1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Профилирање (психолошко)

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од TheKitten, 16 април 2013.

  1. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    629
    Профилирањето претставува идентификација на специфичните карактеристики на поединецот кој извршил одреден криминал преку процес на систематско, темелно набљудување и анализа на местото на злосторството, на жртвата, на форензичките докази и на познатите факти за извршеното дело. Техниката на профилирање е користена од страна на научници за однесувањето и криминолози со цел да се испита криминалното однесување, како и да се процени со цел да се предвиди идното однесување на криминалците.

    Постојат 4 аспекти на профилирањето:
    1. Предходење
    Овој аспект на криминалното профилирање претставува одредување на причината што го натерала криминалецот да дејствува. Дали бил предизвикан од некој настан што го направил убиството неодоливо, или е привлечен од одредени физички карактеристики кај жртвата?

    2. Метод
    Кога насилникот напаѓа, тој често го користи истиот метод на напаѓање секогаш, што им овозможува на профилиерите да направат шема. На пример, убиецот кој ги дави своите жртви со жица од пијано секогаш кога напаѓа, веројатно ќе продолжи на овој начин се додека не биде фатен.

    3. Ослободување
    Што прави убиецот со жртвата откако ќе ја убие? Тој може да ја напушти во неговиот или нејзиниот дом, или може да ја пренесе жртвата на некоја друга локација (овој акт е наречен ,,dumping,, (исфрлање)). При сексуалните напади, тој може да ја заклучи жртвата во плакарот или едноставно да ја остави на местото на злосторството.

    4. По нападот
    Многу насилници имаат предвидливо однесување по нападот кое мора да се набљудува. На пример, насилникот може да се подбива со полицијата и медиумите со оставање на белешки. Без оглед на случајот, криминалното профилирање предвидува обсервации на однесувањето пред и по нападот.

    Сепак, профилирањето не може да се смета за егзактна наука, бидејќи луѓето се непредвидливи по природа. Постојат три карактеристики кои им помагаат на профилиерите да го идентификуваат напаѓачот. Првата е Мodus Оperandi (MO) која ги претставува методот и начинот на извршување на делото. МО може да се менува од жртва до жртва, а често тоа е поради средината.
    Втората карактеристика, најчеста кај сериските убијци, е „потписот“ кој означува дека убиецот ја обележува својата работа.
    Третата карактеристика е сценирањето. Се случува кога намерно се менува местото на злосторството пред пристигнувањето на полицијата. Најчесто ова го прави убиецот кој имал некаква врска со жртвата.


    Дали и колку мислите дека овој метод може да помогне во фаќањето на криминалците?
    Земајќи ја предвид интелигенцијата на криминалците, дали истата може да го олесни или отежни „читањето“?
    Колку една личност може да е (не)предвидлива за да се дојде до точна проценка?
     
    На slb_bobo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    6,666
    Да си пишам јас за мојава неостварена желба. :place
    Страшно, страшно ме влече криминологија т.е. криминалистичка психологија.
    Ќе звучам како психопат, но некако ми е фасцинантен начинот на кој работи мозокот кај криминалциве. Далеку од тоа дека е позитивна фасцинација, но ми е интригантна појавата. Далеку и дека е ко во сериине каде што само ставиш наочари и наоѓаш стуткано ливче под тепих што ги врзува сите конци, но токму таа неизвесност ми е предизвикувачка, па ова е нешто што со сето срце би го работела...без делот да бркам и апсам. :biggrin

    Назад на поентата на темава, факт е дека профилирањето може да даде солидна насока во истрагата, но, за жал, не секогаш е точна, па тука лежи зајакот.
    Се има случувано невини луѓе да завршат зад решетки поради погрешен профил. Барем надлежните ко што се паметни да дадат можен профил, треба да се доволно паметни и истиот да го прифатат со резерва и да разгледуваат други можни опции. Токму тој затворен видик и слепото водење по профилот на аналитичарите имаат резултирано со (една, но не за занемарување) смртна казна добиена и извршена поради погрешен профил.
    Сериските убијци кои сакаат да оставаат свој потпис/печат на жртвите или сцената се полесни за анализа поради нивната специфичност, а обично и самите, од желба за признание, оставаат информации доволни за да се дојде до посолиден профил. Но, кај еднократни убиства е многу посложено.

    За повеќе информации, ќе ја спомнам пак Solved на ID. Емисија низ која се опишува целиот процес како се доаѓа до разрешување на едно убиство.
    Од серииве кои секојдневно ни се во етер, донекаде објаснување даваат Criminal Minds, The Mentalist, Lie to me и Profiler (постара серија).
     
    На Хоуп* и Luckky им се допаѓа ова.

Сподели: