Простувањето не го менува минатото, но и дава шанса на иднината | Црнобело Форум

Простувањето не го менува минатото, но и дава шанса на иднината

apple-girl

Полноправен Член
6 декември 2012
46
73
18
Битола
Оваа тема ја отворам со цел да споделиме искуства кои ни се имаат случено нас или на наши најблиски, кои проситле некоја одредена работа на одредена личност и со тоа си ја смениле иднина ...
Поставувам едно прашање што мислите дали ако не го заборавите минатото му давате шанса на вашата иднина ?? Сепак дали да простиш значи и да забораваш .. каква е иднината на луѓето кои живеат во горчината на повредата и иднината на оние кои знаат да простат ... Ваши мислења ?
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Well, не значи дека секој заслужува простување.
Вистина е дека доколку простам можеби јас ќе се чувствувам полесно, но..има личности кои тоа простување не го ценат доволно. И после простувањето тие ја прават истата или слична грешка со која повторно можат да не’ повредат.
Што се однесува до мене, знам да простам. Зависи за каква грешка се работи.
Ми се случило да простам и тоа простување да ми зацврсти пријателство, но исто така се случило после тоа простување да се покаам што воопшто сум простила.
И просто почнав да се водам по тоа Да простиш еднаш-тоа е грешка на тој што ја изневерил твојата доверба, но ако простиш втор пат-тоа е твоја грешка. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: S.B., Rosana and apple-girl

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
... што мислите дали ако не го заборавите минатото му давате шанса на вашата иднина ?? ..Сепак дали да простиш значи и да забораваш .

Секако дека иднината доаѓа. Без разлика на тоа дали ќе простиме некому или не, мора да се “ослободиме“ од минатото, од сите лоши спомени. За да бидеш способен да се фокусираш на иднината, не можеш постојано да живееш во минатото. Понекогаш мораш да простиш за да заборавиш, но не значи и дека ако простиш, дека и ќе заборавиш. Едноставно некои работи никогаш не се забораваат.

. каква е иднината на луѓето кои живеат во горчината на повредата и иднината на оние кои знаат да простат ...

Иднината им е претежно исполнета со преиспитување и каење. Поради тоа сметам дека треба на време да се соочиме со сето она што не мачи и да продолжиме со животот, без разлика на тоа колку е тешко. Sometimes we just need to let it go, you know what I mean? One can't live in the future with constant remorse because of what had happened in the past. :)


Од друга страна, пак, големината на човекот е во простувањето.
Простувај и пробај да заборавиш.
Така е најдобро. :)
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
32
Скопје
Оваа тема ја отворам со цел да споделиме искуства кои ни се имаат случено нас или на наши најблиски, кои проситле некоја одредена работа на одредена личност и со тоа си ја смениле иднина ...
Поставувам едно прашање што мислите дали ако не го заборавите минатото му давате шанса на вашата иднина ?? Сепак дали да простиш значи и да забораваш .. каква е иднината на луѓето кои живеат во горчината на повредата и иднината на оние кои знаат да простат ... Ваши мислења ?

прво морам мала замерка во наслов: знам дека си од бт и дека се ви е МУ на вас :rofl ама нека биде
Простувањето не го менува минатото, но И' дава шанса на иднината ..


Сум простила многу ствари ама ништо не е заборавено... Сум сватила дека е боље да простиш и да продолжиш понатаму отколку да тераш инает и да ја чукаш главата во ѕид. Што не мора секогаш да значи дека треба да простиш. Некогаш толку големи грешки се прават што нема простување и продолжување, тогаш единствена опција е да се прекине со контакт и да се одалечиш од тие луѓе што ти згрешиле, како што јас не правам муабет со мајка ми од што ја утнала целосно работата во одгледување на дете... Заклучок од последното, некогаш е и подобро да не простиш и да продолжиш. If you know what I mean... Пошто најчесто само јас си се разбирам во тоа што сакам да кажам. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie

apple-girl

Полноправен Член
6 декември 2012
46
73
18
Битола

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,107
1,133
ако простиш не значи дека си заборавил...простуваме со цел да можеме да ја уживаме иднината, да пробаме да избришиме некои работи кои не измачуваат но се само дел од минатото и таму треба и да останат..зошто да живееме со горчина и гнев во самите себе?....
секој во животот заслужува втора шанса, да му дозволиш да ти докаже и покаже дека тоа навистина заслужува да се прости и дека нема да се повтори...
ако и тоа не оди и се повтори нештото,значи таа личност не знае да те почитува и да ја почитува твојата понизност..
е тогаш тек треба да простиш и да заборавиш на се, зошто таа личност едноставно не заслужува да биде дел од твојот живот ! : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,405
1,532
1,133
29
Најубаво за самиот себе е човек да заборави на повредата,за да не се јаде. За простување,тука е веќе прашање на одлука,која е зависна од тоа каква е повредата. Ако е мала,може,зашто да не,но со ставање до знаење дека не треба да се повторува. Ако е голема,тогаш јас би размислил добро дали би сакал уште едно такво искуство. Ама сепак,има луѓе кои тоа го прават намерно,и ненамерно,затоа некои од нив заслужуваат прошка,а некои не заслужуваат ни здраво,како си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Хоуп*

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Простувам,но не заборавам :| (но не за се)
И тој кој ме повредил ќе му го памтам тоа се додека не му вратам.Знам дека сум лоша де :p .Инаку изневерување,лажење,праење фаци,љубоморење,искористување на ова му ставам ТОЧКА.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,217
753
Има разлика од простување до простување.
На некои личности, да им простиш и да им дадеш втора шанса е исто како да им даваш друг куршум, зошто со првиот те промашиле.
Да простиш зошто другарка ти ти кажала дека имаш клемпави уши, но како да простиш пример кога после 20 години на врата се појави татко ти и ти бара прошка зошто те оставил толку време?
Не секој човек заслужува да му биде простено. За жал, повеќето го сфаќаат тоа како појачување во понатамошното повредување. Ајде овој глуп е што го вртам и така ќе ми прости.
Може ова ме прави лош човек, но не простувам за озбилни работи. Не ризикувам да бидам дупло повредена.
Кога некој еднаш те повредил, големи се шансите да го направи тоа пак.
Преку некои работи не можам да поминам, не можам да заборавам и тоа е. Ќе ти простам што си кажал, но што си направил-никогаш!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Licno taa