Препишување | Црнобело Форум

Препишување

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Сте препишувале ли?
На тестови, на испити, на писмени..?
Од кого или од што?
Во основно, во средно, на факултет?
Ве фаќале или сте успешни на тоа поле?
Или вие сте од оние кои чесно си учат и оцените им се чесно заработени?
Што мислите за препишувачите?
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,053
1,183
Само македонски составите ги препишувам, зашто има по 4 теми и не се учат на памет сите, нели? До сега не ме фатиле, па и да не ме фанат. :) Усно си знам и тестови, пробелем писмените.
Исто и биологија препишував во 8мо на 2 теста и во средно на 1.
Другото чесно си го учам.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luisana12 and The Tramp

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
394
686
1,103
за тоа препишување сум купил специјално нов мобилнен бидејки само така можев најлесно да препишам... Иначе да сум препишувал од колеги, ливчиња, скрипта. Ми текнува една интересна случка кога одам на испит дрво, не знам ништо и препишувам од еден колега, ми ги кажувашр одговорите и на крај извадив една оценка повисока од него... Од тогач ми се налути и не ме оставаше да препишувам од него, бегаше како вампир од кромид од мене.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abe CreP

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,632
113
Македонија
Некаде сум препишувал некаде не, зависи од предметот и професорот..иначе во средно ме имаат фатено 2,3 пати а на факултет ниеднаш не ме фатија :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,932
743
Само македонски составите ги препишувам, зашто има по 4 теми и не се учат на памет сите, нели? До сега не ме фатиле, па и да не ме фанат. :) Усно си знам и тестови, пробелем писмените.
Исто и биологија препишував во 8мо на 2 теста и во средно на 1.
Другото чесно си го учам.:)

Исто и јас македонски дека ме мрзеше си принтав од Википедија и разни страни, во последна клупа бев така да ни еднаш не сум бил фатен. :D Еднаш за малце тргна накај мене, а јас не можев да ги наместам листовите и викам: Професоре имате пенкало моето престана да пишува и се врати назад на катедрата за да ми даде. :D
 

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Предметите што не ме интересираат не ги учам и на тестови препишувам. А математика и англиски секогаш од мене препишуваат. Не дека професорите не знаат или не гледат, ама до сеа јавно ме немат опоменато :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Foxboro

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Прашање е кој нема препишувано.. :D
Македонски, математика, физика, хемија, ехее, по скоро сите предмети.. и никој никогаш ме нема фатено. Или ми гледаат низ прсти, или пак навистина сум махер за препишување :D
 

AnneBoleyn

Активен Член
14 февруари 2012
144
192
43
In Chuck Bass' bedroom
Ех, камо да знаев да препишувам, многу полесен ќе ми беше животот.
Ама не знам.
Еднаш у средно пробав математика, изнапишав формули на рака, многу беа. И кога на писмената, професорката на хамер ни ги стави пред нас, ми ги виде рацете и ми се изнасмеа. Бруки. :sram

На факс не пазеа многу и малку кога бевме ми беше срам да ме фатат. И пошто сум малер не ми се ризикуваше. :sram
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca and The Tramp

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
не сум препишувал бидеки не знаев како се обидов еднаш ама ме фати професорката по физика (имав чуство дека сите ме гледаат хахахахахахах):D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,053
1,183
Исто и јас македонски дека ме мрзеше си принтав од Википедија и разни страни, во последна клупа бев така да ни еднаш не сум бил фатен. :D Еднаш за малце тргна накај мене, а јас не можев да ги наместам листовите и викам: Професоре имате пенкало моето престана да пишува и се врати назад на катедрата за да ми даде. :D
Jас во прва клупа седам, ливчето под столот или во скутот. До 8мо не ни се потпишуваа па од дома напишано и само сменам кога не ме гледат. :angel
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi