Природна помош при настинки

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Земајќи го предвид периодот кој доаѓа и настинките кои веќе силно земаат залет, ја отворам темава со цел на многумина да им се најде во справувањето со болното грло, омалксаноста како резултат на висока температура и слично.
Бактериите како причинители на поголемиот број настинки се третираат со лабораториски добиени антибиотици, меѓутоа со тек на време истите тие бактерии стануваат се порезистентни на антибиотиците кои сите ги пиеме затоа што бактериите нашле начин да се изборат со напаѓачот па затоа настинката често знае да се пролонгира, грлото да не боли подолго, а изнемоштеноста да не не напушта.
Фармацевтската индустрија, докторите и хемичарите секојдневно се трудат да изнајдат нови антибиотици, но забележлив е фактот дека светот повторно се осврнува кон лековитите растенија и старите приоди при лечење на болестите.
Да не должам многу, темава сакам да ни послужи да размениме по некој совет како на природен начин да се справиме со настинките и грипот.
Еве јас сакам да споделам со вас дека пред недела дена користејќи каранфилче се спасив од пиење хемија.
Каранфилче е оној зачинот кој често го додаваме во греано вино, во диво месо и слично.
Јас предложувам при наредната настинка да си набавите каранфилче од некој маркет и да го оставите да отстои во чај или обична вода некои 2 саати за составните компоненти да се екстрахираат во растворот.
Доколку е обична вода ќе забележите дека таа добива темно зелена боја, а доколку е во чај тој значително ќе потемни.
Добро е да испиете 1,5 литри дневно, внесувајќи антибиотик ќе внесете и течности што секако помага дополнително.
Во истава група би ги додала и циметот и анасонот, но докажано водечки природен антибиотик е каранфилчето.
 

laura

Полноправен Член
21 ноември 2012
28
19
8
30
Јас предложувам да пиете чај од нане и да јадете мед. Нането одлично ги смирува воспалените синуси, а медот ја намалува кашлицата и најдобро е да го јадете медот без никаков додаток но може и во комбинација со чај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and parvati

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
3/4 од кафена лажичка ѓумбир, се полива со топла вода и се остава да се олади. Откако ќе се олади се прецедува и се додава лимон и се пие.. 2-3 пати на ден. Многу е супер, го загрева цело тело и многу помага.. Напомена е дека лимонот мора да се додаде откако ќе се олади чајот ( И општо за било кој чај).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Инхалација
Вдишувањето на пареата во тушот, наведнувањето над тенџере со зовриена вода или пак ставање на загреана крпа на лицето го олеснува дишењето, а топлината на лицето дава убаво чувство доколку имате и проблеми со синусите.
Пилешка супа
Една студија од пред десетина години покажа дека пилешката супа има антивоспалителни својства кои ги олеснуваат симптомите на настинката. Проблемот со оваа студија е што не може научно да се поткрепи, бидејќи не постои плацебо за пилешка супа.
Но, дури и ако тоа не е сосема точно, самото јадење на нешто што сте го добивале како дете, ќе направи да се чувствувате добро, а дополнително, ќе внесете доста течности и хранливи материи од зеленчукот.
Витамин Ц
Земањето витамин Ц можеби нема да го спречи настинувањето, но затоа може значително да го намали времетраењето, доколку редовно се зема по разболувањето. Она што е интересно е дека кај луѓето во одлична физичка форма (како што се маратонците), витаминот Ц може да го намали ризикот од настинка и до 50 проценти.
Лук
Постојат студии кои велат дека лукот не само што го намалува ризикот од настинка, туку и го скусува времетраењето на болеста доколку ја добиете. Други студии пак покажале дека ова не може да се докаже. Во секој случај, не може да Ви наштети.
Мед
Медот е најпопуларен кога станува збор за лоши кашлици. Една супена лажица мед пред легнување ги намалува симптомите на кашлање, особено кај децата. Ова е еден од поомилените лекови на децата.
Одмарање и многу течности во топло место
Се чини дека најдобриот лек, особено кога станува збор за децата е да го правите она што лекарите отсекогаш го препорачувале – многу одмарање на каучот, со топол пијалак пред себе. На овој начин му овозможувате на организмот да ја искористи целата енергија во борбата против вирусот, т.е. многу побргу да победи во битката.