Простувањето не го менува минатото, но и дава шанса на иднината | Црнобело Форум

Простувањето не го менува минатото, но и дава шанса на иднината

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,770
7,293
1,153
Big Sur
Простувањето не е воопшто лоша работа, првично за своја душа.
Иако бев од тие кога ме пукаа тинејџерски хормони и тоа до кај 22-3 да викам дека никогаш нема да простувам и да заборавам, дека само бришењето и одмаздата се лек, сфатив дека само на себе си правам лошо.
Ако човек воопшто не се менува со годините, тоа не се принципи, туку дека нешто не е во ред со него. Јас на 14, 18, 23 години и сегашната јас се сосема различни личности една од друга и тоа е сосема во ред.
Башка што кога ќе ми текне за какви глупости не сум простувала ко помала, ем ми е смешно, ем ми иде да се упукам директно во слепоочница.

Простувањето себеси е пак друго ниво на шанса за иднината, а можеби и најбитното и најздравото нешто што треба и мора да си го приуштиме во животот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,230
5,748
1,683
Disco
Нема простување, нема заборавање.
Понекогаш, во специфични околности, омразата кон виновниците и кон средината која тоа го допуштила се голем мотив да се продолжи понатаму, да не се падне во апатија.