Приоритети наспроти Carpe Diem

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
...или правење план наспроти хедонизам.
Во кратки црти, дали сте личност од принципи, дали се повинувате на моментите или се трудите свесно да ги изградите вашите ставови? Секогаш разумот во преден план? Или се водите на претчувството/интуицијата? Две многу слични теми. Продолжете...
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Зависи во ситуација, сепак сум личност што оди напред со претчувство, што е некогаш лоша работа, не дека не сакам да сум хедонист, ама НЕ и дека правам планови.
Затоа што, правејќи планови обично очекувам премногу од нештата, да течат баш според мојот план, а јас секогаш си велам да очекувам најмалку, поради тоа што и да изгубам нешто, нема да бидам многу изненадена :)
Сепак некогаш се доаѓа до ситуација каде што, кога ќе размислам подобро, боље со разум, отколку со моето улаво срце :D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не правам планови, т.е. престанав да правам планови од проста причина што понекогаш моите планови не се остваруваа не поради факторот јас, туку поради х личности или фактори и се разочарав често. Вака ми е многу подобро. Не правам никакви планови, се` ми е спонтано, немам никакви очекувања па ништо што ќе се случи не ме повредува. Секогаш оставам моментите да одлучуваат насока на движење, наместо некои мои планови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
За непотребни работи не си го умарам мозокот и не се препуштам на интуиција за големи работи... Се си е испланирано и добро размислено пред да е кажано или направено. А за игри на среќа терам со интуиција и победувам!
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Не правам долгорочни и големи планови. Сакам разумно да постапувам и најчесто си ги преиспитувам мислите , ставовите , односно знам да бидам самокритична. Прифаќам критики и совети доколку доаѓаат од луѓе кои ми значат. Меѓутоа има моменти кога и верувам на интуицијата и сакам да се опуштам . Мојата природа е таква што сум прилично брз човек , мислам брз на збор и брзо реагирам на одредени дразби. Токму затоа како стареам така се учам на контрола, одмереност, и многу повеќе анализирање. Инаку генерално сум реалист и немам очекувања и неможам да мислам однапред за многу работи.