Прекари

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Eве неколку, битолски, а може да додадете секогаш нови кон колекцијава:
Распусто - оти бил роден на 10-ти јуни
Индексо - единствениот циган запишан на факултет
Сантимо - оти бил висок 199cm, па му фалел сантим до 2 метри
Цане Кокошката - оти пилиња печел пред кафаната, и од шо го завикале цане кокошката ги тргнал пилињата
Чуднио - нема објаснување за прекаро, едноставно така треба да биди!
Паца ТолчиГаз - оти нон стоп седела на камен пред куќа
Абето - оти до трето одделение вршел нужда седејќи на нокшир пред телевизор (заб. прев. абе=нокшир)
Сатаро,мачорот,сакс... - истото дете е ова! и на крајот од шо имал баеги прекари...РАНДОМО го завикаа!!
Наиме - го прашале: „како да те викаме тебе на прекар? Цела маала има прекари.“ - одговорил: „Неќам прекар, сакам наиме да ме викате.“ и така НАИМЕ го завикале!
Рингла - на персоната можело комотно цело тенџере за ајвар да му стои на главата
Нитрото - оти црногорец е детето и "екстремно е брзо"

Кои се најинтересните прекари што ги имате слушнато...?
 

Maks

Староседелец
Во Штип како град изобилуваме со еден куп забегани прекари.
Не случајно луѓето од овде ние ги знаеме како ги викаат, а не по нивно правилно име.
Еве за почеток групирани прекари кој ке ги напишам без имиња и објаснување.

Прекар по Храна:
Еклеро, Зелката, Тулумбата, Тиквата.

Прекар по Животни:
Зајако, Желката, Вуко, Комарецо, Атомска мравка, Гуската, Фоката, Змијата, Хиената, Кобрата(инспектор е), Чавката.

Национални прекари:
Германецо, Американецо, Босанецо, Бугарино, Словенецо, Јапонецо.

Малку чудни прекари:
Убишката, Картало, Димишката, Бонавена, Блек, Пуфката, Кангало, Стапо, Бомбата, Бојцата, Чешело, Чуки, Таки, Мамли, Плешката, Пакосо, Мрцката, Пелтеко, Кормилото, Шизико, Дурмишо, Лавеци.
Мојот прекар Макс:D

Понатаму ако дознаам некое ке пишам пак:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Чадоро - многу плукал кога зборел
Пајката - куси нозе
Гремлино - имал големи уши
Странскио - бил на печалба
Дивио - возел такси долго време
Левисо - имал споени веѓи
Добитнио - многу 'фаќал' в кладилница
Шверцеро - продавал телефони во основно
Ламбе - се стрижел скроз
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
ХАХАХАХАХАХАХАХХАХАХА јаки прекари :)))))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Рафал - фаќа на р
Дубак - ко дубак бил
Дивјак - ко дивјак бил
Ушле - ушите големи му биле
Шуруп - шшшшкал
Зулуф - зулуфите долги му биле
Кубик - дебел бил
Стап - висок бил
Клабер - бил во филм на клабер
Заложник - не го пуштале од дома

Има уште сигурно, ама не ми текнува сеа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

TheFrisb

Староседелец
3 март 2012
97
161
1,043
Во друга галаксија :)
Eве неколку, битолски, а може да додадете секогаш нови кон колекцијава:
Распусто - оти бил роден на 10-ти јуни
Индексо - единствениот циган запишан на факултет
Сантимо - оти бил висок 199cm, па му фалел сантим до 2 метри
Цане Кокошката - оти пилиња печел пред кафаната, и од шо го завикале цане кокошката ги тргнал пилињата
Чуднио - нема објаснување за прекаро, едноставно така треба да биди!
Паца ТолчиГаз - оти нон стоп седела на камен пред куќа
Абето - оти до трето одделение вршел нужда седејќи на нокшир пред телевизор (заб. прев. абе=нокшир)
Сатаро,мачорот,сакс... - истото дете е ова! и на крајот од шо имал баеги прекари...РАНДОМО го завикаа!!
Наиме - го прашале: „како да те викаме тебе на прекар? Цела маала има прекари.“ - одговорил: „Неќам прекар, сакам наиме да ме викате.“ и така НАИМЕ го завикале!
Рингла - на персоната можело комотно цело тенџере за ајвар да му стои на главата
Нитрото - оти црногорец е детето и "екстремно е брзо"

Кои се најинтересните прекари што ги имате слушнато...?
леле не ми излеват од глава хахахахах
 

КрисТина К.

Истакнат Член
2 март 2012
527
1,654
393
Скопје
Ќошо - оти Ивица се вика
Џогеро - висок, слаб со виткана коса
Лагата - имал куси нозе
Ќор - оти на сите му викаше: Кај си Саша?
Коцката - оти многу бил по коцкањето
Школскио - бил роден на 1 септември
Флоре - љубоницата му се викала Флорида
Финио - оти отишол на поседок кај брачедите во Финска
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MaNemoj

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
  • Ми се допаѓа
Реакции: КрисТина К.