1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Просек за во средно

Дискусија во форумот 'Образование' започната од m.i.m.i, 21 јуни 2012.

  1. m.i.m.i

    m.i.m.i Нов член

    Зачленет на:
    21 јуни 2012
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    13
    Може да ми кажете колку поени треба да имаш за во гимназииве во Скопје?
    И како се пресметуваат поените?
    Ваква тема не најдов па затоа отворив и ке ви бидам благодарна ако ми одговороте!:)

     
  2. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    колку имаш ти ? иначе зависи каде сакаш во која гимазија :)
     
  3. m.i.m.i

    m.i.m.i Нов член

    Зачленет на:
    21 јуни 2012
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    13
    Догидана ке одам во средно,ама досега сум била одлична (само сега во седмо имав 2 четворки).
    Сакам во Јосип Броз Тито или Никола Карев.:)
     
  4. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    па немаш гајле ќе си се запишеш каде сакаш и не му ја мисли уште од сеа (само гледај помини одлична и во 8одд):)
     
  5. m.i.m.i

    m.i.m.i Нов член

    Зачленет на:
    21 јуни 2012
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    13
    Па сигурно ке поминам и 8 одлична,но ме интересира ако сакате да ми кажете како се пресметуваат поените?!:)
     
  6. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    4.80 ќе имаш (ако си само со две 4ки):)
     
  7. m.i.m.i

    m.i.m.i Нов член

    Зачленет на:
    21 јуни 2012
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    13
    Фала!:)
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. m.i.m.i

    m.i.m.i Нов член

    Зачленет на:
    21 јуни 2012
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    13
    Уште едно прашање (знам дека сум досадна,повеке не прашувам)
    Дали со 2 четворки можам да се запишам во медицина?
     
  9. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    да зошто да не :)
     
    На m.i.m.i му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Slims

    Slims Активен Член

    Зачленет на:
    19 април 2012
    Мислења:
    192
    Допаѓања:
    177
    Еве ти до детаљ како се пресметуваат поените:

    V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

    Критериуми за избор на учениците се:
     среден успех на ученикот од V - VIII одделение;
     среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
     дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
     средна вредност од поени добиени за поведение.

    Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
    Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.
    За средниот успех од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (средниот успех(=збирот на оценките поделен со бројот на предмети од соодветното одделение) од петто, шесто, седмо и осмо одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
    За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
    За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
    За средна вредност од поените за поведение од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од петто, шесто, седмо и осмо одделение поделен со 4).
    Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
     
    На emzzy, m.i.m.i и JaMi им се допаѓа ова.

Сподели: