Приказна без почеток и крај...

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Сега знам, јас сум обична. После мојата смрт нема знамиња да се веат на пола копје, ниту пак документарен филм за мојот живот нема да биде снимен под трогателен наслов.Иако се надевав на тоа, никогаш нема да се случи. Јас како и сите други ќе талкам во една вечност, да, колку и да звучи страшно, загушливо, безвременско сепак е непроменливо. Дали сакам моите мисли и чувства да талкаат низ вечноста барајќи одговори на многу неодговорени прашања? Се плашам, искрено се плашам од моментот кога ќе морам да се соочам со себе, со своите одлуки, со целиот свој живот. Која ќе биде утехата за направените грешки? Бев човек кој греши и се кае? Не! затоа што длабоко во себе не се каам за тие проклети грешки. Одсекогаш сум го следела срцето, тоа ми кажуваше што да правам, но повеќе тоа не чука, тоа не е тука за да се одбрани. Да повредам? Никогаш! Но дали тоа го правев? Да , и тоа многу често. Тогаш зошто велам никогаш? До пред некое време бев сигурна дека сум добра личност, но сега, повеќе не се чувствувам така. Се повредувам , се горам, се жигосувам, но болката се уште не е доволна. Ах тие наречници кои ме посетиле на точно третиот ден од моето раѓање, која судбина ми ја скроиле. Најлесно е нив да ги обвинам, зошто ме направиле хм, па јас не ни знам каква сум. Која иронија е да не се познаваш самиот себеси, а си осуден да живееш во таа кожа, таа материја која те стега, ограничува. Дали сакам да избегам, да напуштам и да почнам од почеток, САКАМ! Но кој почеток, тој одамна заврши, се сеќавам точно во кој момент завршив и јас заедно со него. Сите овие чувства , мисли, совести, неможат да се заборават, од нив не се бега. Се молам да се залепени само за срцето и умот, за да престанат заедно со последното отчукување и со последната мисла, а потоа душата спокојно да продолжи да талка барајќи подобар материјал за да се всели во него.
Животот е составен од почеток и крај, раѓање и умирање, но просторот меѓу тие два екстрема , тој празен простор го полниме ние со сите наши доблести, маани, правилни и грешни работи, солзи , љубов, страдање , страст, копнеж, и се додека ги правиме овие работи ние сме живи,ние постоиме, и ние значиме некому и некој ни значи нас. Работите никогаш, ама баш никогаш не се такви какви што ги гледаме, секогаш има нешто невидливо, неопипливо што се крие внатре. Не судете ги луѓето околу вас плашејќи се тие први да не ве осудат. И тие како и вас, се плашат, и тие како и вас имаат тајни убави и лоши, имаат и причини добри и лоши, и последици лесни и тешки. Оваа приказна нема ниту почеток ниту крај, оваа приказна има живот, а вие пронајдете го животот и зграпчетего, не чекајте тој да е зграпчи и зароби вас.
Со светот да владеете е лесно, но со себе, ех тука е вистинската тежина , сите се стремат кон тоа а многу малку успеваат!