Предвремено породување (искуства и совети)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Тема која можеби за некои е малку непријатна и болна за разговор, но многу битна за да се растури онаа стигма дека предвреме родено бебе ќе има компликации во животот или има многу мали шанси за преживување.
За жал, некогаш може да има и непосакуван исход (што може да го има и ако дотераме до крај на терминот), но фактите и статистиката велат дека бебиња што се најрано родени од/во 26-та недела од бременоста (тоа се 6 месеци), имаат 80% шанси за преживување, додека тој процент се зголемува повеќе со секоја недела плус.

Искуство имам од прва рака, но не да сум мајката, туку сум предвремено родена, некаде 31-ва недела и никогаш не сум имала проблеми во развојот, освен што веднаш сум закачила жолтица, па морало останатите 5-6 недели да ги прележам во инкубатор (и нема да лажам, тогаш било критично). Како и да е, откако поминала опасноста, не сум имала ништо посебно, доста сум закачувала настинки и грипови дури да стекнам имунитет ко и секое дете, но толку е. Израсната и развиена сум сосема нормално т.е. сум и доста повисока од просекот, а за интелектуално не сакам да се фалам да не биде ми умрела циганката. :D

Го споделувам ова пошто многу значи кога човек знае дека не е сам. Раснејќи во доцни 90-ти и рани 2000-ти, мене ми беше нормално што сум родена тогаш, секако дека врска немав дека постојат гестациски недели и што и како се дешава, ама до кај 5-то одделение имаше некои соученици што ме потпрашуваа за тоа (не знам ни како сме дошле до тој муабет) и веројатно пренесувале по дома, по што добивав ко некакво сожалување измешано со страв од нивна страна, мислиш цицам крв од доносени деца за да останам жива и да не се познава дека сум фрик. :zelen
Убаво е што денес имаме пристап до сите информации и е полесно за учење, само уште да сакавме да посетуваме повеќе сајтови од Фејсбук и Јутуб за шабански песни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider