Знам за АМС дека голема е шансата да купите боф`л роба. Да речеме Лап топ со Интел Атом по цена од Intel Dual core. Истотака Цела конфигурација со матична плоча која не ја поддржува истата. Или пак режач кој откажал послушност после 6тиот месец. Да не зборам за свежокупен компјутер со јака конфигурација и додаток бед сектори.
Тоа е за АМС.
За Сет знам имало пофалби и поплаки. Но далеку е од АМС. Имало една случка кај што купувачи им бил подметнат ЛЦД телевизор од излог во повторно отворена кутија и така лошо спакуван. Треба да се има 4 очи отворено сепак.
За Анхоч знам дека има 2 маани. Едната е дека се скапи, другата е дека сервисот им работи исклучиво за нивна роба. Но знам и тоа дека 4 дена чекав да ми го поправат мониторот (CRT) додека за кај АМС добри 2 недели за еден проклет рам.
Едит:
Компјутеров што го имам веќе 4 години го зедов од Info store (кај Олимписки), досеа најдобра зделка за 15 тисуќи добив куќиште со 1 GB ram, 512 графичка, 2 GHz... Досеа имаше една мала интервенција поради вирус, уште ден денес цепа. Ама тоа е среќа...