Предлози за серии | Црнобело Форум

Предлози за серии

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
Ќе ја изгледате во еден здив!

Баш ѝ се мислев на оваа, ми стои неколку дена на вачлист. Значи вреди да се види. :D

Кога веќе сум тука, како полабава серија би ја препорачала Dollface (2020).
Ми се допаѓа пошто нема никакво мозгање, а е доловена на несекојдневен начин.
Приказната се врти околу секојдневниот живот на различните карактери кои се обидуваат да се пронајдат себе и да станат подобри. Некој не знае да се снајде после долга врска, друг не знае да се справи со ниската самодоверба, трет со реалноста ко резултат на чувањето во стаклено ѕвоно, но сите се некако поврзани и си помагаат едни на други.
Може е малку повеќе за женски, но не боли, 10 епизоди од по 30 минути се.
Актерската екипа ми се допаѓа. Баш сум фан на Кет Денингс и ептен ми е интересна во глумата, тука е и Шеј Мичел од Мали Прекрасни Лажливки, Бренда Сонг, па тук-таму и Метју Греј Гублер (Спенсер Рид од Криминални Умови).
Од мене има фина 8,5 и надеж дека втората сезона ќе ја разработат уште подобро.
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
70
318
Мене од филмските серии најмногу мерак ми направи The 100 . Добар е распоредот на настаните и интересна е целата таа приказна во која се сретнуваат различни карактери.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
70
318
1. Malcolm in the middle
2. Devils Throat
3. Castle
4. 9-1-1 Lone Star
5. Rookie Blue
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
Нетфликс некогаш знае да изненади со интересни серии, некогаш па ми иде да им пишам дали се океј со мозокот...
Како и да е, имам предлог две нови серии што ми се допаднаа.

Clickbait (2021)
После жестока кавга, маж исчезнува за нареден ден да осамне видео со него каде признава дека злоставува жени и ќе биде убиен кога видеото ќе собере 5 милиони прегледи.
Кратка серија од 8 епизоди што предупредува за опасностите на социјалните медиуми и апликациите за дејтање.
Не е онаа типична приказна за bullying и ширење тинејџерски лаги, па тинејџеров ќе сече вени, па после другиве ќе се срамат од направеното, туку навистина ми се допадна како секоја епизода обработува различен лик инволвиран во животот на главниот „виновник“.

Brand New Cherry Flavor (2021)
Уште една мини серија што уште ја немам догледано, но засега делува многу мрдната.
Некаде во фиктивни 90-ти, млада девојка оди во Холивуд да си ја проба среќата ко режисер. Но, алчен, пропаднат режисер има други планови за нејзиниот филм/идеја, па ѝ ги краде авторските права. Тука почнува заплеткана хорор приказна со магии и одмазда.
Ми се допаѓа како е снимана серијата, искрено. Епизодите не се предолги и нема досадни моменти.
Ќе видам што ќе испадне на крајот, па може ќе сменам мислење. Засега ми се допаѓа.
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
70
318
Бележникот на професорот Мишковиќ е една од сериите која ми остави добар впечаток . Посебно ако некој е љубител на филмови со паранормални активности. Го задржа моето внимание до последната епизода од првата сезона, едвај очекувам да снимат и втора сезона. Искрено се надевам дека ќе има и втора сезона.
MV5BZDk5NDVkNTktNTU0NC00OThiLTg3NDEtMzg0MGUxN2JiYzFlXkEyXkFqcGdeQXVyOTQ4ODkyNTk@._V1_.jpg
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
Леле, леле, леле.
Имам две. Одамна не сум гледала нешто така фино.

KATLA (2021) е исландска серија која сигурно ќе се допадне на оние на кои им се допаднала Dark.
Имено, уште од 16-17-ти век постоела легенда за локалниот вулкан (Катла) дека крие некакви мистериозни минерали во себе кои, после негово еруптирање, имаат моќ да ги вратат мртвите. Но, тоа би било убава вест доколку тие мртви не носат со себе тон несакани последици за живите.
Одлична серија. Нема никакво брзо дејство или премногу натрупани информации, па е лесна за гледање, но задржува внимание сосема.

Втората ја почнав сношти, се вика Archive 81 и можам да кажам дека ооодамна не сум гледала така добра хорор серија.
Изгледав досега само две епизоди (од 8), па досегашниот впечаток ми е Eyes Wide Shut meets Memento (така минимално, не ми текнува друг филм за споредба).
Талентиран реставратор на стари и оштетени видео ленти добива понуда од 100.000 долари од компанија за која треба да среди неколку видео снимки од 90-тите. Додека на почеток личи ко одлична понуда за лесна пара, тој полека почнува да се вплеткува во светот на култови, тајни и самиот живот на девојката од касетите.
Предобра значи! Сега ќе ѕирнам уште една епизода пред спиење.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
Inventing Anna

Каква серија, каква одлична глума.
Базирана на вистинската приказна за Ана Сорокина, попозната како Ана Делви - девојката која успеала да ја измами њујоршката елита дека припаѓа таму, а за малку ќе ја измамела и една од појаките банки на Вол Стрит за кредит од 22 милиони евра. Во серијата е 40 милиони, ама сепак... Скромно. :zelen
Спомнато е дека серијата е преувеличена, ама е сепак преинтересна за гледање.

Која глумица е новинарката, леле. Ме заинтересира да ја најдам пошто е природно преубава жена.
1648412260437.png


И после видов која е уствари.
1648411971068.png
Очите ми имаат истекувано на филмов ко дете.