да станат воочливи.
Се согласувам со се до последниот дел дека себичните, льубоморните и алчните мислам дека не се свесни за нивната себичност, льубомора и алчност па така да не ни користат некоjа маска евентуално маска од зборови ама па незнам дали би се рекло и тоа маска пошто они си веруваат во своите фалби како се они предобри сочувствителни и така натаму додека постапките ги издаваат
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
@Mystique
Сем последното со финтата делумно се сложувам.

Дека маски сите носат, носат. Ама тоа не е лоша особина. Тоа е особина која јас ја сметам како заштитник на личноста исто како што се себичноста и лажењето (до некаде и маските спаѓаат овде, ама не баш целосно). Е сеа зошто е особина за self-preservation? Едноставно затоа што на тој начин се заштитуваме од тоа да бидеме „исфрлени“ од заедницата во која што живееме. Заедниците наметнуваат норми и правила кои што се фундаментални за да опстои како заедница. Со маскирањето го прикриваш индивидуалното затоа што поголемиот дел од времето не си сигурен како ќе биде тоа прифатено од заедницата и не знаеш дали си спремен да се соочиш со мислењето на заедницата кое што понекогаш може да значи и лишување од истата (не во смисол дека ќе те набркаат од некаде, ама ќе станеш на некој начин маргинализиран).
Луѓето се себични, љубоморни и алчни суштества па кога би се прикажале сите во вистинско светло без никакви маски најверојатно ќе настане хаос. Тоа е исто како во некоја шума да ги обележиш сите предатори и пленови и сите да станат воочливи.
Звучи како недостаток на самодоверба.
 

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Носев маски и тоа премногу, за дома, за работа, за со пријателите, за со роднините, но дојде момент кога сите маски паднаа и се излезе на виделина, тогаш бев многу грда за да некој ме прифати. Кога некој носи маска се познава и тоа многу добро-барем јас можам да познаам сега.
Во моментов немам потреба во никоја прилика и пред никого да глумам и да бидам таа што некој очекува да бидам во тој момент, своја сум и ако не се вклопувам како таква најверојатно не припаѓам таму. Немам маски, но ја имам алатката како да ги отркијам оние што ми глумат и секако знам да се одбранам.
 

bonboonka

Полноправен Член
21 февруари 2015
38
12
8
Па може да звучи така па дури и така да е мислам дека или ти фали малку самодоверба или се преценуваш ми се чини ко да не ми има ова нешто таман аjде скромен ама не и скромен ми звучи со недостаток а jас повеке ги сакам тие со недостаток на самодоверба со повеке маски штитови според мене дел од несамодовербата доага од искреност спрема себе а тие пак што се преценуваат можно е да имаат помалку маски или еве да немаат пошто нели се сигурни во себе и не им е гаjле коj како ке ги свати или прифати тоа е така пошто нивната самодоверба преминува во ароганциjа и ми беше зборот и да звучи така и така да е подобри особи се тие од овие сеа не ме напагаjте одма пошто не велам така е туку така си размислувам:)

Звучи како недостаток на самодоверба.
Те цитирав ама нез зш вака прочитаj подолу ако сакаш
да се поправам те цитирав ама тоа што го пишав е општо
за нели дека пиша звучи како недостаток на самодоверба
а не за тебе да не го сватиш лично
 
Последна промена од модератор:

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Ја на форум глумам алтер его на нешто што сакам да бидам во реалноста.

Признавам!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis