Природна маска за коса

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Знаете ли некоја домашна природна маска за коса? Јас сум црвенокоса и бидејќи брзо се губи сјајот, понекогаш правам домашна маска, но оваа што ја правам јас многу тешко се мие од косата.

Се пасираат 3 претходно сварени средно големи моркови, се додаваат 2 лажички мед и 2 лажички јогурт и убаво се промешуваат. Се става на миена коса и се мие, но напоменувам мене ми остануваат мали делчиња и малку ми е зафркнато, но навистина ја освежува бојата. Најчесто ја ставам втората недела после бојадисувањето.

Споделете било каков природен рецепт за домашна маска за коса :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123

А ти помага многу, не паѓа бојата брзо, се забележува ефектот веднаш или ???
Ако се мие тешко, тогаш ти како успеваш да ја измиеш ?
 
littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
А ти помага многу, не паѓа бојата брзо, се забележува ефектот веднаш или ???
Ако се мие тешко, тогаш ти како успеваш да ја измиеш ?

Епа еднаш ја измивам косата убаво и ја чешлам прво со редок, па со поситен чешел, ако забележам уште делчиња, повторно ја мијам и после пак чешлам и ја „продувувам“ со фен.
А да, мене подолго ми стои бојата, ја ставам на втората недела и наместо на 3, на 4 недели ја бојадисувам косата
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Епа еднаш ја измивам косата убаво и ја чешлам прво со редок, па со поситен чешел, ако забележам уште делчиња, повторно ја мијам и после пак чешлам и ја „продувувам“ со фен.
А да, мене подолго ми стои бојата, ја ставам на втората недела и наместо на 3, на 4 недели ја бојадисувам косата
Мене за 2 недели ми паѓа бојата без разлика каква фарба ставам, ама пак си ја трпам некако и за 4 недели ја фарбам.
Многу комплицирана и тешка боја за одржување е црвената, сјај никаков нема косата. :banghead
Колку време треба да стои маската ?
 
littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Мене за 2 недели ми паѓа бојата без разлика каква фарба ставам, ама пак си ја трпам некако и за 4 недели ја фарбам.
Многу комплицирана и тешка боја за одржување е црвената, сјај никаков нема косата. :banghead
Колку време треба да стои маската ?

Па.. околу 10тина минути, нема да издржиш повеќе ќе почне да ти паѓа надолу по лицето..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
ЗА СУВА И ОШТЕТЕНА КОСА

Божествена маска со мед и млеко
  • 1 презреана банана​
  • 5-6 капки бадемово масло​
  • ½ чаша млеко​
  • 1 лажица мед​
Испасирајте ја бананата и кон неа додајте го бадемовото масло. Затоплете го малку млекото, колку за да можете да го растопите медот во него. Млекото со мед додајте го во смесата со бананата и добро промешајте.
Ставете ја приготвената маска на скалпот. Прво масирајте го скалпот, а потоа разнесете ја смесата надолу по прамените. Оставете ја да делува 20-30 минути. На крајот, измијте ја косата со шампон.
Ревитализирачка маска со авокадо и мајонез
  • 1 авокадо​
  • ½ чаша мајонез​
  • 2 лажици маслиново масло​
  • 2 лажици мед​
Испасирајте го авокадото. Додајте ги мајонезот, маслото и медот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја маската на косата и масирајте 2 минути. Потоа, ставете најлонска капа и оставете ја смесата да делува 20 минути. Измијте со млака вода и шампон.
ЗА МРСНА КОСА

Кисела маска за здрав блесок
  • 1/3 чаша јаболков оцет​
  • 1 лажица мед​
  • 10 капки масло од лаванда​
  • сок од еден лимон​
Измешајте ги дадените состојки и мешајте додека не се растопи медот. Навлажнете ја косата (со помош на крпа отстранете ја преголемата влажност) и потоа ставете ја маската на скалпот, па разнесете ја надолу. Оставете ја да делува 20-25 минути и измијте ја косата со шампон.
Јаболкова маска за неверојатно мека и нежна коса
  • 1 ситно рендано јаболко​
  • 2 лажици јаболков оцет​
  • 2 лажици сок од лимон​
Во изренданото јаболко додајте ги оцетот и сокот од лимон и промешајте. Ставете ја смесата на скалпот и нежно масирајте. Разнесете ја маската и надолу кон врвовите, но сепак внимавајте најголем дел да остане на скалпот. Ставете најлонска капа и оставете ја смесата да делува 30 минути, а потоа исплакнете со вода и измијте ја косата со шампон.
ЗА НОРМАЛНА КОСА

Природна маска за сјај и мекост
  • 2 лажици масло од рузмарин​
  • 1 лажица мед​
  • 1 јајце​
Изматете го јајцето и во него додајте ги маслото и медот. Мешајте додека не се соединат. Ставете ја маската на главата и со врвовите на прстите лесно масирајте и разнесете ја смесата по целата коса. Ставете најлонска капа и оставете ја маската да делува 30 минути. Измијте со млака вода и шампон.
Заштитна маска за цврстина и хидратација
  • 4 лажици маслиново масло​
  • 4 лажици мед​
  • 2 белки од јајце​
  • ½ краставица​
Изматете ги двете белки од јајце и во нив изрендајте ја краставицата. Додајте ги маслиновото масло и медот и убаво промешајте. Нанесете ја смесата на главата и полека со прстите разнесете ја низ косата. Ставете најлонска капа и оставете ја маската да стои 30 минути. На крајот, измијте ја косата со шампон.
Против перут: чај од 20 гр мајчина душичка, розмарин и жалфија. Освен бактерицидното делување врз микробите кои ја напаѓаат кожата на главата и предизвикуваат перут, ја активира и циркулацијата на крвта. Лосионот се користи еднаш дневно, се втријува во коренот на косата, а свеж лосион се прави секоја недела.
Исто, и чај од целеров корен за против перут.

- Витамински пакет за уморна коса: јогурт и изрендана лимонова кора. Се држи 15-20 мин.
За плакнење, може да се употреби малку ломонов сок во последната вода или чај од розмарин.

- За јакнење на косата: во малку топла вода се раствара лажичка мед и меколку капки јаболков оцет. Се втријува и се држи 10 мин, после убаво се мие косата.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ова не е маска, ама е едноставен начин кој јас го практикувам извесно време, за мека и сјајна коса.
Се што треба е бадемово масло и ситен чешел.

Масирајте го скалпот со бадемовото масло и нанесете на врвовите од косата.
Оставете да делува некои 20 мин потоа измијте ја косата со шампон секако и така мокра, расчешлајте ја со обичен чешел, а потоа чешлајте ја со ситно чешле околу 10 - 15 мин зависи колку сте расположени :D
Пак измијте ја уште еднаш со шампон.
Толку.

Ова кога ми го кажаа ми беше најискрено смешно, ама арно рекле лекот е пет пари ама кој го знае.
Косата е мека, делува како пеглана, лелеава...